Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале.За време на овонеделното патување во погранични и региони покрај линијата на фронтот, Зеленски беше придружуван од новинари на Асошиејтед прес при што Зеленски зборуваше за ветеното оружје наспроти добиеното.
– Имаме одлични одлуки за системите Патриот, но ги немаме во реалноста, рече тој, мислејќи на ветениот систем за противвоздушна одбрана од САД.
Зеленски рече дека на Украина и се потребни 20 батерии од системот Патриот за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.Зеленски додаде дека една европска нација испратила систем за противвоздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Тој не ја наведе државата.
Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „се уште нема ништо кога се во прашање модерни борбени авиони“.Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот и предизвиците за обука.