25.8 C
Скопје
30/06/2025 22:19
МАКТЕЛ

   

Експерти: Сообраќајното дивеење се решава само со – затвор!

      

Младите до 25 години во најголем ги прекршуваат ограничувања на брзината. Треба да се работи на мониторинг на сообраќајот, превентивна работа, подигнување на свеста… Добра е идејата за „Сејф сити“ заради неселективност во санкционирањето и поголем степен на контрола, вели професорот од Техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски. Сте поминале на црвено, возите без возачка дозвола, возите под дејство на алкохол, сте ја пречекориле брзината на возење над граничната што е пропишана – казна затвор од шест месеци, предлага Дејан Трпевски, судски вештак за сообраќајни незгоди и сообраќаен инженер, по трагедијата што се случи минатата недела на еден од главните скопски булевари „Партизански одреди“ кога беше прегазена Фросина Кулакова (22). Ја прегази на пешачки премин Васил Јованов (20), кој возеше пијан, со огромна брзина, поминувајќи на црвено, а притоа без возачка дозвола, но и со досие на прекршоци и кривични пријави. Тој сега е во притвор во Шутка и се истражува дали има елементи делото да се третира како убиство со умисла. Гневот на јавноста за трагедијата беше насочен најмногу кон судот, затоа што судијката Даниела Алексовска Стојановска му пресудила на Јованов да оди во казнено-поправен дом, а со оваа одлука пред седум месеци му била укината мерката притвор. Но безбедноста на сообраќајот ја регулираат полицајци. Сообраќајни полицајци нема ниту на главните булевари каде што се вози најбрзо, а оние што ќе бидат фатени најчесто веднаш се фаќаат за телефон да свртат на некој познат да ја спречи казната. Повеќето од дигиталните семафори што ја мерат брзината на возилата не функционираат, лежечките полицајци се уништени, семафорите често се нефункционални, а таму каде што не функционираат нема сообраќаец да го регулира сообраќајот. Полицијата на сообраќајниците е највидлива само кога поминуваат делегации.

Дејан Трпевски, сообраќаен судски вештак
Дејан Трпевски, сообраќаен судски вештак / Утрински брифинг

– Единствениот механизам е заострување на казните во правец да не бидат парични. На пример, казна затвор од шест месеци. Сте поминале на црвено, возите без возачка дозвола, возите под дејство на алкохол, со пречекорена брзина, над дозволената брзина – да следува казна затвор од шест месеци. Тоа ќе продуцира страв кај возачите да возат со поголемо внимание и многу помалку да се најдат во ситуации каде што ќе се доведат себеси во незавидна положба. Јас би предложил за почеток шест месеци казна затвор за овие четири прекршоци, кои би требало да се карактеризиираат како кривични дела. Еве, сега власта има можност тоа да го направи. В петок ќе имаат јавна расправа, нека ги карактеризираат овие дела како кривични. Но, сето тоа треба да биде јасно прецизно и детално напишано до најситен детаљ за да се избегне можноста некој во судските лавиринти да го толкува на еден или на друг начин. Да биде многу лесно и прецизно напишано за лесно и да се спроведе во практиката – предлага Трпевски за „Слободен печат“.

Контрола треба 24/7 . Според него, како што е сега напишан Законот во делот на безобѕирно управување со моторно возило, тоа е направено непрецизно и остава голем простор за манипулации, во зависност од потребата и ситуацијата. – Безобѕирно управување со возило е ако управувате моторно возило со алкохол во крвта од 1,5 промили и повеќе. А што е разликата меѓу 1 и 1,5 промил. Нема разлика, и едниот и другиот не се способни да управуваат возило, и едниот и другиот може да убијат човек. Во делот на алкохолот, кај нас би требало да биде до 0,5 промили да се казнува парично и одземање на возачката дозвола, а над 0,5 промили – да мора казната да биде затвор или општо корисна работа на јавно место. Тоа ќе ги натера возачите да размислуваат поинаку, да се засрамат од она што го имаат направено. Сè додека се остава можност парите да зборуваат, се да се заврши со парични казни, ништо нема да направиме – вели Трпевски. Иако во другите развиени земји за возење под дејство на алкохол се плаќа висока парична казна, според Трпевски, за нашиот менталитет ова нема да функционира. – Едноставно, мора да биде казната тешка, со издржување затворска казна, друго решение нема. Луѓето на Западот не се покултурни и попаметни. Системот функционира и луѓето се плашат да ги прекршат законите таму, затоа што знаат дека системот ќе си ја заврши работата и дека нема да има шанси да се спаси од тоа. Кај нас прва работа е – вртење телефон и барање можност виновникот да се спаси – додава тој. Не се само казните и судските пресуди во прашање, анализира Трпевски, туку се работи за цел систем. Прво е едукацијата од најмала возраст, од основно, средно училиште, потребна е поголема едукација за управување со моторни возила. – Тоа е еден сегмент. Вториот сегмент е инвестирање во инфраструктурата, раздвојување од тековите на пешаците од тековите на возилата, особено на булеварите таму каде што се поголеми брзините на движење и каде што се поголеми конфликтните точки. Третиот сегмент е контролниот механизам од Министерството за внатрешни работи и казнениот механизам, односно стравот од казна. Тука од клучно значење е и редовната контрола од Министерството за внатрешни работи и казнување на сите прекршители, без пардон. Од 100 случаи, кај нас 90 полицијата не ги казнува. Само десет, и тоа за некои помали прекршоци и само тој што нема кому да се јави – објаснува Трпевски.

   

Клучна, според него, е редовната контрола на полицијата – 24/7, а не акциска контрола. – Во акциска контрола на полицијата сопрени се толку возила, легитимирани се толку, казнети се толку. тоа е срамота за полицијата затоа што полицијата е платена 24/7 да работи, а не да спроведува акциски контроли. Дали тоа значи дека надвор од акциската контрола полицијата не работи ништо во делот на сообраќајот. Од ова што го слушам секој нормален граѓанин би извлекол таков заклучок. За да не извлекуваме погрешни заклучоци, полиција треба нон-стоп да работи и треба да се опреми со телесни камери кои ќе го снимаат секое сопирање возила, секое дејствие што полицијата го презема за да нема фаќање врски. Треба да има ригорозни санкции, бркање од работа на полицискиот службеник кој не си ја завршил својата работа – вели Трпевски. Младите возачи најмногу газат пешаци. И МВР, врз основа на сондажи и анализи на надлежните стручни служби во Министерството, и покрај овие факти констатира дека безбедноста во сообраќајот не е на посакуваното ниво, пред сè, поради занемарувањето на сообраќајните норми, односно несовесното поведение на учесниците во сообраќајот, примарно возачите, што директно води кон загрозување на безбедноста на патиштата. По трагедијата, оттаму најавуваат прераспоредување на полицијата и се „крстат“ во проектот „Безбеден град“, кој според првичните најави требаше веќе да профункционира. -Министерството за внатрешни работи веќе идентификуваше и започна со активности со цел надминување на таквата состојба, примарно преку релокација на човечките и материјалните ресурси со кои располага министерството, а во насока на поголемо присуство на полициски службеници на терен и зголемување на интензитетот на контроли, како и динамизирање на превентивните кампањски образовно-воспитни активности. Се разбира од суштинско значење ќе биде и завршувањето на активностите на кои што Министерството работи изминативе месеци – законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот „Безбедна држава“, особено во смисол на сообраќајниот видео надзор, што бездруго ќе се ефектуира во поголемо ниво на безбедност во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи. Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на 2025 година, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената, непрописно паркирање и друго. Секако мора да се напомене дека сообраќајот како исклучително важен општествен сегмент во себе обединува повеќеинституционален ангажман, а во тој контекст Министерството за внатрешни работи ќе продолжи императивно, во својот домен на надлежност, да презема и предлага мерки и активности во интерес на воспоставување на што повисоки безбедносни стандарди – велат од Министерството.

Според истражувањата, најмногу пешаци прегазуваат млади возачи, но на булеварите, според правилникот за сообраќајни знаци и сигнализација, не може да се стават лежечки полицајци за намалување на брзината, бидејќи низ нив поминуваат автобуси, зголемена е фреквенцијата на возила, на возила со право на приоритет – итна медицинска помош, противпожарни, полициски возила… – Неспорен е фактот дека брзината на движење е еден од круцијалните фактори за случување на сообраќајните несреќи, особено сообраќајни незгоди со смртни последици. Според истражувањата, две третини од вкупниот број на сообраќајни несреќи со смртен исход се резултат на движење со недозволена брзина. Кога зборуваме за непочитување на ограничувањата за брзината на движење, младите возачи до 25 години се категорија која во најголем дел се јавуваат како учесници кои ги прекршуваат овие ограничувања на брзината. За да се намалат овие аномалии во сообраќајниот систем, неминовно треба да се работи на неколку полиња, во смисла поголема контрола и мониторинг на сообраќајот, превентивно дејствување во смисла на работа со младите уште пред да добијат возачка дозвола во насока на подигнување на индивидуалната свест за почитување на прописите и одговорно однесување во сообраќајот. Добра е идејата за „Сејф сити“ и мониторинг со камери заради два моменти – неселективност во санкционирањето и поголем степен на контрола – вели професорот од Техничкиот факултет во Битола, Зоран Јошевски. Пратениците од власта и од опозицијата за в петок закажаа јавна расправа за измена на законите за да се зајакне безбедноста во сообраќајот.

   

Најново

СДСМ за Димитриевски: Човекот кој ја градеше кариерата како силен борец против ДУИ, сега ведне глава пред ВЛЕН

Sase Ivanovski

ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ТЕХЕРАН „Не беа спремни да го преместат ураниумот, истураа бетон за да го затворат влезот“

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Како е можно сите проекти на СДС во нивното владеење да се завршени 90%, а ни еден 100%?

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ не знае да биде опозиција

Sase Ivanovski

МНР го потврди загинувањето на 9-годишната Адна во Италија: Конзулатот е во комуникација со семејството

Sase Ivanovski

Рекорден мај со ВЛТ добивки: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати над еден милион евра

Sase Ivanovski

АКТЕРОТ МЕЛ ГИБСОН ЈА ПОСЕТИ СВЕТА ГОРА, ФОТКИТЕ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маалски муабети на Герасимовси со жителите на Градски ѕид: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Sase Ivanovski

ЛЕКОТ PAXITACEL Е НАРАЧАН, ЗА НЕГО ИМА ЗАМЕНА Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, велат од Онкологија

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, @MartaKosEU, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА: Денеска, на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот, ја споделив нашата визија за посветена, правична и одржлива иднина

Sase Ivanovski

РУЧАТЕ ВО ОХРИД, А ПЛАЌАТЕ КАКО ВО МОНТЕ КАРЛО Туристите се жалат на високите цени, угостителите креваат раменици

Sase Ivanovski

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ И ЕДИ РАМА СЕ СКАРАА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ, ПА СЕ ОПКЛАДИЈА Кој изгуби и што треба да направи губитникот?

Sase Ivanovski

ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт

Sase Ivanovski

„МОЈ ТЕРМИН“ СО НОВИ ПРАВИЛА Ќе се знае точно кој каде треба да оди

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар

Sase Ivanovski

ИРАН МУ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА НУКЛЕАРНА АГЕНЦИЈА Не дозволува ниту надзорни камери

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА СЕ РАЗОРУЖА ХЕЗБОЛАХ“ Бејрут има неколку барања за Тел Авив

Sase Ivanovski

„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади

Sase Ivanovski

Јанчев од Левица: Кожуф е наш дом, нема да дозволиме уништување за хидроцентрали

Sase Ivanovski

ААВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА КОСТАДИНОВ КОН ЛАТАС „Политичарите треба да дадат пример за достоинствена комуникација“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата

Sase Ivanovski

ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЛОКИРАНИ АКО БУГАРИЈА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА Процесот на евроинтеграции е жив, а бугарското вето е пречка само за отварање на преговорите според рамката

Sase Ivanovski

РАБОТНИК СЕ ПОВРЕДИЛ СО ВИЉУШКАР НА ПАРКИНГ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР Завршил во болница со тешки повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Електронскиот попис не може да обезбеди точни податоци за место на живеење и да потврди националност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ПРЕГАЗЕШЕ ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Покрај Владата на Унгарија и унгарската централна банка е наш голем пријател и поддржувач

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство

Sase Ivanovski

(Видео) Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста во Истанбул

Sase Ivanovski

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен

Sase Ivanovski

Од утре забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

Sase Ivanovski

19-годишна девојка пијана предизвикала сообраќајка во Радовиш и побегнала од местото

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк, го нарече чист комунист

Sase Ivanovski

Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Sase Ivanovski

Најмалку 46 лица го загубија животот во поплавите во Пакистан

Sase Ivanovski

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

Sase Ivanovski

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski
Вчитувам....