02/07/2025 06:11
МАКТЕЛ

   

Една пекара за две недели работа испушта во атмосферата повеќе штетни органски соединениа отколку една современа асфалтна база за цела година работа, односно една бензинска пумпа за пет месеци испушта повеќе толуен во атмосферата

      

Приватната сопственост и правото на деловните луѓе да работат непречено во услови кога нивниот ангажман не се коси со законските прописи и прифатените општествени норми, треба да биде светост во секое развиено општество, кое претендира да има и солиден економски развој. Но, во земјава не секогаш е така. Дел од приватните бизнис субјекти се соочуваат со сериозни проблеми, и се спречени да почнат да градат сопствен објект, и покрај тоа што за тоа ги имаат извадено сите потребни документи согласно законските прописи. Таков проблем има компанијата „Топ Билд“, која иако ги има сите потребни дозволи, уште од мај годинава не може да стартува со изградбата на својот објект, во кој планираат да инсталираат нова и најсовремена постројка за производство на рециклиран асфалт.

Сопственик на компанијата „Топ Билд“ е Радоман Дамјановиќ. Всушност, тој во интервју за Фактор прецизно објасни со какви проблеми се соочила неговата компанија, а од што најдобро се гледа зошто треба да се подобри деловната клима во нашата држава. Инаку, „Топ Билд“ е домашна градежна компанија која се занимава со нискоградба, а нејзин главен фокус се асфалтерските работи.

   

„Компанијата постои подолг период, а седум години се занимава со асфалтерската дејност, претходно приоритетна дејност беа надзорни активности, а работеше и во градежништво. Јас сум сопственик на компанијата веќе шест години. Брои преку 30 вработени. Имаме приходи од околу пет милиони евра годишно, а профитабилноста се движи некаде меѓу 10 и 20 проценти, што зависи од годината, или бруто добивката е од половина до еден милион евра годишно, инвестиравме пет милиони евра во најсовремена механизација“, објаснува Дамјановиќ.

Можете ли попрецизно да ни објасните со каков проблем се соочивте?

Дамјановиќ: Искрено жалам што наместо да дискутираме за унапредувањето во заштитата на животната средина, како и унапредувањето на економијата и производството во целина со што би се унапредило квалитетното живеење и стандард на граѓаните, ние мора да браниме еден современ еколошки производствен проект и со самото тоа ги одобруваме сите оние чинители кои дополнително не уназадуваат како општество. Ние како компанија почнавме инвестиција, со намера на пазарот да донесеме нова и напредна технологија, која е пракса во развиените држави. Станува збор за најсовремена и еколошка постројка за производство на рециклиран асфалт. Тоа значи дека асфалтот кој е дотраен и кој се отстранува од нашите патишта, се преобработува со постројката, и повторно се враќа, односно се користи. Таа постројка влијае индиректно на заштита на животната средина, бидејќи е значително намалена потребата да се користи материјал кој се експлоатира од минералните суровини. Таму запрашувањето е многу поголемо и влијае на животната средина, односно се користат материјали кои се експлоатираат од рудниците, и при минирањето и дробењето има процес на запрашување, додека при производството на рециклиран асфалт тоа е еден затворен процес, каде што буквално нема никакво запрашување.

Значи вие ја купивте опремата, и сакавте да ја инсталирате во производствен погон во земјава, а за која цел купивте и земјиште?

Дамјановиќ: Тоа е целосна постројка од производителот Marini од Alfonsine во Италија, кој е реномиран производител за овие постројки. Ја набавивме и увезовме опремата во државава. Треба да напоменеме дека купувањето на таа опрема е целосно финансирано со кредит од домашна деловна банка, која финансира исклучиво еколошки проекти, и доколку тие не беа уверени согласно протоколите кои ги имаат во банката, немаше да ни одобрат финасирање на таа опрема.

Колку ве чинеше оваа инвестиција? 

Дамјановиќ: Некаде околу еден и пол милиони евра чини само опремата до овој момент. Иако, ние тука имаме многу дополнителни инвестиции од аспект на градежни работи, дополнителна опрема што треба да се набави, соларни панели, земјиште…

Каде го купивте земјиштето?

Дамјановиќ: Земјиште купивме во општина Чучер Сандево, од приватна компанија која го поседуваше, и тоа земјиште согласно имотниот лист кој ни го покажаа, беше со намена Г2. Согласно важечкиот правилник за урбанистичко планирање, главната намена на Г2 е за инсталирање и изградба на лесна и незагадлива индустрија, каде што прва поднамена, Г2.1. е изградба и монтажа на постројки за производство на асфалт и бетон, или поедноставно асфалтни и бетонски бази. Потоа, за да се стекнеме со одобрение за градба, согласно сите закони и правилници, ние бевме обврзани да прибавиме дополнителна документација, каде што се изјаснуваа повеќе институции, и сите дадоа позитивно мислење. Така се остварија условите да добиеме правосилно одобрение за градба кое го поседуваме. Тоа вклучува решение за одобрен елаборат за животна средина од Министерството за животна средина, кое е клучно за ваков тип на постројки, потоа Водовод и канализација, комуналните претпријатија кои што се изјаснуваат од аспект на инфраструктура, ЕВН, локалното комунално претпријатие, како и Управата за цивилно воздухопловство, бидејќи во непосредна близина таму е аеродромот Стенковец. И од таму имаме добиено позитивно мислење дека оваа постројка и опрема, и со тој проект каков што го приложивме, нема да има никакво влијание на аеродромот.

Бидејќи ги имавте сите потребни документи, кога стартуваше изградбата?

Дамјановиќ: Бидејќи правосилното одобрение за градба го добивме кон крајот на април годинава, изградбата стартуваше на 28 мај, по што веднаш направивме организација и ги известивме надлежните институции согласно условите пропишани во одобрението, го оградивме градилиштето согласно закон и почнавме со изведба на работите. Во истиот момент, неколку часа подоцна, од страна на Здружението на стопанственици од индустриска зона Визебегово, ни беше блокирана изградбата.

Зошто, каде точно се наоѓа тоа земјиште?

Дамјановиќ: Локацијата се наоѓа точно на самата обиколница во општина Чучер Сандево, во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец. Аеродромот Стенковец е на северната страна од обиколницата, а нашиот имот е на јужната страна. Значи самата обиколница е граница меѓу нив.

А колкаво е тоа земјиште?

Дамјановиќ: Имотот е околу 5.000 метри квадратни, а објектот за производство на асфалт што тука го поставуваме зафаќа површина помалку од 1.000 метри квадратни. Земјиштето го купивме по цена од 60 евра за метар квадратен плус ДДВ, бидејќи го купивме од приватна компанија, односно од компанијата „Виа маркетинг зони“.

Значи, ги добивате сите потребни дозволи и на 28 мај почнувате да градите?

Дамјановиќ: Да, согласно правосилно одобрение за градба кое го поседуваме. Веднаш по почетокот на работите се појавија претставници од Здружението, каде што влегуваат неколку компании од зоната Визбегово. Треба да се напомене дека против нашата постројка не се сите компании што работат во таа зона, туку само неколку субјекти, кои со мобилизација на свои вработени дојдоа и го блокираа пристапот, и оневозможија нашата опрема, машини и луѓе да излегуваат и да влегуваат во објектот, со што ја попречија градбата и не попречија во владение. И за сето тоа многу лесно можат да се најдат докази бидејќи сето тоа се одвиваше и во присуство на медиумите.

Би ни откриле ли кои се тие компании кои се предводници на овие активности кои ве попречуваат да работите?

Дамјановиќ: Ние сме запознаени дека еден од нив е сопственикот на компанијата „Polyesterday“, друга компанија е „Темпо 99“, кои се непосредни соседи до нашата парцела, тоа е господинот Џеват Шаини, потоа господинот Нухи Алиу од „Еуроактива“, Фатмир Емини од „Евтинија Импекс“, и генерално, тоа се најгласните компании. Едно време таму го гледавме и професорот Таип Јакупи, за кого мислам дека предава на бизнис академијата Смилевски. Со нив претходно имавме средба, во оној момент кога тие добија информација дека ние сме го купиле тоа земјиште и дека имаме намера да изградиме асфалтна база. Тогаш на нивно барање остваривме средба и нашата цел беше да ги осигураме дека не станува збор за никакво загрозување на нивната средина и дека нема никаква опасност по нивното здравје, бидејќи станува збор за современа опрема која има пракса и се користи во сите развиени западни држави. Тие не веруваа во тоа и се соочивме со спротивставување, и изнесување невистини и небулози, каде што тврдеа и се уште тврдат дека асфалтот е канцероген, тоа е лага со цел да предизвикаат паника кај населението провоцирајќи ги нивните лични чуства на осетлива тема без аргументи.

Една пекара за две недели работа испушта во атмосферата повеќе штетни органски соединениа отколку една современа асфалтна база за цела година работа, односно една бензинска пумпа за пет месеци испушта повеќе толуен во атмосферата. Излегуваа повеќе пати во јавноста и сите работи кои ги изнесоа досега се груби невистини. Освен една работа, а тоа беше едно истражување, каде доставиа студија од некој институт за здравје од Њу Џерси, САД, каде што во насловот беше подвлечено дека асфалтот е опасен, за во самиот текст да стои дека асфалтот не е идентификуван како канцероген, и тоа е единствена вистина досега, која е спротивна на сите нивни претходни тврдења. Значи, пласираа невистини дека асфалтот е канцероген, пласираа невистини дека елаборатот кој е изработен од стручна компанија ангажирана од наша страна содржи податоци кои се фингирани, и тоа е груба невистина, бидејќи тој елаборат содржи податоци кои се сертификати издадени од самиот производител.

Друга невистина што ја кажаа е дека земјиштето не е за намена за изградба на асфалтна база. И кога самите после долго истражување и прибавување на документација веројатно увидоа дека сите нивни тврдења се невистини и неосновани, тогаш посегнаа на друг начин да ја девастираат компанијата и да го уништуваат нејзиниот имиџ, и да не обвинуваат за незаконско работење за добиен тендер во општина Чучер Сандево, каде исто така изнесоа еден куп невистини. Со самото тоа потврдија дека нив воопшто не им е грижа ниту за животната средина, ниту им пречи базата што ќе биде во нивна непосредна близина, туку тие застапуваат некои други интереси, со кои некој има намера да ја ограничи лојалната конкуренцијата, односно да го елиминира „Топ Билд“ на пазарот.

Во кого се сомневате? 

Дамјановиќ: Не можам да кажам бидејќи немам потврдени податоци.

А која ви е конкуренцијата во тој бизнис?

Дамјановиќ: За делот каде што не обвинуваат, ние прв пат се јавивме во таа општина и го добивме тој договор во 2023 година, треба да се истражи системот за јавни набавки и да се види кој се претходно таму учествувал и кој ги извршувал работите, и можеби тоа ќе биде показател кому му пречи конкуренцијата. Инаку, повеќе компании работат асфалтерски работи.

Дали се уште не ви дозволуваат да почнете со градбата?

Дамјановиќ: Не ни дозволуваат. И во секој момент кога ќе забележат некои наши активности, тие доаѓаат и велат дека имаат законско право да изразуваат протест согласно Уставот. Во меѓувреме кога немаат кворум од 21 лице паркираат возила пред нашиот влез и на таков повторно незаконски начин не попречуваат во градба, нивните закани одат дотаму што ни велат дури и да успеете во намерата да ја изградите постројката ќе ве блокираме во работата на разни начини со сценирани сообраќајки и нема да ве оставиме да работите.

Дали нив им се придружуваат и граѓани кои таму живеат?

Дамјановиќ: Не, не. Тие се координираат неколку компании и секоја од нив праќа по два-тројца вработени и бараат поддршка и од други соседни компании, за да дојдат до оној број кој е минимум потребен за да се одржува јавен собир, 21 лице. За ова ние многу пати имаме пријавувано во надлежните полициски станици и во СВР Скопје. Имаме ситуации каде наши вработени се соочени со притисок и со закани. Голем број од нашите вработени се од таа општина и се радуваат кога има нови инвестиции бидејќи нивните фамилии живеат таму и со плаќање на даноци се подобрува образованието, здравството и општото добро на општината. Впрочем граѓаните на Чучер Сандево со петиција од скоро илјада потписи се изјаснија за подршка за изградба на современа асфалтна база во индустриската зона.

Дали доаѓа Полицијата кога ќе ја викнете?

Дамјановиќ: Полицијата доаѓа, прави некои записници, а некои записници се составуваат и во нивна корист, каде што работите не се пренесуваат такви какви што се, а случаите се затвораат и не е покрената никаква постапка по службена должност. Ние покренавме приватни судски постапки за оневозможување во владение и за ограничување на движење. Ние ги имаме известено сите министерства со допис за целиот случај. Можеби половина од новата Влада е известена, каде што бараме да ни се заштитат нашите загарантирани права со закон и да ни се овозможи пристап. При една од тие пријави во полициската станица Мирковци, каде што наши вработени даваа пријави за одреден настан, информиран сум дека е повикан и инспектор од Секторот за насилство, кој стапил во контакт со дежурен јавен обвинител, бидејќи настанот се случил подоцна во вечерните часови. Тогаш обвинителот е известен за сета хронологија и тој ги информирал службениците од МВР дека не постои можност да се поведе службена постапка. Но, тој им дал насоки на инспекторите дека надлежната полициска станица треба да и овозможи непречен пристап на приватната компанија која ја поседува документацијата да ги извршува своите редовни работни активности и да се овозможи непречен влез и излез од објектот. За тоа сигурно е составена некаква службена белешка која ја имаат во Полицијата.

Што се случило?

Дамјановиќ: Имало закани кон нашите вработени со зборовите „Да си одите веднаш и повеќе да не се враќате“, „Да му пренесете на управителот и на сопственикот дека тука никогаш нема да се изгради асфалтна база“, а во одреден момент имало и неовластено влегување на нашиот имот и се упатени закани со зборовите „Да си одат побргу, да не се симне некоја екипа од село кои се агресивни и кои може да направат беља“, со што нашите вработени се почувствувале загрозени по нивната безбедност и здравје. Во други случаи наши возила и механизација се попречувани и опколувани на неколку стотини метри уште пред влезот на нашиот имот од НН лица и со попречување со едно две патнички возила. Класично самоволие на дело.

Уште траат овие протести?

Дамјановиќ: Овие протести траат континуирано од 28 мај се до ден денеска. Во повеќе наврати е пријавувано во Полицијата, известени се сите министерства. Јас колку што сум информиран, Здружението во повеќе наврати има доставено барања или претставки до институциите со цел отповикување на веќе правосилно донесеното одобрение за градба. Ние веруваме во правната држава и настојуваме да ги искористиме сите правни лекови за да си ги заштитиме своите права кои ни се и нас загарантирани со закон и со Устав. Ние секогаш поддржуваме граѓаните да изразат свој револт за одредени работи за кои сметаат дека се неправедни, но не смее уставно загарантирано право да се злоупотребува за некакви други цели, во случајов за некакви бизнис интереси.

Кои ќе бидат Вашите следни чекори?

Дамјановиќ: Ние веќе имаме поднесено тужби до судските инстанци. Сега ќе ги известиме и меѓународните институции за загрозување на човекови права, а ќе доставиме уште неколку претставки, со инсистирање надлежните органи, односно Полицијата да почне да делува и да ги заштити нашите права, а со цел да можеме да ги оствариме нашите намери. Треба да се потенцира дека се работи за група од неколку поединци, бидејќи не станува збор за сите компании кои работат и функционираат во Визбегово, затоа што таму има и реномирани и општествено одговорни компании, кои се управувани од многу успешни менаџери и кои не ги поддржуваат овие незаконски работи, и затоа е неблагодарно сите да ги ставиме во една целина. Затоа велиме дека се работи само за неколку компании кои можеби се чувствуваат загрозени, но веќе на сите им е јасно дека аргументите и законот се на наша страна, и дека кај нив не станува збор ниту за грижа за животната средина, ниту за грижа за владеење на правото, бидејќи сите постапки се испочитувани. Во меѓувреме на уште еден национален ТВ сервис имаше гостување на директорот на Државниот инспекторат за животна средина, кој за конкретниов случај прецизно одговори дека новите и современи асфалтни постројки кои подлежат на редовни контроли, не се опасни по животот и здравјето на граѓаните и по животната средина.

Уште еднаш ќе Ве прашам, дали на протестите има граѓани кои живеат таму во близина?

Дамјановиќ: Според снимките кои можеме ние да ги забележиме на протестите, станува збор за градежни машини и возила на компанијата „Баукоп”, за која исто така, мислам дека е сопственички поврзана со компанијата „Темпо99“ на господинот Џеват Шаини, и тие се употребуваат за блокада на нашиот влез, со тоа што се поставуваат непосредно пред него, додека луѓето кои што ги гледаме таму се претежно облечени во ХТЗ опрема и со ознаки од компаниите, што значи дека тие во поголем број се нивни вработени. Можеби да има и некој жител таму, каде што тие успеале да направат некое влијание тој да се појави на протестите и да даде некоја изјава, но дефинитивно не станува збор дека жители од било каде се вознемирени бидејќи се работи за индустриски простор каде што се наоѓаат исклучиво само компании. А, истиов тип на постројка и од истиов производител се инсталирани во густо населени подрачја во светски познати метрополи, како што е Версај во Париз, Милано и Болоња во Италија, повеќе локации во Австрија, во Унгарија, во Норвешка… Асфалтна база “Green Asphalt” на друг производител има во ЛонгАјланд во сојузната држава во Њујорк, САД, која буквално е во центарот на државата, каде што живеат 10 милиони жители. Тоа е густо населено место, со паркови….

Додека, пак, во Визбегово во зоната, таму нема жители, ние сме индустриска развојна зона, каде што нема жители. А, во непосредна близина има две диви депонии, кои неконтролирано горат, и овие луѓе кои нас ни протестираат, во ниеден момент не искажале грижа. Значи, ние сме баш во зоната, меѓу две диви депонии, и ниту ова Здружение, ниту овие луѓе кои стојат зад овие протести, во било кој момент изразиле грижа за загрозување на животната средина. Во блиско минато таму имаше и случај во кој неконтролирано се топеше некое олово, и каде излегоа претстсавници на здравствени институции и потенцираа дека станува збор за опасност по колективното здравје, и тогаш немаше никакви реакции. А за да биде апсурдот уште поголем, целата оваа индустриска зона е обиколена од петнаесетина индустриски објекти – за производство на камен, за производство на асфалт, за производство на бетон, и повеќето од тие производствени капацитети се со значително застарена опрема, за која не сме сигурни дека ги задоволува еколошките стандарди. И за нив нема никакви реакции, а единствената реакција таму е за најсовремената постројка на „Топ Билд“.

Дали сте пресметале некоја изгубена добивка за целиот овој период неработење?

Дамјановиќ: Ние трпиме огромни штети секој ден. Не би сакал да лицитирам со бројки во овој момент. Но, имаме голем број вработени кои се подолго време вработени во компанијата само за таа намена, и тие сега не можат да си го вршат редовното работење и активности. А има и друга опрема која е поврзана со работата на оваа база, која е уште порано набавена, и која сега се уште не може да биде ставена во функција во целосен капацитет. Како што реков, ние овие проекти ги финансираме од домашните банки, а за земените кредити плаќаме и камати. Опремата уште од септември лани е истоварена во едно складиште и треба да се има предвид дека таа амортизира, а не е ни пуштена во употреба. Плус имаме и изгубена добивка, за која ќе се произнесе стручно вешто лице.

Ова е голем удар за сите инвеститори бидејќи со ваква пракса не може да се развива Македонската економија. Не може неколку суетни поединци да се над законот и институциите и да им се дозволи да создадат пракса со која утре секоја законска инвестиција ќе може да се стопира или по нечива желба дислоцира. Македонија е правна држава и верувам дека институциите во периодот кој следува ќе бидат поактивни во спроведувањето на законите и владеењето на правото.

Нина Нинеска-Фиданоска, ФАКТОР.МК

   

Најново

Предавникот од Вашингтон

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Гевгелија остана четири саати без струја, граничниот премин неколку саати работел на агрегат

Sase Ivanovski

Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

Sase Ivanovski

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ, РАСТАТ НА ДЕПОЗИТИТЕ – еве ги најновите движења на каматните стапки за фирмите и граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОМЛАДИОТ БРАТ ПАДНА ОД МОТОР, ПОСТАРИОТ ТРИУМФИРАШЕ Маркез ја освои Големата награда на Холандија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Sase Ivanovski

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

Sase Ivanovski

Мојсоска: Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок сон

Sase Ivanovski

Николоски за ТВ Франс 24: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји

Sase Ivanovski

Телефонски разговор Макрон-Путин по речиси три години

Sase Ivanovski

ММФ: Економскиот раст на БиХ забавува, а инфлацијата повторно расте

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гарсија блесна и против Јувентус, Реал Мадрид обезбеди четвртфинале на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Истражување: Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната година

Sase Ivanovski

Муртезани: Изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја отсликува европската перцепција за идентитетот

Sase Ivanovski

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski
Вчитувам....