ЗАПОЧНА ВТОРАТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ХИПОДРОМ 2
.
Денес направивиме увид на градежните работи за изградба на патната инфраструктура во Хиподром 2.
Среќен сум што за само една година успеавме да ја изградиме инфраструктурата во Хиподром 2.
Долги години жителите на оваа населба беа оставени да газат во кал и прашина, но со одговорно и посветено работење се најде решение за големиот број проблеми со кои се соочуваа овие луѓе.
Кога дојдов за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека немам магично стапче кое ќе ги реши сите проблеми преку ноќ, но ветив чесна, одговорна и посветена работа која ќе донесе многу нови проекти.
Денес после две и половина години од мојот мандат, резултатите се гледаат на дело!