21.8 C
Скопје
02/07/2025 05:45
МАКТЕЛ

   

ЕУ за медиумската сфера: Остана „ограничен напредок“, исчезна „поволниот општествен контекст“

      

Споредбена кратка анализа на европските извештаи за напредокот на С. Македонија за 2023 и 2024 година во поглавјето „слобода на изразување“ покажува дека на прв поглед се идентични, особено оценката која се повторува дека државата има одредено до умерено ниво на подготвеност. Сепак, во Извештајот за 2024 исчезна поволната општествена средина во која новинарите можат слободно и критички да известуваат, потенциран е проблемот со транспарентноста на медиумите и државното финансирање и, конечно, потенцирано е дека новинарите се соочени со критики од политичари и јавни личности, пишува Вистиномер…Пишува: Теофил Блажевски

Северна Македонија е помеѓу одредено ниво на подготовка и умерено ниво на подготовка за слободата на изразување и има ограничен напредок во оваа област. Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги беше изменет во јули 2023 година за да се усогласи со Директивата за медиуми (на ЕУ-н.з.). Законот повторно беше изменет во февруари 2024 година за повторно да се воведе државното рекламирање во комерцијалните медиуми, што подоцна беше критикувано од регулаторот за медиуми и медиумските организации. Изменети се и законите за медиуми и Изборниот законик. Сепак, овие амандмани не беа сеопфатни и затоа многуте долгогодишни прашања остануваат нерешени. Ова се наведува во краткиот преглед на оценката за „Слободата на изразување“ во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024 година (стр.7) што се изготвува во Скопје и Брисел секоја година од страна на ЕУ и кој неодамна беше јавно претставен.

   

Оваа сфера која најмногу се однесува на медиумите и нивните права и слободи спаѓа во првиот кластер Фундаменти, (Поглавје 23, Правосудство и Основни права), кој државата грчевитo се обидува да го отвори и со тоа да ги започне преговорите со ЕУ, како што тоа неодамна го направи Албанија. Иако и овој краток заклучок во Извештајот е сосема доволен и јасен, и за некого може да изгледа пристојно, демек има ограничен напредок, пошироката експликација во извештајот укажува дека земјата во оваа сфера „тапка во место“, а во одредени полиња дури и регресирала.

Новинарите се соочуваат со непријателски говор и навреди од политичари
Во Извештајот во делот за заштита на новинарите (стр.35) се наведува дека МВР во 2023 година регистрирало 7 закани кон новинари од кои две биле со физичко загрозување на новинарите и во сите случаи отвориле истрага. Според податоците добиени од новинарските здруженија, поточно ЗНМ, во судовите имало помалку тужби против новинари во споредба со претходниот извештај, вкупно 19, но истовремено се регистрирани 6 таканаречени СЛАП тужби (стратешки тужби против јавно дејствување – SLAPP), „што покажува дека нема соодветен механизам за спречување на ваквите тужби“. Извештајот како позитивно го оценува тоа што во Јавното обвинителство е назначен еден обвинител кој исклучиво е задолжен за следење на нападите врз новинарите и медиумските работници – истата формулација од лани. И конечно, можеби и најважно, ЕУ констатира постоење на непријателство од политичари кон новинари:

Новинарите се соочија со непримерен јазик од политичари и јавни личности.

Велиме можеби најважно, затоа што е сосема јасно дека политичарите го креираат јавното мислење и дека од политичката волја зависат состојбите во секоја сфера па и во медиумската, односно слободата на изразување. А и ваква реченица не можеше да се најде во извештаите барем неколку години наназад.

Законската рамка не е усогласена со ЕУ стандардите за медиуми
Во делот на законската рамка ЕУ констатира дека таа не е целосно усогласено со ЕУ законодавството, поточно со Европскиот акт за слобода на медиумите. Исто така, како негативна појава што го уназадува процесот, во Извештајот се нотира законското враќање на државното рекламирање во медиумите од февруари 2024 година:

Владиното рекламирање во комерцијалните медиуми беше вратено во февруари 2024 година, зголемувајќи го ризикот од потенцијална злоупотреба на политичките фондови, загрозувајќи ja независноста на медиумите и создаде услови за нарушување на пазарот.

И конечно, ЕУ уште еднаш констатира дека ни овој пат Собранието не успеало да избере нови членови на Советот на регулаторот, како и на Програмскиот совет на МРТ (НРТ):

Парламентот уште еднаш не успеа да именува нови членови на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и на Советот на регулаторот на медиуми (АВМУ).

Во овој контекст ЕУ забележува дека АВМУ се грижи за надгледување на радијата и телевизиите и за нивното сопствеништво, а и дека постојано соработува со граѓанскиот сектор и со медиумите во промоција на медиумската писменост. Во однос на МРТ пак, ЕУ констатира дека и е потребна модернизација, подобрување на конкурентската способност и уредничката независност. Но, можеби најважната констатација за јавниот сервис е дека е соочен со нередовно финансирање (од државата), а со тоа и со постојана неизвесност.

Финансирањето на организацијата беше неконзистентно, предизвикувајќи несигурност во планирањето. Со законот за аудио и аудио-визуелни медиуми од јули 2023 година е зголемено целокупното финансирање, но властите префрлија помалку (пари) отколку што законски е предвидено“.

Економски фактори
Европската Унија забележува дека сè уште постојат „предизвици околу транспарентноста за сопствеништвото на медиумите и медиумската концентрација. Но, ја подвлекува и употребата на финансии како своевидна закана за слободата на изразувањето.

Политичките партии продолжуваат да ги користат државните средства за рекламирање, а недостатокот на транспарентноста на платеното политичко рекламирање сè уште опстојува. И печатените и електронските медиуми се законски обврзани да ги откријат информациите за нивната сопственост на регулаторното тело за аудио-визуелни медиуми, но сè уште не постои никаква законска рамка (обврска) за националните дигитални медиуми околу сопственоста, како и околу нивната финансиска состојба. Регистарот на сопствениците на дигиталните национални медиуми (онлјан медиумите-н.з.) потпаѓа под механизмот на саморегулација.

Стандардот на новинарите ја поттикнува автоцензурата
ЕУ забележува дека економските и социјалните услови под кои работат новинарите во земјава сè уште се лоши, што на крајот резултира со автоцензура. Забележува и дека постојат новинарски синдикати што се грижат за овие состојби, а како и во претходните извештаи на прво место го нотира дејствувањето на ССНМ:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги брани работните и социјалните права на новинарите. Посебни синдикати ги бранат правата на новинарите кои работат за јавниот радиодифузен сервис и оние кои работат за новинските агенции. Недостатокот (слабостите – н.з.) во работните услови за новинарите сè уште постојат, посебно во поглед на краткорочни или договори за работа на одредено време, без покриени здравствено и социјално осигурување, неплатена прекувремена работа и ниски плати, што се заедно придонесува за автоцензурата и влијанието врз уредувачката политика од страна на сопствениците. (стр.37)
По овие оценки, медиумите уште еднаш се споменуваат во Кластерот 3 кој опфаќа Конкуренција и инклузивен раст, во поглавјето наречено Дигитална трансформација и медиуми, каде што се занимава и со аудио-визуелните услуги, каде што исто така има бројни препораки.

Препораките повторени, но има разлика на полошо
Доколку се направи споредба на препораките за тоа што треба да прави државата во следниот период за да ја поправи медиумската сфера и да ги исполни европските стандарди во слободата на изразувањето, ќе се забележи дека тие се речиси идентични со оние во Извештајот за напредокот за 2023 година. Еве ја првата препорака од документот за 2024 година:

Да продолжи да ја ревидира правната рамка што ги регулира медиумите за да ја усогласи со правото на ЕУ и европските стандарди, особено преку воведување правила за целосна транспарентност во сопственоста на медиумите и рекламирање, конкуренцијата и државната помош и како и правата на интелектуална сопственост, во согласност со единствениот пазар на ЕУ. (стр.7)
Доколку се погледне истата препорака од Извештајот за 2023 година, ќе се забележи дека е речиси истоветна, со таа разлика што сега ЕУ ги потенцира и рекламирањето, како и недоволната транспарентност во сопствеништвото на медиумите. Другите две препораки за јавниот радиодифузен сервис и за обврската на државните органи да ги заштитат новинарите од напади се идентични.

Но, има уште една разлика која може да укаже на проблем и регрес, а тоа е онаа за општата оценка за тоа во каква околина, односно општествени услови работат новинарите. Имено, во извештајот од 2023 година и во краткиот заклучок и нешто подолу се споменува следните две реченици:

… Општиот контекст за слободата на медиумите е поволен и овозможува критичко медиумско известување… Севкупната средина овозможува слобода на изразување и критичко известување…

Бидејќи втората реченица се однесува на подобрување на законската рамка за заштита на новинарите и медиумските работници, таа се разбира и натаму опстојува, па затоа можеби и немало потреба да се повтори во Извештајот за 2024 г. Но, првата реченица што ја има лани, а ја нема годинава, е можен показател за регрес: Општиот контекст за слободата на медиумите е поволен и овозможува критичко медиумско известување.

Дотолку повеќе што во овогодишниот извештај се потенцира дека новинарите се навредувани и критизирани од политичари, поточно „новинарите се соочија со непримерен јазик од политичари и јавни личности“.

(Преводот на цитираните делови од Извештајот за 2024 е неформален, на авторот на текстот, додека оние цитирани делови од Извештајот за 2023 година се преземени од официјалната страница на Министерството за европски прашања при Владата на РСМ).

   

Најново

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Гевгелија остана четири саати без струја, граничниот премин неколку саати работел на агрегат

Sase Ivanovski

Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

Sase Ivanovski

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ, РАСТАТ НА ДЕПОЗИТИТЕ – еве ги најновите движења на каматните стапки за фирмите и граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОМЛАДИОТ БРАТ ПАДНА ОД МОТОР, ПОСТАРИОТ ТРИУМФИРАШЕ Маркез ја освои Големата награда на Холандија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Sase Ivanovski

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

Sase Ivanovski

Мојсоска: Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок сон

Sase Ivanovski

Николоски за ТВ Франс 24: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји

Sase Ivanovski

Телефонски разговор Макрон-Путин по речиси три години

Sase Ivanovski

ММФ: Економскиот раст на БиХ забавува, а инфлацијата повторно расте

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гарсија блесна и против Јувентус, Реал Мадрид обезбеди четвртфинале на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Истражување: Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната година

Sase Ivanovski

Муртезани: Изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја отсликува европската перцепција за идентитетот

Sase Ivanovski

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski
Вчитувам....