24.8 C
Скопје
28/09/2023 20:29
МАКТЕЛ

   

    

Значаен јубилеј – 35 години Лекторат по македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска

    

Се чествува уште еден значаен јубилеј за македонистиката – триесет и пет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска. Универзитетски центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломските до докторските, при што има и докторанти по македонски јазик.
Заедничките заложби и планираните активности за уште поголема афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во Полска, кои по почетокот на оваа академска година ги иницираа Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Факултетот за хуманистика во Сосновјец, веќе даваат конкретни резултати. Се остварува и планираното – јубилејот 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет во Катовице да се одбележи не само со пригодна свеченост, туку со активности кои ќе придонесат за нови научни потфати на полските слависти и македонисти посветени на македонскиот јазик, литература и култура, значајни за натамошниот развој на полската македонистика. Во знакот на значајниот јубилеј, во Катовице, утре и задутре – 1 и 2 јуни, ќе се одржи и 11. Македонско-полска конференција со близу 30 ученици од полската и од македонската академска средина.

   

– Интересот на полската филологија за македонистиката датира уште од пред Втората светска војна и од пред кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Потврда за тоа се научните трудови на професорот Мјечислав Малецки, кој работејќи на терен се интересирал за македонските дијалекти, особено за дијалектите од солунскиот крај и како што ќе посочи и Блаже Конески, тој уште тогаш ги согледува специфичностите на македонската дијалектна група. Малецки, во еден од своите трудови, во 1938 година нагласува дека во однос на прашањето дали македонските дијалекти се српски или бугарски, би одговорил дека тие не се ниту српски, ниту бугарски, туку дека повеќето од нив ’припаѓаат на индивидуален дијалект’, посочувајќи на македонскиот јазик. Неговите ученици ги удрија темелите на современата полска македонистика, при што особено значаен е влогот на професорот Збигљев Голомб, со неговиот интерес за изучувањето на македонскиот јазик, посебно во балаканолошка перпектива. И оттогаш наваму, интересот на полката филологија за македонистиката е непрекинат, со изучување на македонскиот јазик во Сосновјец, Краков, каде Лекторатот по македонски јазик работи речиси половина век, Познањ, Ополе…

 

Оттука, достојното чествување на овој јубилеј на еден од универзитетските центри во Полска на кои се изучува македонистиката е и морална и професионална обврска која ја имаме пред претходниците, кои ги воспоставија и заврстија македонско-полските академски и културни врски, токму преку интересот за македонистиката – врски кои ние сме должни да ги развиваме, нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, во пресрет на чествувањето на јубилејот.Меѓу најзаслужните за воспоставувањето и зацврстувањето на овие врски со полската филологија во периодот па XX век се и академиците Блаже Конески и Божидар Видоески, кој е и еден од првите директори на МСМЈЛК при УКИМ, како и академиците – полски филолози, Влоѓимјеж Пјанка, прв лектор по полски јазик на УКИМ и Зузана Тополињска.

   

     

– Но, подеднакво, чествувањето на овој јубилеј со активности кои ќе отворат нови перспективи за полската македонистика е обврска и кон актуелните и идните генерации полски македонисти. Меѓу другото, треба да имаме предвид дека токму учесниците од Полска, и изминативе години се меѓу најбројните на нашите школи на кои им се овозможува продлабочувања на знаењата за македонскиот јазик, литература и култура. Тоа говори за значаен потенцијал за натамошен развој на полската македонистика и по повеќедециниското нејзино доегашно развивање со клучни научни остварувања за афирмација на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина. Затоа упатувам срдечна благодарност до колегите од Факултетот за хуманистика при Шлезискиот универзитет, вклучително и до директорката на тамошниот Институт за русистика и славистика, проф. д-р Мирослава Михалска-Суханек, што не само што ги прифатија иницијативите за натамошни заеднички вложувања во развојот на полската македонистика, туку еве, со чествувањето на овој јубилеј, иницијативите веќе се остваруваат. Ама со решеност?? да се продолжи и со други активности, затоа што и овој јубилеј обврзува да не се запре тука! Зашто јасна е нашата определба и цел иднината да ја создадеме во сегашноста. А тоа неминово подразбира и натамошни вложувања во перспективите за новите генерации полски македонисти, нагласува Мојсова-Чепишевска.

Инаку, на Конференцијата која утре и задутре ќе се одржи во Катовице ќе учествуваат знаменити полски македонисти и повеќе македонски универзитетски професори и истражувачи – македонисти и полонисти, но и истражувачи од новите полски и македонки генерации кои треба да ги градат новите мостови меѓу македонската и полската академска заедница.
Во изминатиот период, нови перспективи за македонистиката на Шлезискиот универзитет се создаваат и преку заеднички проект за модерни славистички студии, во кој покрај овој универзитет и УКИМ, вклучен е и чешкиот Остравски универзитет, а активностите се поддржани со програмата „Еразмус +“. Како резултат на овој проект, веќе ќе може да се очекува и зголемување на интересот за македонскиот јазик, литература и култура на вториот циклус студии на Шлезискиот универзитет. Проектот има за цел да се зголеми бројот на студенти на втор циклус студии преку интегрирани програми во кои се вклучени и македонскиот јазик, литература и култура. Ова и дополнително ја потврдува важноста на Лекторатот по македонски јазик во наставата на Шлезискиот универзитет, бидејќи меѓу другото, со наставата во текот на првиот циклус студии, токму тој може да овозможи поголема подготвеност на полските студенти за интегрираните програми на следното академско ниво и истовремено да биде клучна алка во успешното развивање на овие студии.

Во Полска, покрај во Сосновјец, Лекторат по македонски јазик активно работи и на Јагјелонскиот универзитет во Краков, отворен во академската 1974/75 година. Македонистиката се изучува и во Познањ, каде на Универзитетот „Адам Мицкјевич“, на Катедрата за словенска филологија, во академската 2000/01 година е отворена нова студиска група за славистичко-полонистички студии, во чии рамки македонскиот јазик се изучува како главен предмет. Во академската 1998/99 година, македонскиот јазик како втор предмет е воведен и на Универзитетот во Ополе.

Меѓу поистакнатите полски македонисти и слависти кои обработувале македонистички прашања се вбројуваат и светски познатите полски филолози: Кшиштоф Вроцлавски, Кшиштоф Козловски, Јан Соколовски, Лех Мјодински, Ева Жетелска Фелешко, Магдалена Богуславска, Ирена Савицка, Кажимјеж Фелешко, Маќеј Кавка, Ирена Кавка, Јоланта Сујецка и др. Но, особено значајно е што во полската академска средина веќе има и истакнати млади полски македонисти, кои се подготвени да продолжат по стапките на своите професори. Значаен дел од нив, изминативе години се и редовни учесници на школите на МСМЈЛК при УКИМ.

Оваа календарска година, покрај овој јубилеј во Полска, МСМЈЛК при УКИМ чествуваше и други два значајни јубилеи – 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз и 15 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека. Определбата на МСМЈЛК при УКИМ е преку активностите што се отваруваат во чест на овие јубилеи да се остварат нови перспективи за странската македонистика.Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

    

Најново

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме остра осуда за недоличното однесување на Маричиќ кон пратеничката Стојаноска

Sase Ivanovski

Македонците возат крнтии, околу 90 отсто од автомобилите се стари до 20 години!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Германската полиција ги испитува нацистичките поздрави на Октоберфест

Sase Ivanovski

Вархеји: Подготвуваме пакет за забрзан прием во ЕУ

Sase Ivanovski

СЕ ОКРУПНУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ: Во 2004 година имало 21 банка во Македонија, а оттогаш списокот постојано се истенчува и сега имаме 13 банки

Sase Ivanovski

Полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник се суспендирани

Sase Ivanovski

Лога за законот за амнестија: Очекувам поддршка и освен албум со слики од мојата посета, ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Денеска во Струга се обратив на отворањето на 14. Меѓународна научна конференција на тема „Стратешки и безбедносен концепт за земјите од ЈИЕ“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“

Sase Ivanovski

ЛОГА ДО АПАСИЕВ: Почитуван професор Апасиев, научете ги децата во правниот сектор во Левица да пишуваат вистинито и соодветно за одлуката на Уставниот суд

Sase Ivanovski

МВР со Демант: Одредени портали шират лаги за вчерашната заплена на дрога во Автокоманда

Sase Ivanovski

Легендарниот украински фудбалер Шевченко стана надворешен советник на Зеленски

Sase Ivanovski

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Sase Ivanovski

ЈО за фемицидот во Кочани: Убиство на свиреп начин и убиство на жена при вршење родово базирано насилство се истоветни во поглед на запретената санкција

Sase Ivanovski

Собранието на Косово усвои резолуција: Најостро го осудуваме терористичкиот напад организиран од Република Србија

Sase Ivanovski

Германската амбасадорка во Канада била дел од скандалот во Парламентот кога беше поздравен нацист

Sase Ivanovski

Македонија е најголем трговски партнер на Обединетото Кралство- формирана првата Британска бизнис асоцијација

Sase Ivanovski

Лога: Семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата

Sase Ivanovski

Арсовска: Ќе покренеме постапки против лица кои ширеа лаги за безбедноста на мостот „Беласица

Sase Ivanovski

НАТО: Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина

Sase Ivanovski

Зоран Милановиќ: Босна и Херцеговина не функционира, умира на рати, и затоа треба да влезе во ЕУ за да се спаси

Sase Ivanovski

Арамии од три села од различни краеви на Македонија, здружени среде бел ден тргнале во кражба на бакар!

Sase Ivanovski

Под клуч ставени уште пет маркети кои не ги продавале артиклите по „гарантирана цена“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ПЕЏА АРСОВСКИ: КОГА ЌЕ ГИ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПО УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ, ЕУ ЌЕ НИ ДАДЕ 900 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО ЗА ПАТИШТА, ШКОЛИ, ГРАДИНКИ И БОЛНИЦИ

Sase Ivanovski

Лидер во земјоделското осигурување за 2023 – Признаниеза СН Осигурителен Брокер АД Битола

Sase Ivanovski

Од 188-та владина седница: Нови одлуки и допрецизирања на одлуки за заштита на животниот стандард на граѓаните – намалувања на цените на зеленчук и овошје, ориз, јужно овошје; најниска повластена даночна стапка за основните прехранбени прозводи

Sase Ivanovski

Арсовска: Сакајќи Мицкоски да го подигне својот рејтинг, доста работи да го подигне и мојот

Sase Ivanovski

Обвинителството отсега е слепо и глуво, нема повеќе ПИ- мерки за криминалците кои ќе се гонат за ,,Злосторничко здружување”!

Sase Ivanovski

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?

Sase Ivanovski

Арсовска ниту потврди ниту демантира дека ќе формира партија, на Мицкоски му порача да продолжи да се занимава со неа оти ѝ го крева рејтингот

Sase Ivanovski

Момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење, покажа обдукцијата

Sase Ivanovski

Бектеши: Граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје оваа зима, зголемени се квотите за увоз

Sase Ivanovski

Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата, велат од Царина

Sase Ivanovski

Прилепска гимназија им забрани на учениците да носат тренерки и хеланки, пирсеви, маици на прерамки и машки со долга коса и репче!

Sase Ivanovski

Лога ќе донесе ново упатство пак со етничка графа во матичните книги

Sase Ivanovski

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

Sase Ivanovski

537 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

Судските административци на протест – бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

На граѓаните треба да им се објасни дека проширувањето на ЕУ е во нејзин интерес, порача Фон дер Лајен

Sase Ivanovski

Тренчевска: Имаме 51 пратеничка во Парламентот – лидери сме во регионот и пошироко

Sase Ivanovski

НЕРВОЗА ВО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ: Пратеничката Дафина Стојановска се испокара со сите, обвинувања и навреди кон Маричиќ

Sase Ivanovski

Од затвор нема да излегуваат академици, Лога на пратениците ќе им даде албум со слики од „Идризово“

Sase Ivanovski

Ќе се врши вонреден надзор во битолската болница по смртта на 24-годишното момче, наложи МЗ

Sase Ivanovski

Измените на Кривичниот законик не ги подготвуваше работната група, туку заменик министерката, вели Лога

Sase Ivanovski

Момче на 24 години починало во Битолската болница по седум дена висока температура

Sase Ivanovski

Спортско-рекреативен простор во Долно Лисиче на површина од 1000м2

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АКТИВИСТИТЕ КОИ ГО НАПРАВИЈА МУРАЛОТ ВО КУМАНОВО ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ДИВО НАСЕЉЕ

Sase Ivanovski

ПРИЈАВИЛ ПРАТКА СО ЛЕКОВИ, НО ИСПАДНАЛЕ ЧАСОВНИЦИ Царинската управа спречи обид за шверц на брендирани часовници

Sase Ivanovski

ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ЌЕ СТИПЕНДИРА УШТЕ 8 СТУДЕНТИ Стипендиите се за бруцоши на државниот универзитет во Тетово

Sase Ivanovski

ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ГО ЗАБАВИ РАСТОТ Македонската економија годинава ќе порасне за 2%, предвиде ЕБОР

Sase Ivanovski

МОРАВМЕ ДА ГО ПРЕЗЕМЕМЕ ОВОЈ ЧЕКОР Тајван произведе своја подморница, ќе произведува уште

Sase Ivanovski

Герасимовски: „КК Работнички“ е домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската „А“ група во ФИБА Европа купот

Sase Ivanovski

СТОЈЧЕВСКА: Битола по 44-ти пат, во чест на „Браќата на светлината“, Јанаки и Милтон Манаки, достоинствено и достојно ја чествува магијата на филмската камера

Sase Ivanovski

ГОШЕВ СО ФЕЉТОН ВО ПЛУСИНФО: Љубчо сонуваше конфедерација со Бугарија и со Грција, Бранко веруваше во Југославија, а Глигоров матеше со Изетбеговиќ

Sase Ivanovski

АВСТРИЈА РАЗВИВА ПЛАН „ВО ЕУ ПРЕД ЕУ“ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН Не мора да чекаме да се имплементира секоја запирка, рече министерот Шаленберг

Sase Ivanovski

АКО ВУЧИЌ НЕ ЗНАЕЛ, ТОГАШ КОЈ Е ПРВА ФИГУРА ВО БЕЛГРАД Српска активистка за човекови права тврди дека Вучиќ го најавил нападот на Бањска

Sase Ivanovski

НАЈМАЛКУ 10 ГОДИНИ ЗАТВОР На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок на Косово

Sase Ivanovski

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ МОСКВА НЕ СЕ ДОВОЛНИ Зеленски најави повеќе украински акции против Русија

Sase Ivanovski

Редовен координативен состанок на заменик претседателката Сања Лукаревска со претседателите на централните партиски комисии на СДСМ

Sase Ivanovski

ГЕНСЕКОТ НА СДСМ, МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВАРДАРСКИ ВО СТРУМИЦА: СДСМ секогаш ја движи Македонија во вистинска насока и по вистинскиот, европскиот пат

Sase Ivanovski

Предупредување: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Sase Ivanovski

Маричиќ: Целата држава е огромно градилиште за нова патната мрежа, во тек е година на инвестиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ЗА ВАГНЕР: 150 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО ИЉУШИН НЕ УСПЕА ДА ЗАКОЧИ НА ПИСТАТА ВО МАЛИ, АФРИКА

Sase Ivanovski

Европска конвенција на шефови на полиции: Република Северна Македонија успешно се справува со криумчарите на мигранти

Sase Ivanovski

Тренчевска: Продолжуваме со плодна соработка со Словенија во делот на безбедност и здравје при работа

Sase Ivanovski

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Sase Ivanovski

СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ Ахмети со поддршка до жените да продолжат да ги бараат правата кои ги заслужуваат

Sase Ivanovski

ЌЕ ПАДНЕ ЦЕНАТА И НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Бектеши за ТВ21 откри дека ќе се намалат царинските тарифи

Sase Ivanovski

ВИЛМА РУСКОВСКА ЌЕ ЛЕТА ОД ОБВИНИТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА? Советот за јавни обвинители расправа за три дисциплински постапки

Sase Ivanovski

Грковска: Судиите мора да ја чуваат својата независност

Sase Ivanovski

Индиското вселенско летало кое слета на Месечината престана да работи

Sase Ivanovski

Јовески е оптимист дека нема да застарат многу предмети по измените на Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Министерот Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи

Sase Ivanovski

Маричиќ од Штип: Северна Македонија е крстосница на дел од најважната европска патна инфраструкутра

Sase Ivanovski

БЕКИМ САЛИ: АМНЕСТИЈАТА ОПФАЌА И ПЕДОФИЛИ, ОВА НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО!

Sase Ivanovski

Речиси 30.000 луѓе досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија

Sase Ivanovski

Со измените функционер може да украде милијарда и да се спаси, а обичен граѓанин да лежи, вели Тортевски

Sase Ivanovski

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Ељшани за настаните во Бањска: Целта на косовската полиција не беше да ги убие напаѓачите, туку да ја ослободи територијата од криминалната група

Sase Ivanovski

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski
Вчитувам....