31.8 C
Скопје
30/06/2025 09:30
МАКТЕЛ

   

Заедничкиот проект „На работ“ на Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ ќе биде претставен во Чифте амам

      

Трансмедијалниот и трансдисциплинарен проект „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината распределени во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам, ќе биде отворен на 10 септември, во 20 часот. Изложбата ќе биде поставена до 27 септември, а куратор е д-р Ана Франговска, кустос советник.

– Посебните делови, кои го чинат целото, се изведувани во разновидни техники и медиуми кои, на некој начин, се преплетуваат едни во други надминувајќи ги границите на чистите медиумски пристапи во создавање на еден концептуален конгломерат од сензорни агломерации. Во нив се инкорпорираат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот, подвижните слики, перформансот, импровизацијата итн.

   

„На работ“ е ангажирана контекстуална реакција на општествено-политичкиот галиматијас, кој секојдневно го живееме откако сме земја во транзиција. Тој се занимава и со дневнополитички прашања, но на прво место стои социолошкиот аспект, меѓучовечките односи, генетскиот код на „малиот“ или „големиот“ човек, начините на живеење… Наневски и Јовановиќ, всушност, спроведуваат социјален конструктивизам, кој се користи во социологијата и според кој реалноста не е вродена, туку општествено конструирана преку јазикот, симболите и споделените значења.

Оттука, преку својот проект „На работ“, тие ги конструираат, деконструираат или реконструираат општествените реалности. Тие ги преиспитуваат или критикуваат овие конструирани реалности, истакнувајќи ги начините на кои се обликуваат општествените норми и вредности. Сѐ започнува со едно видео, според кое е насловен и целиот проект, кое говори за апсурдноста на политичките ветувања за подобар живот, наспроти реалниот живот од нашето секојдневие. Оттука се размотува „клопчето“, па продолжува да се занимава со колективни или индивидуални приказни, со создавање на ритуали од секојдневни банални активности, со какофонијата помеѓу шундот и авангардата, воопшто со граничните позиции, и сето тоа предадено низ многу призми и слоеви.

Нивните дела може да се интерпретираат и низ аспект на теориите на Бодријар и на Фуко, односно преку концептот на „хиперреалност“ или концептот на „надзор“. Бодријар истражува како медиумите и симулациите ја заменуваат и ја искривуваат реалноста, особено во контекст на потрошувачката култура и современата уметност. Теоријата на Бодријар во проектот „На работ“ се гледа, главно, во критиката на медиумската сатурација, консумеризмот и замаглувањето на реалноста и претставувањето.

Фукоовата теорија, пак, истражува како моќта функционира преку дискурси (системи на знаење) и како уметноста може и да ги рефлектира и да им одолее на овие структури на моќ. Неговите теории за надзор, дисциплина и биополитика се аспекти кои го поврзуваат проектот „На работ“ со критика на системите за контрола и авторитет.

Инсталацијата, видеото и вокалниот перформанс „На работ на релативноста“, подвижните слики со социјален експеримент „Антропосфера – На работ на среќата“, видеото „На работ(а)“, инсталацијата „На работ на нулата“, видеоперформансите и објекти „Рекет“ и „На работ на мислата“ или, пак, комплексната инсталација со видеопроекција „На работ на конструкцијата – The Revolution will be Televised“ и многуте други сегменти од целокупниот проект ги критикуваат или предизвикуваат општествените норми и структури на моќ, ги истражуваат социјалните идентитети и како тие се конструирани или перципирани, ги вклучуваат заедниците, ја применуваат идејата како форма на социјален коментар или активизам, размислуваат за секојдневниот живот и човечката состојба низ социолошкиoт објектив.

Ваквите проекти, кои инкорпорираат социолошки перспективи, изградени со вештините, префинетиот уметнички сензибилитет и духовитост/досетливост во критичноста на авторскиот тандем Наневски-Јовановиќ, побудуваат размисла, предизвикуваат перцепции и поттикнуваат општествени промени – напиша д-р Ана Франговска.

Дориан Јовановиќ е роден 1969 год. во Белград, Р. Србија. Во 1974 год. се доселува во Скопје каде што завршува основно и средно образование и каде во 1987 год. се запишува на студии по компјутерска техника и информатика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Студиите ги завршува во 1994 год., а во периодот 1993-1994 е на едногодишна размена во САД на колеџот Бард, каде што изучува компјутерска музика, електронски перформанс и посебна музичка програма, „Music Program Zero“, под менторство на Бен Борец (Benjamin Boretz).

Со музика започнува активно да се занимава уште од средното училиште и од самиот почеток во насока на употреба на студиската технологија како креативна алатка за композиција. За таа цел, конструира различни уреди кои што се користат во процесот на снимање (мали миксери и ефекти) и создава услови за повеќеканално (домашно) снимање уште во средината на ’80-те. Првата група ја формира во 1989, „Плавајс“, којашто многу брзо (1990) прераснува во фејк-џез составот „Сет“ (денес „Сетстат“). Од 1993 год. го започнува проектот „Стринг форсис“ (String Forces) којшто во 1995 год. прераснува во активна група со која што работи до денес и со којашто има пет студиски албума, едно ЕП (EP) и пет албума во живо.

Во почетокот на 2000-те започнува со истражување на Македонската чалгија како посебна форма во македонската традиционална музика, изучува свирење на ут и, исто така, започнува со истражување на слични (на чалгијата) традиции во музиката на Блискиот исток: турска, арапска, персијска. Во 2004 год. учествува во формирањето на составот „Калдрма“ со којашто се реализира еден албум во 2004 год. Во 2006 година заедно со членовите на „Оркестар Пеце Атанасовски“ организира школа за чалгија со гости-предавачи (за инструментите) од Палестина/САД, Холандија и Турција и, секако, Македонија.

Со учесници од школата во 2008 год. започнува ансамблот „Чалгија саунд систем“, којшто е формиран со цел за зачувување и продолжување на чалгиската традиција во Македонија. Со овој состав работи до денес и позади себе имаат два албума и трет во подготовка. Во слична насока е и Добрила и Дориан дуо, состав настанат за време на пандемијата којшто ја носи македонската традиционална музика во едни сосема нови води и со својата иновативност особено беше препознаен надвор од Македонија. Со овој состав досега има издадено два студски албума („Апокриф“, 2021, „SJF Records“ и „Пиле шарено“, 2023, „SJF Records“).

Во 2006 год. неформално започнува со солистички проект наречен Аксиотомик (Axiotomic) во којшто ги спојува различните пошироки интереси: електронска музика, импровизација и видеоперформанс. Со овој проект, иако е, пред сѐ, проект со фокус на жив настап, има еден албум и две ЕП-а (EP), последниот со визуелниот уметник Стефан Шашков.

Поради специфичноста на изразот, Аксиотомик е често дел од мултимедијални дела/изложби/инсталации. Неколку од нив се во соработка со уметникот-скулптор Дејан Спасовиќ, две мултимедијални изложби („Освежување на меморијата“ во 2013 во Белград и „Unknown Unknowns – An Introduction to Mysteries“, претставено на павиљонот на Р. Србија на Миланското дизајн-триенале) со кураторот Иван Мангов од Белград, Р. Србија, како и амбиенталната изложба „Капење“ со визуелниот уметник Стефан Шашков при крајот на 2023 год.Во 2021 год. за неговата работа во рамките на традиционалната музика од „World Music Asocijacija“ на Србија ја добива наградата „Војин Малиша Драшкоци“ за посебен придонес во развојот на world music-изразот во регионот.

Гоце Наневски (1974), роден во Скопје, во 1996 дипломира на УКИМ, Факултет за ликовни уметности – Скопје, во класата на проф. Васил Василев, а 2002 магистрира на истиот факултет. Од 2004 е вработен на ФЛУ при УКИМ Скопје, редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски истражувања. Од февруари 2023 година е Продекан за финансии на ФЛУ. Во периодот 2012-2016 бил Продекан за настава.

Предметот на неговите уметнички интереси вклучува широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видеоуметноста. Групно изложувал во Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст, Торес Ведрас, Констанца и многу други.

   

Најново

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Sase Ivanovski

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949

Sase Ivanovski

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Баерн во натпревар со шест гола го победи Фламенго и закажа пресметка со ПСЖ

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski

Трипуновски: Владата е посветена кон подобрување на условите за земјоделците и  инвестира во поддршка на младиот земјоделски кадар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Сигурен сум дека ова не му е прво убиство на Палевски, дознавме дека планирал убиства на директорите на Гранит и Комерцијална Банка

Sase Ivanovski

Вучевска Петковска: Сашко Митовски е прочитана приказна во Крива Паланка, мандатот му помина во скандали, долгови и партизација на општината

Sase Ivanovski

Левица: МВР не демантира дека тендерот за возачки дозволи е партиски доделен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Многу е стресно новинарството, здравјето го изгубив поради него, ама пак би го работел кога би се вратил пред 30 години

Sase Ivanovski

Нема примирје – во фаза сме на привремена пауза на војната – тврдат во Иран

Sase Ivanovski

Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус, велат од Влен

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби, срамно

Sase Ivanovski

ЛАТАС ЌЕ ГО БОЈКОТИРАЛ ЗАКОНОТ ЗА ПОРТАЛИ, НИКОЈ НЕ ГО КОНСУЛТИРАЛ ЗА ЗАКОНОТ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини

Sase Ivanovski

Секој граѓанин може да закаже средба и лично да се види со министерот за здравство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС СО ПРЕДЛОГ: Владата да изгласа државата да ја плаќа алиментацијата на разведените жени, па после кривично да ги гони оние мажи што не плаќаат алиментација

Sase Ivanovski
Вчитувам....