По пријавувањето од Порталб.мк избришан е графитот со говор на омраза на етничка основа на кој пишуваше „Мртов Шиптар“.
Овој натпис што поттикнува насилство беше напишан на ѕидот од зградата пред Уставниот суд на Северна Македонија во Скопје. За овој проблем од Уставниот суд изјавија рекоа дека ќе пријават до надлежните институции, иако натписот не е нивна сопственост. Оваа практика на брза реакција од страна на институциите треба да се поздрави и да се повтори и во иднина.
Потсетуваме дека за овој случај и Порталб.мк пријави до Министерството за внатрешни работи.
Инаку во Скопје има многу графити кои содржат говор на омраза, дискриминација, нетрпеливост и други натписи со штетна позадина. Ваквите натписи се закана за мирот, стабилноста и соживотот на граѓаните.
Говорот на омраза е казниво дело
Законот за заштита и спречување од дискриминација забранува поттикнување на дискриминација и вознемирување врз дискриминаторска основа.
Во Кривичниот законик се наведени неколку кривични дела мотивирани од говор на омраза, вклучително и оние извршени преку Интернет.
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува емитување на медиумски содржини кои поттикнуваат или промовираат дискриминација, нетолеранција или омраза.