Дугин се осврнува на познатиот шкотски антрополог Џејмс Фрејзер, кој во својата книга „Златната гранка“ пишува дека домородците од одредено племе му ја дале сета моќ на својот поглавар да ги спаси од сушата и да повика дожд, но кога тоа не успеало – му го откорнале стомакот!
Имено, Дугин напиша: „На владетелот му даваме апсолутна моќ и власт за да нѐ спаси сите нас – народот, државата, народот, граѓаните – во критичен момент. Така тој заклучува: „Но, ако не може да нѐ спаси, тогаш е предодреден да биде „крал на дождот“! Дугин се осврнува на познатиот шкотски антрополог Џејмс Фрејзер, кој во својата книга „Златната гранка“ пишува дека домородците од одредено племе му ја дале сета моќ на својот поглавар да ги спаси од сушата и да повика дожд, но кога тоа не успеало – му го откорнале стомакот!“.
Му се одмаздува ли Дугин на Путин за неговата ќерка или можеби е ова секојдневна пресметка меѓу руските националисти и оние кои се „за“ Путин?
Независниот политиколог Андреј Пионтковски вели дека аналогијата во изјавата на Дугин е сосем јасна. Според Дугин, Путин добил токму таква „доверба“ од племенските припадници – да ја добие војната. Но, како што стојат работите, тој можеби нема да може да го постигне тоа, па го чека судбината на „кралот на дождот“, вели Пионтковски за ТВ Униан.
Дугин во својот пост на Телеграм нуди решение и спас од евентуалниот пораз во војната. Тој пишува дека „наш последен ресурс е идеологијата. Само руската идеја може да нѐ спаси. Само тоа“, пишува Дугин и продолжува дека „техничките средства повеќе не се доволни за победа во војната“. Според овој водечки идеолог на рускиот големодржавен национализам, „руската идеологија има одговорност да ги заштити руските градови како Херсон, Доњецк и Симферопол“.
Дугин вели дека рускиот пораз во војната може да доведе до „нуклеарен армагедон“.
„Тоа не е предавство, тоа е чекор кон Армагедон. Условите што би ни ги наметнал победничкиот Запад, тој сатана на цивилизацијата, на никој начин не се прифатливи за Москва. Значи, она што останува е тактичко нуклеарно оружје или стратешко нуклеарно оружје. Тоа е – крајот!“ апокалиптично заклучува Дугин.
Во постот Дугин не го обвинува генералот Сергеј Суровкин за повлекувањето од Херсон, велејќи дека „Суровикин е одговорен само за техничката страна на бојното поле и не е одговорен за политичките одлуки“.
Меѓутоа, по неколку часа, очигледно под притисок, Дугин ја отстранил својата објава за вината на Путин за „падот на Херсон.