13.8 C
Скопје
24/04/2025 07:15
МАКТЕЛ

     

Долг е списокот на корумпирани што замижувале пред „шупата“

      

Кочанското обвинителство отвори истрага за вкупно 34 лица, од кои седуммина се полицајци, а три се правни лица. Осомничени се дека во периодот од 2012 година, кога првпат почнала да функционира „дискотеката на смртта“, со верижни пропусти и незаконити дејствија воопшто не постапиле според прописите за заштита и се одговорни дека на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани изгореа 59 лица, меѓу кои и шест малолетни, а со тешки повреди се уште 197 лица од кои 25 деца. Ова го соопшти и републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој кажа дека за цел период Општината примала уплати врз основа на надоместок за угостителски објект. На денот на трагедијата, сопственикот, потоа продавачот на влезници и обезбедувањето, според Обвинителството, овозможиле во дискотеката таа вечер да влезат околу 650 посетители, помеѓу кои имало најмалку 31 дете.

Љупчо Коцевски/фото Слободен Печат/слободан Ѓуриќ
– Еден од осомничените продавал билети без да води сметка за бројот и возраста на гостите што смеат да присуствуваат, спротивно на Законот за угостителска дејност, овозможувајќи влез и присуство и на малолетни лица на настанот. Тие не спречиле во дискотеката да се внесат пиротехнички фонтани што беа употребени на настапот, иако за тоа дејствие немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства, ниту просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства – соопшти Коцевски.

За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на групата ДНК. Меѓу уапсените е и сопственикот и управител на фирмата за обезбедување од Скопје, како и овластеното лице на подружницата на оваа фирма во Кочани. Неофицијално, станува збор за Агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

– Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2:32 часот, како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани што исфрлале искри во правец на плафонот над сцената, од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект. Во однос на пропустите на обезбедувањето, осомничени се сопственикот и управител на фирмата за обезбедување од Скопје, овластеното лице на подружницата во Кочани, тројца вработени и едно лице што не било вработено во фирмата, но вршело одредени работи за таа фирма. Сите тие вршеле работи на физичко обезбедување, без каква било претходна безбедносна процена и план за обезбедување, без да ги проверат условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, како и другите сигурносни услови, особено во однос на опасности и можности за евакуација. Во текот на критичната вечер, не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот и не спречиле внес и користење експлозивни материи -пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот и поради кои настанала несреќата во објектот – изјави Коцевски.

   

Првоосомничен е Дејан Јованов Деко, кој е закупец на објектот каде што е лоциран клубот, реален сопственик и носител на целата дејност. Заедно со него се осомничени и две други одговорни лица, сосопственици или управители во извесен период во правното лице, чија подружница е клубот, односно на компанијата „ММММ кафе“.

Основниот проект изготвен уште во 2010 година

Според Обвинителството, Јованов за фалсификуваната лиценца му дал пари на вработен во Министерството за економија за да му издаде лиценца за период од 13 февруари 2024 година до 13 февруари 2025 година за кабаре, иако не ги исполнувал условите. Основниот проект како услов за отпочнување со работа на каберето на Јованов, му го изготвила сопственичка и управителка на осомничено правно лице од Кочани уште во 2010 година. На барање на осомничениот сопственик, иако знаела дека не постоеле законски услови објектот да биде пренаменет од категорија лесна индустрија во објект што врши угостителска дејност кабаре, сепак му изготвила проект и со него сопственикот од 2012 година до 2023 година во континуитет добивал лиценци за вршење угостителска дејност. Во 2023 година тој ѝ се обратил на осомничената за да изврши корекција на основниот проект, а таа, без да изврши проверки на терен, незаконски извршила промена на правните лица во основниот проект и со тоа овозможила кабарето да поднесува барања за лиценца.

– Од Министерството за економија до овој момент се осомничени поранешен министер, но и поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на Одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството, но на други раководни позиции. Сите тие со неизвршување на своите службени должности што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на осомниченото правно лице кое не ги исполнувало пропишаните услови и начин за вршење угостителска дејност, во повеќе наврати со лиценци му овозможиле вршење угостителска дејност – рече Коцевски.

Осомничени се и двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и  тројца инспектори затоа што ниту еднаш од 2020 до трагедијата не влегле и не извршиле контрола на нелегалната дискотека за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови, наведени во барањето за лиценца за кабаре и другите пропишани услови според закон.

Приведени и тројца градоначалници на Кочани

Тројца градоначалници – Ратко ДимитровскиНиколчо Илијевски и Љупчо Папазов – кои го воделе Кочани во периодот додека функционирала „дискотеката на смртта“, ја надополнија листата на осомничени што биле дел од корумпираниот систем што уби 59 млади луѓе. Во нивно време, дискотеката што надлежните ја нарекоа „шупа“, од 2012 година функционирала непречено и никој од нив не ја затворил.

Градоначалници на Кочани / Фото-колаж: Слободен печат

По трагедијата се цитираа многу правила и прописи што не ги почитувала дискотеката, но и без да се знаат законите, во градот сите знаеле за клубот, сите полицајци, не само од градот, сите вработени по општинските институции што требало да ги спроведуваат законите и „големците“ од сите партии. Градоначалниците по дефиниција треба да знаат кои угостителски објекти на нивната територија имаат дозвола за работа, особено објектите од типот на кабареа, како „Пулс“ во конкретниот случај, а угостителот е должен пред да почне со работа да ги извести и Државниот пазарен инспекторат и општината.

Димитровски ја водел Општината од 2009 до 2017 година, а пред да биде приведен завчеравечер, сподели податок, според кој во времето кога тој бил градоначалник, Општина Кочани до Државниот пазарен инспекторат упатила барање за неиздавање лиценца за дискотека на Дејан Јованов ДОО Класик ДМ. Димитровски е бизнисмен и сопственик на печатницата „Европа 92“, а беше еден од осомничените и во случајот „Поштенска банка“. Тој во политиката е долги години – од 2008 до 2012 година беше пратеник, но беше и меѓу донаторите на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата фирма во времето кога премиер беше Никола Груевски доби неколку државни тендери, меѓу кои и тој за „1.050 книги“. Само во периодот од 2013 до 2017 година, печатницата „Европа 92“ чиј и управител бил Димитровски, склучила договори во вредност од над 700.000 евра. Димитровски на чело на Општината во 2017 година беше наследен од Николчо Илијев, предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ. И Илијев е приватен стопанственик, основач и управител на текстилната компанија „ИНТ“ од Кочани, а бил раководител и на неколку претпријатија, меѓу кои и на Винка АД Виница. Папазов, кој поднесе оставка по катастрофата во „Пулс“, исто така имал фирми. Како заеднички имот пријавил и друштво за ограничена одговорност – ДОО „Флакда“, а на име на децата – Друштво ДООЕЛ „Фламинго“.

Полицијацие во притвор, началниците на слобода

Иако во притвор завршија седуммина полицајци, одговорност сè уште нема за седумтемина началници што ги разреши министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Засега Тошковски не гледа вина кај нив, иако кажа дека полицајците што биле вечерта во дискотеката спроведувале оперативен план, односно биле во лов на малолетници.

– Ниту началникот на ОВР Кочани, ниту началникот на СВР Штип не се дел од лицата што биле предмет на распит, а точно е дека во рамките на МВР, Одделот за внатрешна контрола врши темелна анализа на фактичката состојба што е поврзана со кривично-правниот настан. Очекувајте во текот на наредните денови да ги споделиме сите поврзани информации со она што ќе биде утврдено од Одделот за внатрешна контрола – рече Тошковски, но вели дека истрагата нема да запре тука и сите инволвирани во трагедијата на директен и индиректен начин ќе одговараат.

  

Најново

Силниот земјотрес го „разбуди“ Мраморното Море

Sase Ivanovski

Песков за „Ле Поинт“: Мир е можен доколку Киев се повлече од териториите под руска контрола

Sase Ivanovski

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Sase Ivanovski

Карлос Сантана итно префрлен во болница

Sase Ivanovski

Бела куќа: Зеленски се движи во погрешна насока во однос на мировните преговори

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа на „Рекорд“, дошле екипи на Итната помош

Sase Ivanovski

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Sase Ivanovski

ММФ: Глобалниот јавен долг може да стане двојно поголем од вредноста на сите произведени стоки и услуги

Sase Ivanovski

Ивановиќ: Ако петтемина пратеници на Таравари ја напуштат власта, не би направиле потрес

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Моментот кога се обидоа да го апсат Додик во источно Сараево

Sase Ivanovski

Снопче: Кога Мицкоски ќе каже дека местото на Алијанса не е во Владата, ние веднаш ќе излеземе

Sase Ivanovski

На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот, директорот вели дека не доаѓале на работа

Sase Ivanovski

ЕУ не се откажува од партнерството со САД

Sase Ivanovski

Тензии во источно Сараево – тешко вооружени специјалци го чуваат Додик од апсење

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Проектираниот раст од 3,7 oтсто е реален

Sase Ivanovski

Норвешка туристка фрапирана од лошите услови во скопската Зоолошка градина

Sase Ivanovski

Ние ќе одлучиме кога ќе му ставиме крај на насилството, вели Вучиќ

Sase Ivanovski

Стотици македонски знамиња развиени во Тирана како дел од „Неделата на македонската култура“

Sase Ivanovski

Насилник од скопско ја нападнал сопругата со тврд предмет

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали се води хајка против градоначалникот на Карпош?

Sase Ivanovski

Филипините четири дена ќе жалат за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

Над 6.200 вработени во МВР денеска добиле бонус-плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАМАВИЗИЈА EП07 – Камилоска: Сакаме трето дете, и јас и Павле сме од многудетни семејства

Sase Ivanovski

Германец ќе оди во затвор 32 месеци поради неонацистички текстови на рок-музика

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со Камп, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Sase Ivanovski

Од утре ќе биде затворена една лента од автопатот на влезот во Тетово

Sase Ivanovski

Трамп го нападна Зеленски за ставот околу Крим: „Заврши ја работата, ќе ја изгубиш цела држава“

Sase Ivanovski

Евролигата го урна рекордот по гледаност: Партизан на врвот, Црвена звезда на второто место

Sase Ivanovski

Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски би било кршење на меѓународното право

Sase Ivanovski

Курти: Дадовме оставка, но нема да дозволиме институционален вакуум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелската војска нападна училиште во Газа, над 10 луѓе загинаа

Sase Ivanovski

Германија и Европа преплавени со кокаин

Sase Ivanovski

Почина затвореник од штипскиот затвор

Sase Ivanovski

Грк пријавил украден автомобил, го оставил 20 дена паркиран во Мичурин

Sase Ivanovski

Тони Михаловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, ја распнавте културата

Sase Ivanovski

Обвинителството отвори предмет за неправилен третман на пепелта од РЕК Битола

Sase Ivanovski

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

Sase Ivanovski

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Sase Ivanovski

Девет загинати и десетици повредени во руски напад врз автобус во Украина

Sase Ivanovski

Трамп најави можен пресврт при изјава дека царините за Кина „ќе се намалат значително“

Sase Ivanovski

Царината спречи обид за шверц на парфеми од Дубаи

Sase Ivanovski

Скопјанец ќе одговара за демнење, три месеци ја следел неговата поранешна сопруга и психички ја вознемирувал

Sase Ivanovski

Во тек е акција на Јавното обвинителство и МВР за кривични дела сторени на штета на ФЗО

Sase Ivanovski

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла

Sase Ivanovski

Телото на папата Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Sase Ivanovski

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија ќе се одржи во петок

Sase Ivanovski

Панел-дискусија по повод 30 годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Sase Ivanovski

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Денес остварив средба со министерот за економија и извоз на Велика Британија Герет Томас

Sase Ivanovski

СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВУЧИЌ Дали бил употребен звучен топ?

Sase Ivanovski

ЕВЕ ЗОШТО РУБИО ГО НЕМА ВО ЛОНДОН Го налутила изјавата на Зеленски за Крим

Sase Ivanovski

ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА СО КВАЛИТЕТЕН ЌОТЕК СЕ ИЗНУДЕНИ ИСКАЗИ ПРОТИВ НЕГО „Нарачаната пресуда се темели на едно фалсификат видео и на два трагично смешни искази“, вели Палевски

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА ОД ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ Е ДОЛГА ЕДНА СТРАНИЧКА Кој ќе се откаже од територии во мировните преговори?

Sase Ivanovski

Палевски-Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Sase Ivanovski

Фетаи: Алијанса за Албанците на Таравари останува во владиниот тим, работата во извршната власт продолжува нормално

Sase Ivanovski

Абас: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Sase Ivanovski

Од страв скокнале од височина – Над 150 луѓе повредени во земјотресот во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат

Sase Ivanovski

Јакимовски: Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

Sase Ivanovski

Трендафилов: Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, не е време за пиво и скара, туку за борба за работнички права

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

Sase Ivanovski

Меџити: Владините институции континуирано преземаат мерки против загадување на воздухот

Sase Ivanovski

 Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” – Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Sase Ivanovski

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС повикуваше да го смениме Уставот за да се гордееме, со објаснување дека нема да има нови блокади – ќе се извинат ли сега?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на капитални проекти, директни странски инвестиции и раст на економијата, на одржлив начин ќе продолжат да растат сите плати

Sase Ivanovski

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

Sase Ivanovski

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

Sase Ivanovski

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Sase Ivanovski

До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?

Sase Ivanovski

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Sase Ivanovski

Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Кривична пријава за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....