26.8 C
Скопје
01/06/2025 18:12
МАКТЕЛ

     

Драган Јовев: Бележиме пораст на домашниот и на регионалниот пазар

      

Компанијата „Еуроимпекс“ го започнува своето работење во 1990 година сосема скромно, како мала трговска фирма со само тројца вработени. По осамостојувањето на Македонија, „Еуроимпекс“ е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила. А денес зборуваме за регионален застапник за два сериозни автомобилски бренда: Peugeot и Opel, кои „Еуроимпекс“ ги претставува на пет пазари во регионот: Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора, со тим кој брои повеќе од 150 вработени.

Во интервју за Instore, продукт-менаџерот Драган Јовев, кој има дваесетгодишно искуство во продажбата на возилата Opel, ни открива повеќе за предизвиците со кои компанијата се соочува на домашниот и регионалниот пазар.

   

Разговараше: Петар Чаушевски, [email protected]

Како регионален увозник за Peugeot и Opel, кажете ни нешто повеќе за специфичностите на пазарите во регионот? 

Двата бренда што ги застапуваме, Peugeot и Opel, ги претставуваме во регион кој брои повеќе од 17 милиони жители. Секој пазар носи своја специфика која произлегува од менталитетот, очекувањата и навиките на населението, но и од потребите на компаниите. На пример, во Македонија сѐ уште во поголем број се продаваат возила со мануелен менувач, во споредба со Албанија и Косово, каде што повеќето клиенти се одлучуваат за автомобил со автоматски менувач. Во Албанија, пак, регистрираме раст во побарувачката на електрични автомобили. Начинот на купување нов компаниски автомобил во Србија е во поголем процент на лизинг (финансиски/оперативен) за разлика од Македонија, каде што сѐ уште преовладува навиката да се поседува автомобилот. Сепак, заедничка карактеристика за сите пазари во регионот е исклучителната ценовна сензитивност и слаба отпорност кон националните и регионални случувања (избори, нестабилности, па сѐ до шпекулации) кои значително влијаат врз побарувачката на автомобили.

Заедничка карактеристика за сите пазари во регионот е исклучителната ценовна сензитивност и слаба отпорност кон националните и регионалните случувања.

 Колку сте задоволни од продажбата на возила покрај фактот што во изминатите четири години автомобилската индустрија беше на удар на економската криза?

Во изминатиот период кризите се менуваа редоследно предизвикани од различни причинители: најпрво беше ковид-пандемијата, која остави драматични последици врз пазарите, потоа следуваше недостигот на компоненти и чипови, проследено со логистички предизвици кои предизвикаа одолжување на многу испораки на долг период, воени дејствија и економска криза. Наша водилка во целиот овој период беше во најбрз можен рок да ги прифатиме нештата и да се адаптираме на сите тие случувања врз кои немаме влијание, најдобро што умееме. Нашиот транспарентен и искрен пристап кон нашите клиенти и соработници ни овозможи да ја задржиме нивната доверба и на овој начин да ги надминеме успешно сите овие предизвици.

Зборувајќи од перспектива на брендот Opel, оваа година бележиме пораст на пазарниот удел, како во целиот регион така и во нашата земја. Во Македонија во првите 8 месеци имаме пораст на продажбата за 1,9% пазарен удел споредено со истиот период минатата година. Нашето портфолио на бизнис-клиенти е постојaно во пораст, а исто така расте и бројот на купувачи кои се физички лица. Анализите јасно укажуваат на еден позитивен бран кој владее на нашиот пазар оваа година споредено со минатата година, кој резултира со зголемени набавки и обнова на возните паркови на компаниите и рентакар-компании, но, што особено нѐ радува, и на физичките лица.

Автомобилот Opel Corsa годинава беше избран за најпосакуван градски автомобил. Што го прави посебен овој модел на автомобил?

“Yes of Corsa”, Opel Corsa го доби признанието „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија на истоимениот национален избор организиран од страна на неколку реномирани македонски автомобилски медиуми. Ова ни донесе голема гордост, со оглед на тоа што на овој избор гласаа публиката и јавноста во нашата земја, а не жири-комисија. Corsa е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен “detox”, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Corsa доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска “Opel Vizor” ја интегрира најдобрата Intelli-lux Matrix технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Opel Corsa навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година во B-сегментот Corsa е на втората позиција со 15,6% удел во сегментот.

Нашето портфолио на бизнис-клиенти е постoјaно во пораст, а исто така расте и бројот на купувачи што се физички лица.

Кои од вашите возила се најпродавани на македонскиот пазар и дали за купувачите е пресудна цената или перформансите на возилото?

Како ценовно сензитивен пазар, кај клиентот секако дека цената игра голема улога. Но, генерално кога се купува возило, клиентот сака да добие најмногу за своите пари. Се придава значење на секој поединечен елемент: дизајнот, бојата, чувството при возење, па сѐ до моќноста на моторот, опременоста, дополнителните опции итн. Доколку се работи за физичко лице, целиот погоре наведен микс на елементи влијае врз позитивна одлука, а доколку станува збор за компаниска набавка, изборот се базира на цената, економичноста и сервисната достапност.

На македонскиот пазар, од опеловата гама, најпродавани патнички модели освен моделот Corsa се Аstra и Crossland, како и патничката верзија на Vivaro Combi за превоз на 8+1 патници. Кај товарните модели се издвојува моделот Opel Combo во ван и комбинирана верзија за поврат на ДДВ.

 На пазарот сѐ повеќе места заземаат електричните возила, каква е вашата понуда на овој тип возила и каков е интересот кај македонските купувачи за нив?

Нема никаква двојба дека иднината ќе биде електрична и македонскиот граѓанин го препознава овој факт. Интересот за електрични возила од година на година е сѐ поизразен. Ограничувачкиот фактор – недоволно развиена инфраструктура на јавни полначи – клиентите го надминуваат со инсталирање сопствени полначи во своите компании или домовите, чија дневна динамика е во градското подрачје, убедени во исплатливоста на инвестицијата. Како дел од заложбата на Opel до 2028 да биде целосно електричен – во овој момент секој модел од патничката и товарна гама има своја електрифицирана верзија. На овој факт сме особено горди, што врз основа на „Stella” платформите нудиме една мултиенергетска понуда почнувајќи од мотори со внатрешно согорување, преку хибридни, plug-in хибридни и 100% електрични верзии, како и погон на хидроген. Дополнително, значајно е да се истакне дека електричните верзии од моделите на Opel изгледаат идентично како и верзиите со мотор на внатрешно согорување, а товарните модели пак имаат идентична носивост и волумен.

 Колку увозот на половни возила во државава влијае врз продажбата на нови возила?

Ова прашање е неисцрпна тема на разговор. Секако дека увозот има сериозно влијание врз продажбата на нови возила. Сето тоа првенствено произлегува од куповната моќ на населението, но и од други фактори… Со колегите од автомобилскиот сектор често се присетуваме на времињата кога македонскиот пазар на нови автомобили беше поголем од 17.000 нови возила годишно… По економската криза што настапи во 2008-2009 година, пазарот на нови возила во нашата земја доживеа тектонски промени и беше драматично намален. Сепак, во изминатите години нашите граѓани наидоа на многу непријатни моменти при користењето половни возила увезени од европските земји. Сега се многу повнимателни, ги согледуваат реалните фактори и се бараат користени возила купени во Македонија и сервисирани во овластен сервис или доколку се во можност, избираат да набават ново возило на одложен начин…

Како ја оценувате состојбата со автомобилската индустрија во земјава и каде го гледате потенцијалот за нејзин развој?

За првите осум месеци од оваа година, автомобилскиот пазар има значителен пораст од +45%. Растот се должи првенствено на потребите за компаниски и флотни набавки, зголемениот обем на набавките од страна на рентакар-компаниите и неколку поголеми тендерски набавки, но исто така се забележува пораст и кај B2C каналот на продажба. Согласно анализите, потенцијалот на нашиот, а и пошироко на пазарот во регионот, се огледа во B2B каналот. Зголемувањето на конкуренцијата во делот на лизинг-компаниите на нашиот пазар ги подобри условите на купување возило на одложен начин и дополнително позитивно влијае врз продажбата. Еколошкиот момент, исто така, е значаен, сѐ повеќе компании бараат електрифицирани модели и најсовремена технологија. Но, за да се поместиме во таа насока, неопходни се поддршка и развој на функционална мрежа на полначи.  

Какви новитети може да очекуваме во следниот период од Opel?

Ни претстои возбудлива 2025 година, која за Opel ќе биде година на сосема нови модели. Активни ќе бидеме со обновената гама на товарните модели, а ќе ги претставиме и новата Opel Frontera базирана на “Smart Car” платформата, која припаѓа во B-SUV сегментот, и втората генерација на новиот Opel Grandland, кој припаѓа во C-SUV сегментот. Двата нови модела содржат паметно конципирана понуда на пакети на опременост, многу повеќе внатрешен простор и хибридна изведба. Тие совршено ќе ја комплетираат нашата понуда во најбрзорастечките SUV сегменти на пазарот.

   

Најново

Без струја утре на неколку локации во Карпош и Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

(Видео) Илиевски: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија

Sase Ivanovski

Tрапановски: Подготвен сум да го дадам најдоброто, тактичката подготвеност ќе биде најважна со Белгија

Sase Ivanovski

Уапсена тинејџерка од Гостивар, полицијата пронашла пиштол во нејзиното возило

Sase Ivanovski

Вреди: Хаосот кој го предизвикува Арсовска е плод на соработката на ДУИ со Левица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска „лае“ по Мицкоски, од ДУИ во тишина си ја завршуваат работата

Sase Ivanovski

Арсовска со реакција на изјавата на Мицкоски: Срам сте вие, не гордост

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако градоначалничката добива закани по живот, ја охрабрувам веднаш да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Полицијата за два дена лиши од слобода осум возачи за „безобѕирно“ возење

Sase Ivanovski

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штитат началник на СВР Штип

Sase Ivanovski

По деветти пат низ Скопје ќе се „вози право“: поради трката попладнево посебен режим на сообраќај

Sase Ivanovski

За една година 461 тужба за каснување од кучиња, најмногу искасани во Аеродром

Sase Ivanovski

Во јули ќе се знае кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ против Нори ќе игра за историја – може да запише уште една „стотка“!

Sase Ivanovski

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski
Вчитувам....