Амбасадорот на Полска во ЕУ, Анджеј Садош, претходно изјави дека Полска се согласила на договор со ЕУ за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат на 60 долари за барел.Варшава инсистираше цената да биде под пазарната, со цел да се ограничат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на цената на нафтата на светско ниво, по ембаргото на ЕУ за руските енергетски производи што ќе влезе во сила на 5 декември.Садош појасни дека ЕУ сега може да започне писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават на 4 ноември, ден пред да стапи во сила ембаргото.