49-годишна жена од село во скопско вчера пријавила во полиција дека сопругот ја нападнал со тврд предмет, соопшти МВР.
„На 17.03.2025 година во 13:10 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека околу 12.00 часот во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Ш. кој употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.