13.8 C
Скопје
31/05/2025 01:31
МАКТЕЛ

     

ЕУ обезбеди грант за Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet за заштита на децата и младите

      

Северна Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet, што се смета за европски стандард кога е во прашање безбедноста на децата и младите во дигиталниот простор. Неговото формирање, според експертите, е насушна потреба, поради незадоволителната дигитална писменост и случаите на интернет кои имаа сериозни последици.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во ЕУ Инфо House го потпиша Грант договорот со Европската Унија за основање на првиот Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet. Овој чекор е дел од програмата Дигитална Европа, која предвидува вкупно 7,5 милијарди евра на ниво на цела Европска унија. Проектот ќе биде финансиран со грант од 673.354 евра од Европската Унија, дополнет со значително кофинансирање од Владата во износ од околу 175 илјади евра.

   

Според Андоновски, во ерата на рапидна дигитализација, безбедноста на интернет не е луксуз, туку неопходност, и претставува инвестиција во нашата дигитална иднина, клучна за економски развој и за создавање на квалификувана работна сила за дигиталната ера.
– Овој проект не е изолиран чекор, туку е дел од пошироката стратегија на Владата за дигитална трансформација на Македонија. Заедно со сеопфатните политички и стратешки документи и регулатива, центарот е камен во мозаикот на нашите заложби за реформи во процесот на вистинска дигитализација, евроинтеграции и претставува конкретен пример за тоа како соработката со ЕУ носи директни придобивки за нашите граѓани, рече министерот Андоновски, посочувајќи на уште еден елемент како придобивка од овој проект, а тоа е да се дознае каква е состојбата кај нас со младите на интернет споредено со другите држави.

MkSafeNet ќе се реализира во текот на наредните 18 месеци и ќе вклучува студија со акциски план за конкретни обврски на секој од засегнатите чинители, формирање на центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет, телефон за помош (Helpline), младински панел и советодавен одбор. Проектот е целосно усогласен со EU Digital Services Act и стратегијата Better Internet for Kids (BIK+), што дополнително ја приближува земјата кон европските стандарди во дигиталната сфера.

Правна регулатива и состојба со насилство на интернет

Кога е во прашање законската регулатива, во Кривичниот законик по кој постапува МВР, нема посебно дефинирано кривично дело „сајбер малтретирање”. Сличен тип на злоупотреби, како што изјавуваат од МВР за МИА, граѓаните ги пријавуваат по однос на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци” казниво по член 149 од КЗ, како и „загрозување на сигурноста по пат на информатички системи” казниво по член 144 ст.5 од КЗ, кривични дела кои Советот на Европа ги усвоил на Конвенцијата за компјутерски криминал во Будимпешта и имаат стапено на сила на 01.01.2005 година.

На прашањето дали МВР има статистика со пријави за сајбер малтретирање на млади, од Министерството наведуваат дека младите во земјава најчесто се соочуваат и пријавуваат проблеми како што се: закани по пораки на социјални мрежи, отворање на лажни профили, споделување на нивни фотографии во приватни групи со недолични коментари (содржини). По добиените пријави, Министерството за внатрешни работи врши истраги за прибирање на докази и ги утврдува фактите, додека санкциите се надлежност на Јавното Обвинителство и Судот, наведуваат од МВР. На АлоБушавко, во последните пет години пристигнати 10 дојави за интернет сексуална злоупотреба

Детската амбасада Меѓаши, е дел од проектот „MKSAFENET“ кој е под водство на Министерството за дигитална трансформација, а во рамки на кој, во периодот од 18 месеци треба да се воспостават важни механизми, процедури и правила на координирано справување со различни предизвици во интернет просторот со кои се соочуваат децата.
– Проектот стартува од 01.09.2024 година и предвидува формирање на Национален центар за безбеден интернет простор за децата каде како важен дел од новиот систем за безбедност е АлоБушавко линијата за деца и млади претходно познат како СОС телефон за деца и млади, велат од Меѓаши.

Од невладината организација за МИА појаснуваат дека линијата за деца и млади АлоБушавко, е дел од глобалната мрежа на СОС-линиите Child helpline International (CHI), меѓународна мрежна организација призната од Европската комисија и Генералниот директорат за правда, како стратешки партнер во јакнењето на улогата на детските СОС-линии во Европа.
– Оваа глобална мрежа е признаена и на светско ниво и има значајна улога во подобрувањето на остварувањето на правата на децата засновано на реални податоци. Согласно истата, сите дојави кои пристигнуваат на телефонот се бележат во девет категории, од кои следствено на тоа само две се однесуваат конкретно за дојави на интернет (интернет сексуална злоупотреба, интернет сексуална експлоатација), велат од Меѓаши.

Во рамки на своето 30 – годишно работење на СОС телефонот, дел од дојавите се однесувале за меѓуврсничко насилство на интернет, злоупотреба и исмејување додека во изминатите пет години (2020-2024), согласно годишните извештаи на АлоБушавко, вкупен број на дојави за интернет сексуална злоупотреба изнесува 10. И покрај малиот број на дојави за оваа проблематика споредбено со другите предизвици со кои се соочуваат децата, секогаш постои можност за подобрување на соработката со и помеѓу државните институции.
– Сите дојави пристигнати до Меѓаши за сајбер насилство / насилство на интернет се пријавени до надлежните институции за нивно итно разрешување, додека Детската амбасада е 24/7 достапна за психосоцијална поддршка на децата и младите за време на процесот, велат за МИА од Меѓаши.

Заштитата на децата во онлајн просторот мора да биде национален приоритет

Бојан Кордалов, комуниколог, претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) го поздравува фактот што се раздвоија ресорите дигитална трансформација и јавна администрација, бидејќи, вели, на овој начин конечно се создава основа да се стави фокус во унапредувањето и на двете важни области. Формирањето на Национален центар за побезбеден интернет со фокус на децата и младите, тој смета дека треба да биде од национален приоритет.

-Кога зборуваме за дигитализацијата, факт е дека е неопходно да прифатиме дека безбедноста на интернетот, а особено заштитата на децата во онлајн просторот мора да биде национален приоритет, како и приоритет на секој чинител и на секоја индивидуа во општеството. Не е доволно само да се „преселиме“ онлајн, туку еднакво важно е да останеме заштитени од секој аспект, вели Кордалов.

Тој потсетува дека институциите мора да стават сериозен фокус на децата и младите, нивната безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата особено поради незадоволителната дигитална писменост и случаи на интернет кои имаа сериозни последици.

-На оваа тема зборуваме цела деценија и за поздравување е основањето на Националниот центар за побезбеден интернет (MkSafeNet), како и поддршката што за ова ја добиваме од нашите партнери од Европската Унија (ЕУ). Министерството за дигитална трансформација, како и министерствата за образование и млади мора да стават сериозен фокус на децата и младите, нивната безбедност, едукацијата и правилниот развој во онлајн сферата и ние постојано им ја нудиме нашата експертска поддршка во оваа сфера. Да потсетиме дека изминатава деценија бележиме пад во дигиталната писменост на нашите деца, особено споредено со децата од регионот и Европа. Понатаму, зборувавме за случаи како „Јавна соба“, сајбер насилство и малтретирање, опасни игри и предизвици на социјалните мрежи кои неретко завршуваа и со последици, оценува Кордалов.

Ако сакаме да превенираме, вели Кордалов, компонента која е најважна е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот.
– До сега, за ова се немало инклузивна стратегија и не биле сите вклучени да ги поддржат процесите. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени, потенцира Кордалов.

Обуки од рана возраст и развивање на критичност кон содржините на интернет. Психологот Мирјана Стојановска Јовановска се согласува со потребата од рана едукација на децата заради безбедно користење на интернетот. Според неа, добро е сите деца да поминат едукација како да користат интернет, но во исто време да добијат едукација и за безбедност во дигиталниот простор. Со речиси целосната покриеност на државата со пристап до интернет, вели Стојановска Јовановска, неговата примена е многу распространета и веќе имаме податоци на злоупотреба на многу млади луѓе и деца заради тоа што ги контактирале лажни профили, разни организации…

-Од цел свет добиваме податоци дека млади се регрутирани од паравоени и воени формации. Тоа беше случајот со Сирија и други терористички организации, а и поединци кои вршеле сексуални злоупотреби на млади, или за наведување на одредени работи. Често има и психолошка злоупотреба помеѓу младите, не само од лажните профили. Можеби доцниме со воспоставување на овој Центар, но подобро подоцна отколку никогаш. Барем од сега натаму младите ќе имаат место каде може да се обратат и да прашаат, каде нема да бидат критикувани, да бидат обвинети, казнети туку ќе им се даде помош да знаат да разликуваат, и да се штитат себе си, вели Стојановска Јовановска.

Во овој момент оптимално решение е да се продолжи со онлајн настава. Оптимално решение ако на прво место ја ставиме пандемијата и да го заштитиме здравјето на нашите деца и на повозрасните.  Кај децата жртви на сајбер булинг, вели таа, многу е важна психолошката поддршка, затоа што последиците од тоа се исти како и во директната комуникација кога некој не напаѓа, не навредува, ни го зацрнува животот, затоа што младите не знаат да прават разлика меѓу реалниот и виртуелниот свет. Стојановска Јовановска смета дека денес воспитната компонента во образовната дејност е запоставена и потребно е во училиштата да се преструктуираат кадрите од помошните служби, затоа што вели, менталното здравје треба да стане приоритет, а не да се споменува спорадично.

-На почетокот од секоја учебна година, и на полугодието треба да се зборува со децата за опасностите на интернетот, дека не сите информации се точни, па дури и податоците од Вештачката интелигенција треба да се земаат со резерва оти таа користи достапни податоци на интернет, и треба да се поттикнува критичност кон се што читаме, особено кон информациите на Интернет, подвлекува проф. Стојановска Јовановска.

Покрај улогата на училиштата, најважни во процесот на емоционално и психичко созревање се родителите, и тие се први кај кои треба да се вклучи алармот штом забележат дека нешто се случува со детето, нагли промени во расположението, спиењето, учењето…Притоа најважно е да зборуваат со своите деца.

Европски стандарди

Состојбата со безбедноста на децата во интернет просторот во ЕУ се следи системски во изминатите 10 години преку „Мониторинг извештајот за подобар интернет за деца“.
Главната цел e да се споредат и разменат знаења за политиките и активностите коишто ја промовираат безбедноста и благосостојбата на децата во дигиталната средина врз основа на препорачаните мерки од Европската стратегија за подобар интернет за деца (стратегијата БИК). Со промените во дигиталното опкружување, и оваа стратегија еволуирала и повторно е лансирана како стратегија БИК+ во мај 2022 година, а последниот, петти извештај е објавен во мај оваа година.

Овој извештај ја проценува состојбата на дигиталните политики во однос на значајните промени во законодавниот и регулаторниот пејзаж и ги детализира активностите преземени во рамки на БИК+ во пракса во сите 27 земји-членки на ЕУ, во Исланд и Норвешка. Во извештајот авторите нотираат дека две години по усвојувањето на стратегијата БИК+, поттикнувањето подобар и побезбеден интернет за децата е важен политички приоритет во речиси сите европски земји. Утврдено е дека националното законодавство и политики опширно се однесуваат на онлајн безбедноста и дигиталната заштита, дигиталното зајакнување (стекнување потребни вештини за здрав избор и одгoворно изразување во онлајн опкружувањето) и активното учество на децата и младите– трите приоритетни столбови на стратегијата БИК+.

Извештајот содржи и препораки за активности во рамки на БИК+: меѓу кои се систематска евалуација на законите и регулативите за заштита на децата од онлајн штети, ажурирање на иницијативите за дигитална писменост за да се задржи чекор со новите технологии како што се генеративната вештачка интелигенција и обезбедувањето дека наставниците и едукаторите се соодветно поддржани и континуирани напори за да се осигура дека сите деца имаат еднаков, безбеден и инклузивен пристап до дигитална технологија. Во рамките на БИК+, порталот „Подобар интернет за деца“ се обезбедува мноштво ресурси и најдобри практики, во соработка со кофинансираната мрежа на центри за побезбеден интернет во земјите-членки, финансирана од ЕУ, кои допираат до децата, родителите и наставниците.

Меѓу тековните иницијативи за испорака на конкретни решенија за подобро и здраво користење на интернетот за децата и младите, фокусот е на стандардни методи за осигурување и верификација на возраста во Европа, поддршка за брза проценка на незаконски и штетни содржини и помош за жртвите на сајбер малтретирање на бројот 116 111.
Истражувања покажуваат дека времето кое децата го поминуваат онлајн речиси е удвоено помеѓу 2010 и 2020 година.

   

Најново

На денешен ден во 1903 година во Санкт Петербург свечено е отворен Троицкиот мост над реката Нева

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: За еден месец во Штип почнува со градба ветерен парк вреден 500 милиони долари

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, Orbán Viktor

Sase Ivanovski

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеци се без плата

Sase Ivanovski

ВЕ МОЛАМ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕПИШУВАТЕ Јаневска им подели совети на учениците пред утрешното полагање државна матура

Sase Ivanovski

Филипче: Сестринската ПЕС на СДСМ најави поддршка за резолуцијата за Македонија во ЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалозна одлука за Христовски – Обвинителството како партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Пензионерите протестираа во Свети Николе, бараат линеарно зголемување на пензиите и оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска

Sase Ivanovski

Новиот монах Георгиј е предлогот за нов митрополит во Охрид

Sase Ivanovski

ВНИМАВАЈТЕ ВО ГРЦИЈА: Oдземање на возилото ако зборувате на телефон додека возите, казни и до 8.000 евра за сообраќајни прекршоци

Sase Ivanovski

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ЌЕ ГО ДОСТАВИМЕ ДО ПАРЛАМЕНТОТ

Sase Ivanovski

Бугарското Собрание усвои резолуција: Се што прифатила Македонија мора да исполни, нема преговарање за нови договори

Sase Ivanovski

Уапсени се малолетници кои пред четири дена пукаа со автоматска пушка кон куќа во Тетово

Sase Ivanovski

Шамбевски: Младите се коавтори и двигатели на промените, новиот Оперативен план покажува дека тие имаат партнер во Владата

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со жителите од Буњаковец: Ги решаваме предизвиците на центарци, обезбедуваме ред и почитување на јавниот простор

Sase Ivanovski

Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста: Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Пендаровски: Македонија и Велика Британија сѐ уште немаат стратешки договор, содржината на документот повеќе наликува на меморандум за соработка или почетно писмо со намери

Sase Ivanovski

Уште не влезени, унгарски „4iG“ и државниот телеком на Емирати се обидоа да ја намалат цената за влез како трет мобилен оператор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХРВАТСКА Е НАВИСТИНА ПРЕКРАСНА

Sase Ivanovski

360°season 11,show 66(in-depth) Извештајот на ЕП со „македонски идентитет“-чекор кон уставни измени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вин-Вин: Измените на изборното законодавство се обврски од реформската агенда

Sase Ivanovski

Арсовска: Зградата дивоградба, за која Ганиу тврди дека е изградена во 2011 година, не постои во сателитската снимка од 2023 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360: „Временската машина“ за дивоградби во Чаир повторно актуелна

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Бројките говорат за нашите политики, цврсто чекориме во остварување фискална консолидација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, НО ЗА ТАА ОДЛУКА ТРЕБА СОГЛАСНОСТ ОД СИТЕ ПАРТИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ СЕ ОБРАТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО БУДИМПЕШТА: Патриотизмот не е ретро идеја, туку е единствен начин кон светла иднина

Sase Ivanovski

Лишен од слобода разбојник во Битола, расчистени три разбојништва, украденото вратено на сопственичките

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: И после 5 месеци од распишаниот јавен повик за доделување средства од општинскиот буџет за финансирање на спортски клубови, здруженија и фондации, Општина Прилеп сеуште нема извршено распределба на парите

Sase Ivanovski

Лукаревска:Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки

Sase Ivanovski

Зеленски за меморандумот за примирје: Уште една руска измама

Sase Ivanovski

Арсовска до Меџити: Ќе ве дестабилизирам тебе и твојот измеќар Висар

Sase Ivanovski

Хамас го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Лизгање на земја потрупа цело село во Швајцарија, за среќа селото беше евакуирано пред несреќата

Sase Ivanovski

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Герасимовски: Се бетонира подлогата во салата Работнички, реконструкцијата според највисоки ФИБА стандарди

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши на Меѓународниот форум во Астана: „Интелектуалната сопственост е реална економска вредност

Sase Ivanovski

Ова се петте услови на Путин за завршување на војната

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ве чекаме денеска на вкусна трпеза и добра музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

Тимчо Муцунски разговарал со Марко Рубио за тарифите на САД кон Македонија

Sase Ivanovski

Ганиу: Органите да постапат ако има нешто незаконски во Чаир, а не Арсовска да прави шоу

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: Ми треба поголемо лично обезбедување од тоа што го имам во моментов

Sase Ivanovski

Митовски: Големиот број реалицирани проекти потврда за одговорното работење на Општина Крива Паланка

Sase Ivanovski

Зошто вреди непријатниот разговор? Придобивките за менталното здравје од сеопфатното сексуално образование (ССО)

Sase Ivanovski

Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки на проекти од интерес на граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: За 4 години не направив ниту едно службено патување за да не ги оштетам Скопјани, а советничка блиска до Арсовска не се симна од авион 4 години на трошок на Скопјани!

Sase Ivanovski

Филипче: Се потврди дека Мицкоски е продолжена рака на Орбан

Sase Ivanovski

Над 15 000 средношколци утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 65

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЦЕВСКИ: НЕМАМ НИКАКВА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НИТУ СО НЕКОЈ ОД НЕГОВИОТ ТИМ

Sase Ivanovski

Калајџиев за отфленото обвинение против Христовски: Ме фати срам што живеам во држава што граѓаните ги лаже во очи

Sase Ivanovski

Исчезнатиот Миле забележан на Серта: Исцрпен и ослабнат, побегнал во шумата кога му се обратиле!

Sase Ivanovski

Магистер сум по кинезиологија со чиста 10-ка. Јас сум нај образованиот шалтерски работник со инвалидитед во општина Прилеп,распореден по казна

Sase Ivanovski

СДСМ: Селективност за перење на Христовоски, сошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот сo пукањето во Тетово

Sase Ivanovski

ДАЛИ ДУИ ЈА КООРДИНИРА АКЦИЈАТА ПРОТИВ ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР?! СРНИЧКАТА СЛИКАНА СО БЛЕРИМ БЕЏЕТИ

Sase Ivanovski

Филипче најави нов кодекс за советници на СДСМ, ротација на мандатите и санкции

Sase Ivanovski

Мадрид: Муртезани на средба во шпанското МНР

Sase Ivanovski

Во Чаир активно се уништуваат докази за фалсификатите и дивоградбите – порача Арсовска и го повика Обвинителството да постапи

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

Sase Ivanovski

Руската служба за надворешно разузнавање ја обвини Србија дека испорачува муниција во Украина

Sase Ivanovski

Денко Малески: На Зеленски му виси животот на конец 

Sase Ivanovski

Коцевски го амнестира Христовски од АНБ – Газдарицата од Пловдив ја немало, а Бојан не направил ништо со умисла за кривично дело

Sase Ivanovski

Отворање на Викендот на гордоста 2025 – ЈУГОКВИР Изложба за ПАНКОТ, СУПКУЛТУРАТА И СОЦИЈАЛИЗМОТ и симпозиум за КВИР КУЛТУРАТА, БАЛКАНОТ, ИСТОЧНА ЕВРОПА И ГЛОБАЛНИТЕ ТРАНС* ПОБУНИ

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski

Планот на САД предвидува 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на 28 израелски заложници

Sase Ivanovski

САД во ОН: Путин треба да го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Европа треба да го „заостри својот став“ кон Израел, ако не ја ублажи хуманитарната криза

Sase Ivanovski

Во нападите на руски беспилотни летала во Харков и Запорожје, загинаа две, а шест лица беа ранети

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Sase Ivanovski

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск

Sase Ivanovski
Вчитувам....