26.8 C
Скопје
03/05/2025 12:06
МАКТЕЛ

     

ДОНАЦИИТЕ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ НЕ СЕ ОДАНОЧУВААТ На сметките на Црвен крст легнаа 1,96 милиони евра

      

Црвениот крст до почетокот на април изврши две исплати на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Во двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000 денари од донираните пари.

Парите коишто семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани ги добиваат како донација немаат обврска да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП) и за нив да платат данок на личен доход. Не се оданочуваат ниту износите кои граѓаните ги уплатуваат како донација во Црвениот крст или директно на сметките на семејствата, велат од Управата за јавни приходи, откако во јавноста се прошири информација дека за донираните пари семејствата и граѓаните ќе треба да платат персонален данок. Нема точен износ на досега донираните пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

   

Според страницата на Црвениот крст, преку оваа хуманитарна организација се собрани 1,96 милиони евра, но донации директно до семејствата се реализираат преку интернет платформа создадена за таа целкако и посебни фондации формирани за таа цел. Се организираат и културни, спортски и други настани со цел да се обезбедат пари за семејствата. Притоа донираат граѓани, фирми невладини организации и здруженија. Црвениот крст до почетокот на април изврши две исплати на пари на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјава. Во двата трансфера вкупно се исплатени 60.850.000 денари од донираните пари.

Донациите се регулирани со посебен закон за донации, кој треба да овозможи да нема манипулации со овие пари како од организациите кои се формирани за хуманитарни цели, така и од фирмите и здруженијата. Донацијата може да се даде во: жирални пари, финансиски средства, теледавања и организирани настани за прибирање на средства, секаков вид добра и услуги, вклучувајќи и материјални добра, сопствено произведени или набавени, и други преносни права. Според законот, граѓаните донатори не плаќаат персонален данок на парите кои ги уплатиле како донација, но фирмите подлежат на данок. Но и граѓаните и фирмите кои дале донација на Црвен крст или друга регистрирана хуманитарна организација можат да користат даночно ослободување.

– Физичко лице кое донира финансиски средства на правно лице според одредбите од Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, a врз основа на договорот за донација, има право на намалување на пресметан, а неплатен персонален данок на доход или враќање на платен персонален данок на доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава во висина на донацијата, но не повеќе од 20% од износот на неговиот годишен данок на личен доход, а најмногу до 24.000 денари – велат од Управата за јавни приходи. За да го оствари ова право граѓанинот кој донирал пари кон годишната даночна пријава доставува копија од договорот за донација, копија од решението донесено од Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата, писмена потврда за примена донација, како и доказ за уплатата на парите.

Јавниот интерес на дадената донација, по поднесено барање за потврдување на јавен интерес од страна на давателот или примателот на донацијата, го потврдува Министерството за правда, кое издава решение со кое го потврдува јавниот интерес на дадената донација. Фирмите, пак, кои донирале пари на посебни сметки на Црвениот крст или други регистрирани хуманитарни здруженија, можат да користат ослободување од данокот на добивка, но за да го добијат тоа ослободување треба да потпишат договор во писмена форма и да докажат пред Управата за јавни приходи дека уплатиле одреден износ за донација. Кога се донира во здружение или фондација која е основана за конкретна финансиска поддршка во врска со јавен интерес утврден со закон, може да не се склучува договор во писмена форма.

– Притоа, како основ за даночно поттикнување (признаен расход) ќе се смета извршената уплата на финансиски средства на посебна трансакциска сметка на примателот на донацијата за таа намена, од моментот на упис во регистарот на здружение или фондација согласно со закон до конечното остварување на јавниот интерес за кој се дава конкретна финансиска поддршка – појаснуваат од УЈП. Доколку правното лице (фирми, здруженија …) дале донација во хуманитарна организација и не спровеле постапка за потврда на јавниот интерес на донацијата согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, во тој случај трошоците за дадената донација не се сметаат за признат расход и подлежат на оданочување со данок на добивка.

– Во тој случај, за износот на направените трошоци, друштвото-давател на донацијата треба да ја зголеми даночната основа за данокот на добивка во ДБ за соодветната година во која е направено донирањето – велат од УЈП. Донирањето на пари на сметката на Црвен крст од страна на правни лица (фирми) не претставува промет согласно одредбите на Законот за данокот на додадена вредност и на донираните парични средства немаат обврска да пресметаат и платат данок на додадена вредност. Дадените донации односно трошоците за донации кон Црвениот крст кои се направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, им се признаваат како расход во даночниот биланс за соодветната година, до 5% од вкупниот приход остварен во годината според Законот за данокот на добивка.

– За остварување на ова даночно поттикнување потребно е правното лице-давател на донацијата и примателот на донацијата (Црвен крст на РСМ) да изготват извештај за дадената и за добиената донација, кој заедно со Договорот за донацијата задолжително се доставуваат до УЈП, најдоцна 30 дена од денот на исполнувањето на договорот, за цели на користење на предвидените даночни поттикнувања согласно Законот за донации односно на Законот за данокот на добивка – велат од УЈП. Во случај кога Црвен крст ќе даде донација во вид на парични средства на физички лица по претходно спроведена постапката согласно Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, нема обврска да пресмета и плати данок на личен доход.

– Доколку, пак, не е спроведена постапката согласно со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, правното лице – Црвен крст за донираните средства, има обврска согласно член 71 од Законот за данокот на личен доход, да пресмета, пријави и плати данок на личен доход по даночна стапка од 10%. За пресметка на данокот на личен доход, исплатувачот е должен до Управата за јавни приходи, да поднесе електронска аконтативна пресметка – велат од Управата за јавни приходи. Досега државата како првична помош издвои 30 милиони денари за помош на семејствата и одлучи да ги покрие сите трошоци на семејствата на настраданите кои се лекуваат во странство.

  

Најново

Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Атанасовски: Од дете на протерани предци од егејот до успешен живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најемотивното интервју во животот на Елена Ристеска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Елена Ристеска: Не сакав да видам маж по разводот, но сега мислам поинаку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нешто Конкретно-Елена Ристеска: Ако фатам помлад дечко ќе речат види ја бабава!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski
Вчитувам....