55-годишна жена од Штип вчера пријавила во полиција дека на локација во близина на населбата Суитлак во градот, пронашла делови од човечко тело, за кои претпоставува дека се на нејзината мајка, која летово била пријавена за исчезната, соопшти МВР.
„На 06.10.2024 во 08.12 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни а за кои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот“, велат од полицијата. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, посмртните останки биле предадени на семејството.