Постапката за носење на уставните измени треба да почне во средината на јуни.Работната група на седницата во петокот ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување.Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи.
„После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска.Премиерот Димитар Ковачевски во саботата го повика на средба лидерот на опозоцијата Христија Мицкоски на која, меѓудругото би се разговарале за евроатланскиот пат на земјата.
Мицкоски се согласи на средба со тоа што исто така бара на неа да се разговара за тоа што ќе биде со земјата доколку не се усвојат уставните измени.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени под овие услови.Како краен рок за устани измени се посочува ноемри, кога треба да заврши скринингот на Европската Комисија и да се одржи втората меѓувладина конференција и ќе почнат преговорите по поглавја.