МАКТЕЛ

     

Ивор Мицковски: За да не заборавиме – мораме да се промениме

      

Постоењето и сакањето ред и систем е прашање на цивилизациска, културна и морална амбиција, на созреана свест, на колективен напор. Мора повеќето да го посакуваат тоа, да го прават тоа, да го бараат тоа и да го одржуваат тоа. Само од себе не доаѓа, само од политика не се раѓа, па конечно и тие во политика од народ извираат. Ама треба и некој доблесен што стигнал погоре, да се обиде тоа да го наметне, ама треба да има и некој што тоа ќе го следи и почитува. Моралот, правдата и правдината во оваа земја се како пожарникарите – доаѓаат кога човечката грешка или негрижа веќе го распламтила огнот, пишува Ивор Мицковски во колумна за Доојче веле. Не можеме сѐ да решаваме, односно да нерешаваме – отпосле. Ние секогаш бараме правда, гледаме грешки, се индигнираме откако автодисциплината, моралните кочници, почитувањето на законите и на човекот до нас, правото и слободата да не се учествува во криминал и валкани игри – одамна отишле по ѓаволите. Веќе е здодевно да се нотира, етички руини сме, доминирани од алчност, насилство, негрижа и себичност. А етиката не е само пренадуен збор, туку секојдневна нужност, превенција, практично помагало, основа на соживотот, грижа за другиот, заштитник од силеџии и несреќи. Гориме во пекол на неодговорност Имаме и ќе имаме милион дебати допрва, силни заложби, селективни и задоцнети правди, купишта и купишта зборови, кои евентуално ќе нѐ оддалечат од реалната состојба на нештата. Проблемот е пожарот! Проблемот е дека нашата заедничка куќа, дом или штала од држава, гори со години и кога веќе ни ги допре и одзеде и најмладите, значи дека ги допира и уништува сите генерации. Значи дека пожарот сѐ уште гори. Проблемот е што гориме во еден пекол на неодговорност и дека неговите пропорции се толкави, што по којзнае кој пат изостанаа сите мерки на претпазливост, јавната грижа и интелигенција, дури и најобичниот комон-сенс кој би ни дозволил да живееме како заедница која ги ограничува страдањата и загубите на човечки животи. Но, сѐ ова ние и предобро го знаеме.

Не може нашиот систем да се среди само политички и правно, каде инаку довербата е најниска, ова може да се среди со политичка, ментална, културна и морална револуција на целото општество, на секој поединец, на секој функционер. Не само со антибирократски револуции како што замислува власта. И таа револуција не може да биде парцијална, не можеме повеќе од парцијален морал или морализаторство, од полувистини односно од невистина, од делумна правда која не важи подеднакво за сите, каде мнозинството е опортунистичко, навивачко, партизанско и партиско, каде постои за своите, ама не за другите. Ни треба тотален, апсолутен и искрен морал и тотално почитување на законите и Уставот, на јавното добро. Постоењето и сакањето ред и систем е прашање на цивилизациска, културна и морална амбиција, на созреана свест, на колективен напор. Мора повеќето да го посакуваат тоа, да го прават тоа, да го бараат тоа и да го одржуваат тоа. Само од себе не доаѓа, само од политика не се раѓа, па конечно и тие во политика од народ извираат. Ама треба и некој доблесен што стигнал погоре, да се обиде тоа да го наметне, ама треба да има и некој што тоа ќе го следи и почитува. Нас буквално нѐ убива клиентелизмот „Ќе немаше олку крв ако сѐ беше по закон“ – беше една од најспоменуваните пароли во овие траорни денови. Партизираната и корумпирана држава ја убива или истерува надвор критичната маса од нашето општество, оневозможувајќи ни да ја преобратиме и реформираме земјата, да изградиме базични и функционални институции и принципи кои би нѐ воделе кон некаков напредок. Нас буквално нѐ убива клиентелизмот и културата на корупција која има навлезено во секоја пора од општеството и од нашето практично живеење. Таа коруптивна (не)култура нема да биде надмината само преку кривично-репресивниот механизам кој сега наголемо ни се ветува и кој во едно општество би требало да биде „extrema ratio“. Потребна ни е и институционална превенција, но најмногу од сѐ потребно ни е градење и промовирање кај граѓаните на една „култура на легалност и на морал“.

   

Тоа се прави преку инвестирање и реформирање пред сѐ на основните постулати и клучните механизми кои создаваат здрави луѓе и здрава нација, преку грижа за образованието, животната средина, урбанизмот, здравството, културата и јавното добро. Мораме повторно или одново да си дадеме некаква заедничка смисла и цел, да се заложиме за севкупен напредок. Да се занимаваме со политика без да ѝ припаѓаме  Нашиот труд мора да се темели на четири клучни основи. Првиот е да градиме култура на отпор, каде критиката ќе биде основа на демократскиот метод. Тоа не е лесно во едно конформистичко општество, каде е тешко да му се каже „не“ на кој било моќник, бил тој поголем или помал. Затоа треба да се градат антитела против конформизмот, против менталитетот на само партиска или клановска припадност, против „погрешната“ верност и лојалност. Треба да научиме да кажуваме – „не“! Не за притисоците и не за услугите. Борбата против корупцијата мора да биде и борба за една поинаква политика. Од тој аспект мораме да го напуштиме политичкиот, партискиот или парламентарниот кариеризам. Политиката кај нас од јавна грижа се претвори во приватна професија, во работа, во извор на приходи и богатење. Јас не знам кој е институционалниот метод тоа да се надмине, но мора да почнеме да правиме и да се занимаваме со политика – без да ѝ припаѓаме на политиката. Политиката и граѓаните мора да зборуваат на ист јазик Потребна ни е транспарентност во политиката. Треба да ги владееме информациите, за да се спротивставиме на монополите, на конфликтите од интерес, на цензурата и на пропагандата. Еден од главните проблеми тука не лежи само во поделбите, туку и во судирот помеѓу јавниот и приватниот диксурс. Во една макијавелистичка гротеска, ништо од тоа што се одлучува и кажува во салите на моќта, не се зборува потоа во јавноста, и обратно. А, притоа, сите знаеме сѐ во оваа мала земја, ама бираме да премолчиме, да затвориме око, да свртиме глава или да спуштиме поглед. Мора политиката и граѓаните да почнат да зборуваат на ист јазик. Оттука, повеќе не е доволно да говориме само „против“ нешто, туку и „за“ нешто, и така да го помириме и изедначиме јавниот и приватниот дискурс. Да ги применуваме законите

Третиот основ е да се почитуваат законите и Уставот, не само да ги браниме, туку активно да ги применуваме и унапредуваме. Видовме до каде нѐ доведе непочитувањето. Мора и граѓаните, но и партиите, биле од опозиција или власт, да бидат способни да произведуваат идеи, проекти, закони, да ги развиваат и унапредуваат правата, но и обврските на сите во оваа земја. Не може секој будала да одлучува И конечно, ни треба почитување на правилата, односно на правилата на игра. Не може секој будала да одлучува и да ги прекројува или прекршува правилата како ќе му текне. Не може еднаш да се менува Кривичниот закон за зајакнување на неодговорноста и неказнивоста, па другпат Изборниот законик, со кој се отежнува процесот за кандидирање независни листи на пратеници, како и на независни листи за советите во некои општини. Не може секогаш на луѓето да им се отежнува секој аспект од егзистенцијата или борбата, затоа што некој или секој одлучил да им одзема сѐ поголем дел од нивниот суверенитет или од нивното право на ангажирање. Мора да градиме јасни правила и потоа да ги почитуваме. За крај би рекол дека потиснати од безнадежноста, од една постојана емотивна и психолошка истрошеност и навикнатост на несреќи и трагедии, за ова да не се претвори во трајна помирливост со незавидната судбина, мораме да се тргнеме и да пронајдеме сила за освестување. Можеби за промена наместо да живееме во некоја состојба на квази нормалност, треба да почнеме, а тука мислам и на властите, да работиме во една клима на итна и извонредна узбуна, за да почнеме да ги решаваме наталожените проблеми. Само така одржуваме внимание на реалните проблеми и не им оставаме простор на властите, партиите и кримосите, премногу да се раскомотат. Нормалноста не е за нас, зашто таа е коруптивна, мрзлива, скриена од јавноста, а јавноста скриена и оттргната од јавното, секој зафатен со својата приватност и борба за гол живот. Се покажало дека најголемите „промени“ ако така може да се каже, ги правиме само кога сме приморани, немирни, концентрирани на проблемите, кога има некое триење и отворен и манифестиран немир. Промената на власт кај нас никогаш не донела подобро

Па тоа ни го покажуваат и српските студенти, иако работите меѓу нас и нив се различни. Но, тие сега го будат општеството кое ќе треба да го отстрани и замени автократот. Ние немаме таква автократија, но имаме ист, ако не и полош корумпиран и нефункционален систем. Српското општество овие 4 месеци се лекува, како да е на терапија за лекување од лудило, и тоа се прави само затоа што веќе никој не молчи и никој ништо не крие, туку се соочува со наталожените проблеми. Нам не ни треба акција за туркање власт, зашто промената на власт кај нас никогаш не донела подобро, едни казнуваме за други да дојдат и пак тие да нѐ казнат. Нам ни треба акција на подолг период за да ги примораме властите да почнат да менуваат работи и да не помислат повеќе да инвестираат во истиот хаос и нефункционалност. Повеќе не е доволно од избори до избори да имаме глас и демек нешто да менуваме. Потребна ни е партиципативна и директна демократија за безброј прашања. Но, тоа не е лесно зашто власта овие 30 години ги поклопи и ги ограничи сите форми на независно граѓанско делување. Но, мораме да изнајдеме сила и поттик за постојаното дејствување. Можеби некаде со пленуми, некаде со локално организирање на народ, некаде со неформални граѓански иницијативи, но нешто што би имало поредовен или перманентен карактер за вршење притисок и што би можело да им конкурира на партиите и нивните машинерии. Во Србија тоа се вика „народни збор“, а кај нас би било „собир на граѓани“, но не само за протести, тука како активна форма за мобилизација на граѓаните за решавање на одредени проблеми. Таа законска форма на самоорганизирање постои и кај нас, но е крајно непрактична и отежната. Па сепак, од некаде мора да се почне, можеби токму од создавање услови во коишто граѓаните ќе можат да се самоорганизираат на едноставен начин, а државата да биде должна да одговори. Еве им задача и на властите и на опозицијата.

  

Најново

(ВИДЕО) Пакистан: 26 цивили убиени, 46 ранети, „ќе одговориме“, Индија: „Нашите напади се пропорционални“

Sase Ivanovski

Блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево, започнат е ненајавен протест

Sase Ivanovski

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа: Почнува конклавата за избор

Sase Ivanovski

Мицкоски: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Sase Ivanovski

Ги внеле во автомобил, ги удирале со боксови: Две грабнувања во Тетово

Sase Ivanovski

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Аца Лукас ќе бара идни турбофолкери во МКЦ со помош на Бени Шаќири. Дојдете!

Sase Ivanovski

Градоначалниците отсега ќе може да се отповикуваат на референдум

Sase Ivanovski

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Sase Ivanovski

МТСП: Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Достоинствено одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода двајца грабнувачи од Тетово, одреден 30 дневен притвор

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Фатен крадец во Кавадарци, поднесена кривична пријава

Sase Ivanovski

Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?

Sase Ivanovski

Претседателот Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Започна официјалната посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

ДОМ: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ – ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

Sase Ivanovski

ПОД МОТО „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ОТВОРЕНО И ОДГОВОРНО“, ПАРЛАМЕНТАРНИОТ КАРВАН ЌЕ ОБИКОЛИ ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ НИЗ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Министерство за европски прашања: Билатерални средби на МЕП Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

Sase Ivanovski

Делото на Крамариќ и „Матица македонска“ ги обединија сите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба и не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина еден вака важен член од законот

Sase Ivanovski

Заеднички чекори кон инклузивни работни средини- ново партнерство на GEA и Women in Tech

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул, Турција

Sase Ivanovski

Директорот на Царина од Анкара: зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите доверба кај народот, продолжуваме да инвестираме во безбедноста

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска на Евроазискиот економски форум – Заеднички иницијативи и соработка за надминување на предизвиците

Sase Ivanovski

Нов веб-сајт на ЈСП Скопје и Линии „100“ и „200“ за Саем на книга

Sase Ivanovski

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Sase Ivanovski

(ФОТО) “STRADA BRUTALISSIMA”: 19. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ: МКА 2000 слави 25 години: На 30 мај 2025 година – регионална тркалезна маса за иднината на менаџмент консалтингот

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ – Средба на Сиљановска-Давкова со Јакоб Гранит, генерален директор на СИДА

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на Support Kocani

Sase Ivanovski

(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

Sase Ivanovski

Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност

Sase Ivanovski

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Sase Ivanovski

Себастијан Фицек доаѓа на Саемот на книга 2025

Sase Ivanovski

11 години без нашиот истакнат писател и професор Науме Радически

Sase Ivanovski

ПРОМЕНЛИВОТО ВРЕМЕ ЌЕ ПОТРАЕ: Еве што велат метеоролозите

Sase Ivanovski

Светски ден на астмата – 300 милиони луѓе во светот и 100.000 во земјава живеат со оваа хронична болест

Sase Ivanovski

Индија тврди дека Пакистан отворил артилериски оган преку границата

Sase Ivanovski

10 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ ТЕЖОК 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО РЕК БИТОЛА Намерно отфрлиле понуда на тендерот за ископ на јаловина?

Sase Ivanovski

ИНСУЛИН СЕГА ИМА, НО КВАЛИТЕТОТ НА ПОМАГАЛАТА Е ПОД ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРИ: Пациентите со дијабетес бараат системски решенија

Sase Ivanovski

ИСПЛАТЛИВА ИЛИ НЕ, МАКЕДОНЕЦОТ СИ САКА ПОЛОВНА КОЛА, ДАЛИ НОВИТЕ СЀ УШТЕ СЕ САМО ЗА БОГАТИТЕ – паѓа бројот на увезени нови автомобили

Sase Ivanovski

Новите државни коцкарници во Македонија направиле загуби во работењето

Sase Ivanovski

ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ГОРАН АНТЕВСКИ СЕ СТЕКНА СО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРЕДНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – еве за што извести банката

Sase Ivanovski

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

Sase Ivanovski

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Расте бројот на банкроти во Европа

Sase Ivanovski

Алсат: Арбен Таравари ќе ја напушти Владата

Sase Ivanovski

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со коалицијата „Вреди“ по најавите на Таравари за раздвојување

Sase Ivanovski

Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на Вучиќ кон Москва

Sase Ivanovski

Повеќе од три месеци не се знае судбината на Миле од Неготино

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова се сретна со тимот од „Support Kocani“: Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба

Sase Ivanovski

Пакистанскиот премиер Шариф: Имаме целосно право да се браниме од воениот напад на Индија

Sase Ivanovski

Трамп: „Штета“ е што имаше индиски напад врз Пакистан

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан; Пакистанската армија собори два индиски воени авиони

Sase Ivanovski

Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше дел од Г7

Sase Ivanovski

Убиен командант на Хезболах во израелски напад со беспилотни летала во јужен Либан

Sase Ivanovski

Во Котор е уапсен Американец-бегалец, обвинет за убиство во родната земја

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан

Sase Ivanovski

Фетаи за ДУИ: Прво гласаа за измените во уредувањето на државната администрација, па потоа ја клеветат Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арматура виси над минувачите и автомобилите во Карпош

Sase Ivanovski

Се воведува комунална полиција, а идните градоначалници ќе се отповикуваат со референдум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Индиската армија изврши напади врз девет локации во Пакистан

Sase Ivanovski

Андреј Жерновски: Триесет дена од „уште денес” на Мицкоски

Sase Ivanovski

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

Sase Ivanovski

Европската унија со подршка за Гренланд

Sase Ivanovski

Путин со осуда на обидите на Западот за ревидирање на историјата на Втората светска војна

Sase Ivanovski

Хутите најавија проценка на суспензијата на агресијата по најавата на Трамп

Sase Ivanovski

Семејното насилство ќе се гони по службена должност – власта одби ист предлог на Левица, а сега ќе го менува Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Кина не пристапи кон трговски преговори со САД

Sase Ivanovski

Израелски официјални лица велат дека САД не ги информирале дека ќе ги прекинат нападите врз Хутите

Sase Ivanovski

Меџити: Отвораме амбасада во Саудиска Арабија, тоа ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата

Sase Ivanovski
Вчитувам....