
Придонесот на секој член на #СДСМ мора да се цени, вреднува и почитува, затоа што тој придонес е вграден во сите државотворни одлуки на партијата, во секој значаен национален и историски успех на македонската држава, од независноста до денеска. Влогот во создавање и спроведувањето на политиките на СДСМ, за подобар живот на граѓаните, сигурна и стабилна иднината на државата е влог во подобро утре на сите.
СДСМ е стабилна, со нова внатрешна поставеност по плански региони и силно активна на теренот, со граѓаните, со членовите. Целиот свој потенцијал го ставаме на располагање и во интерес на граѓаните и државата, подготвени, предводени од претседателот Димитар Ковачевски, повторно да зачекориме на победничките патеки.
