МАКТЕЛ

     

До кога ќе наседнуваме на евтините бугарски сценарија?

      

Претепувањето не е нешто што може да се брани веќе во цивилизирана Европа и за ова што се случи сторителите мора да одговараат

 

Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов.

   

 

 

По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската комисија, на Софија конечно ѝ дадовме „ас во ракавот“, со кој уште непочнати, може да ги блокира повторно нашите преговори во ЕУ: Палење на клубот „Ванчо Михајлов“, три напади на клубот во Охрид, од кои еден со огнено оружје и претепување сега на Христијан Пендиков, а никој за сето ова не одговарал до моментов, па дури и се слават и се бранат таквите насилства како да е Македонија Див Запад.

 

 

Колку и да се бараат изговори од наша страна (дека бил дилер, должел 500 евра…), претепувањето не е нешто што може да се брани веќе во цивилизирана држава и за ова што се случи сторителите мора да одговараат. Она што е посебна тема за анализа е фактот дека социјалните мрежи кај нас се полни со лелекања од понижените и навредените од страна на Бугарија, иако ние претепавме Бугарин (?), а не тие наш.

Што треба да се случи по овој настан, па конечно ние во Македонија да не се гледаме себеси на губитничката и понижената страна на границата и да престанеме сами да си ја опструираме иднината во Европската унија? Може ли да тепаш и пак да бидеш жртва, очекувајќи дека некој во Европа ќе има разбирање за ваквиот однос, затоа што некои луѓе имаат неприфатливи ставови во однос на битните прашања за нас? До кога ќе наседнуваме на евтините сценарија на бугарската политика, што се исти и не се сменија веќе шест децении, па со вакви насилства да им даваме сила во Софија да бараат нови отстапки од нас во Брисел?

 

На три места скршена вилица, скршени ребра и потрес на мозок – не е нешто за што не се одговара ни во Тунгузија, а тие што ја бранат оваа „кауза“ не ѝ прават добро на Македонија. Не е нормално, исто така, да се жалиш постојано дека си понижуван и онеправдуван, а самиот да си ја понижуваш, навредуваш и со тоа да си ја ставаш во подредена позиција сопствената држава. Тоа се случува кај нас со упорното припишување антимакедонска позиција на министерот за надворешни работи Бујар Османи, со тезите за „бугарско-бујарско“ сценарио и со плукањето по сите потези на актуелната влада во однос на ова прашање, преставувајќи ја целата политика во моментов како предавство, понижување, капитулација и лигавење.

Јавниот крик да продолжи вербалната војна со Бугарија исто така силно одекнува на социјалните мрежи, иако е јасно дека ќе биде на наша штета и во интерес на тоа што го посакува Софија во моментов. Практично, отпорот кон францускиот предлог се враќа на голема врата на политичката сцена, бидејќи некому тоа очигледно му одговара во моментов, кога на јавноста во Македонија се уште не и е јасно дали добива или губи со него на патот кон ЕУ. Најпоразително е сепак сознанието дека поради јавната хистерија и водењето од емоции, а не разум, Македонија е ставена во позиција да може да изгуби сѐ што доби со меѓународните напори да се реши спорот. И, да потклекне пред провокациите од Бугарија,  држава во која со месеци не можат да изберат влада, која стана синоним за корупција и има претседател што „плива“ спротивно на целата Европска унија во спорот со Русија. Таквата ослабната и понижена Бугарија доби аргументи да го активира својот национализам на најјако, закажувајќи вонредна расправа во парламентот, повикувајќи го на консултации својот амбасадор, барајќи да се укине законот за здруженија кај нас и праќајќи службен авион за да спасува македонски државјанин, за кој не е ни јасно дали е воопшто со бугарско потекло или добил желба да се почувствува така од егзистенцијални причини.

Ако сите навредени и понижени во Македонија од вакви провокации и однесувања почнат физички да се пресметуваат и остануваат неказнети, нужно се поставува прашањето – што е следното? Колку и да изгледаат нереално бугарските пораки дека, ако институциите (па и партиите) не го запрат ова улично барање на правдата, можно е да има и убиени Бугари, состојбата на Пендиков оди во прилог на таквите стравувања. И притоа реално е да се очекува дека на следните избори кај нас оваа тема може да стане клучна, со неа да се покриваат другите непријатни промашувања на политиката и на тој засилен антибугарски национализам да се прави инстант рејтинг во државата.

Тие, пак, што се повикуваат на зборовите „ви рековме“ кога се усвојуваше францускиот предлог за преговорите и за односите со Бугарија – не ја открија Америка. На сите ни е јасно дека Бугарија нема да престане со провокациите, но ние треба да се надминеме себеси и да најдеме за нив системски решенија, како на пример тоа со здруженијата на Бугарите и најавата дека сите бугарски политичари што нѐ навредуваат и понижуваат, нема да можат повторно да доаѓаат во Македонија. Место да се опседнуваме со фашизоидните ликови како Ангел Џамбаски, напротив, треба да ги искористиме нивните провокации за да ја јакнеме нашата позиција во ЕУ. Зашто, провокациите од Бугарија ќе се засилуваат сѐ повеќе, а нам ни е важно што ќе мислат за тоа во Брисел, во Берлин, во Париз и во Вашингтон. И колку и да звучи парадоксално, колку повеќе нѐ провоцираат и навредуваат од Софија, толку подобро ќе биде за нас, ако не наседнуваме како сега или активно не им помагаме, поради разно-разни фрустрации или скриени политички интереси.

   

Најново

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski
Вчитувам....