По девет дена од пожарот во подрумските простории во зграда во Чаир, започнаа увидните дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот.
„Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици. Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“ велат од Обвинителството.