Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец. Насер Туша е чичко на притворениот Гани (осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики), а е вработен во МВР, во интервентната полиција.Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце.
Како што веќе објави Телма, рано наутро бил запален и угостителскиот објект “Барон” во Чаир, место кое има осто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша.
Во последното издание на емисијата КОД, презимето Туша се најде и на еден од договорите склучени со ЕСМ за увоз на 150.000 тони јаглен во вредност од 10 милиони евра за потребите на Рек Битола. Исак Туша е сопственик на фирмата Ими коп, а Насер Туша кој работи во МВР е лице за контакт.Убиениот е таткото на Гани Туша, кој е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки летоска на Халкидики и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеионов во Шиша бар во Скопје пред една година. КОД објави и неколку истражувања и за пресметките на скопските нарко банди. По убиствата кои се дел од овие пресметки Гани Туша е во притвор во Скопје. Гани Туша е припадник на групата Барон/Беланоца која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар.