Секоја приказна има почеток и крај така да мојата приказна започна на 6 Август 2017 а крајот и дојде денес 10 Март 2023. Едно убаво животно искуство како директор во Агенција за управување со одземен имот , со еден прекрасен тим за работа со кој се направија енормни резултати, а за една институција дали напреднала или не може да зборуваат само БРОЈКИ
Денес извршив примопредавање на функцијата со новиот директор г-дин Дритон Небиу, од кој се надевам дека ке продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси бидејќи пред се оставам еден прекрасен ТИМ на вработени за работа кои всушност се двигателот на оваа институција и сум бескрајно благодарен за нивната пожртвуваност и нивната доверба кои ја имаа во мене и моите идеи…За успесите и резултатите на Агенцијата како што и претходно кажав, мерило се само бројките, а ние како тим ги имавме многу повеќе и од било која поставена НОРМА и не би редел затоа што се многу и ризикувам да го изгубам мојот лет за Болоња
Голема благодарност до екс премиерот Зоран Заев кој ми ја даде таа чест да бидам директор на оваа институција,голема благодарност и до премиерот Димитар Ковачевски кој ми овозможи да го завршам мојот пет годишен мандат. Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години , а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси
Најголемо БЛАГОДАРАМ за моето семејство кое ме истрпи сите овие изминати години,кои беа единствената жртва на мојот денешен УСПЕХ
Ве сакам Енгин,Сара,Сухер,Исмета
ИЗВИНЕТЕ МЕ !!!!