24.8 C
Скопје
20/06/2025 07:30
МАКТЕЛ

   

За една недела продадени ПП-апарати како за цела година!

      

Поради зголемениот интерес, но и поради брзиот увоз, дистрибутерите ја зголемиле цената на ПП-опремата од 5 до 7 отсто! Законот пропишува дека на секои 50 квадрати треба да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми, што значи дека дискотеките и ноќните клубови би требало да поседуваат најмалку 3 до 4 вакви апарати, но и повеќе

Рокот на траење на еден ПП-апарат е 20 години, а по неговиот истек тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов

Многукратно е зголемена продажбата и сервисирањето на ПП-апаратите, потврдуваат за „Слободен печат“ дел од фирмите што со години се занимаваат со овој бизнис. Дел од нив додаваат дека оваа недела продале противпожарна опрема како за цела година. Но, откриваат и дека поради зголемениот интерес за неа, но и поради брзиот увоз, дистрибутерите ја зголемиле цената од 5 до 7 отсто! Законот пропишува дека на секои 50 квадрати треба да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми, што значи дека дискотеките и ноќните клубови би требало да поседуваат најмалку три до четири вакви апарати, но и повеќе. Бизнисмените што се занимаваат со противпожарната заштита тврдат дека сите ПП-апарати од увоз се со ЦЕ-ознака и се сертифицирани од Хамбург институтот, но дека има и неодговорни компании што увезуваат нестандардизирана опрема, каков што беше случајот од пред неколку години, кога на пазарот се појави вакви кинески апарати. Искусни лица од оваа бранша со горчина, констатираат дека требаше да се случи една ваква трагедија како пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за фирмите да се свестат и да се сетат дека задолжително треба да поседуваат ваква опрема.

   

– Не само што е драстично зголемена продажбата на вакви апарати, туку и сервисниот интервал е зголемен. Законски апаратите треба да се сервисираат на 6 или на 12 месеци, но тоа зависи од сопствениците на компаниите. Еден ваков апарат чини од 2.800 до 5.000 денари, но има и некои поевтини. Еден ПП-апарат треба да се постави на 50 квадрати – брифираат од една позната скопска фирма која се занимава со продажба и сервисирање на ПП-апарати.

И од една друга компанија од внатрешноста дознавме дека не можат да постигнат да ги снабдат со ПП-апарати сите заинтересирани.

– Продажбата е многукратно зголемена, а неделава продадовме опрема како за целата година. Ниту една компанија од нашата бранша во моментов не поседуваше на залиха толку апарати колку што се бараа, па правиме списоци и како ги добиваме, така им ги испорачуваме. Но, за жал, добивме известување од добавувачите дека цените се покачени, не многу, од 5 до 7 отсто, но најверојатно е така поради интервентниот увоз – додаваат од оваа компанија.

Противпожарниот апарат е превентивно средство за лична безбедност, не само за заштита на домовите, туку и за деловните простории и автомобилите, велат експертите.

– Поседувањето ваква опрема може да послужи барем како средство за почетното гаснење на пожарот за да се спречи неговото натамошно ширење, но и за трасирање пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата што е зафатена со пожар. Рокот на траење на еден ваков апарат е 20 години, а по неговиот истек тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов. Потребата од противпожарна опрема во деловни простории, индустрии и слично е задолжителна и пропишана со Законот за пожарникарство. Во последниве години во земјава масовно се гради, па затоа инвеститорите треба да ги запазат сите процедури за ПП-заштита. Посебно треба да се истакне и потребата од поставување надворешни противпожарни скали за евакуација во новите згради, но и посебни противпожарни излези во угостителските објекти – советуваат вклучените во бизнисот со ПП-заштита.

Градоначалникот на Кочани законски можел да ги повика граѓаните да помогнат при гаснењето на пожарот

Членот 44 од Законот за пожарникарство пропишува дека уредите, опремата, средствата и инсталациите што се увезуваат, можат да се користат само ако за нив е обезбеден сертификат во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оцена на сообразност. Одржувањето, сервисирањето и испитувањето на инсталациите, правните лица се должни да го вршат во согласност со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот, а најмалку еднаш годишно. Правните субјекти во кои се врши одржување, сервисирање и испитување на инсталациите, се должни да водат посебна евиденција за извршеното одржување, сервисирање односно испитување на инсталациите. Надзорот над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Дирекцијата за заштита и спасување, а инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го вршат инспектори за заштита и спасување.
Меѓу другото, според овој Закон, градоначалникот на општината на чие подрачје настанал пожар од поголем обем, во согласност со Планот за заштита и спасување, може преку јавен повик да ги повика граѓаните постари од 18 години да учествуваат во акцијата за гаснење пожар.

Барање на ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Партијата ЛДП бара зголемување на степенот на безбедност во повеќе места. Строга и итна контрола во детските градинки, основни и средни училишта, но и факултети дали и тие ги почитуваат стандардите за безбедност, како и во колективните станбени и во сите други објекти, каде што вообичаено има голема концентрација и фреквенција на луѓе.

– Секој од овие објекти мора да има задолжителна опрема за противпожарна/хидрантна заштита, оспособени и јасно означени повеќе излези за итни ситуации, контрола на капацитетите за прием на луѓе во една просторија, како и редовни обуки на вработените, скалите и ходниците за евакуација мора да бидат чисти и слободни, а секој објект да мора да има на јавно и видливо место истакнат План за евакуација и да се утврди дали се почитуваат стандардите за безбедност воопшто. Најголем дел од младината во Македонија посетува настава во стари, дотраени и често оштетени објекти, кои дури и при најмалата незгода може лесно да се претворат во стапици за сите што во моментот ќе се најдат во нив – се вели во соопштението на ЛДП.

Акциска контрола во Тетово и Гостивар

Проверени 16 угостителски објекти – два затворени. Завчера од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање недозволени криминални активности што се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање недозволена трговија со дрога, посредување во вршење проституција, перење пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти што вршат угостителска дејност и други нелегални активности. Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-10 и ГВ-6) кај кои биле констатирани низа неправилности и ДПИ и ДЗС ќе им изготват соодветни поднесоци, додека ДПИ затворило два угостителски објекти во Тетово, објави ТВ21.

   

Најново

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski
Вчитувам....