20.8 C
Скопје
09/05/2025 10:33
МАКТЕЛ

     

Интервју со Роберт Вељановски, директор на Драмски театар: Заврши времето кога театрите беа повластениот медиум

      

Активно и ангажирано влезе Драмски театар Скопје во 2025 година, прво со Недела на независната продукција, потоа со претстави од својот репертоар, а на 5 февруари го објави и Конкурсот за нововостановената награда „Горан Стефановски“. Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за избор на најдобар драмски текст од македонски автор до триесет години има за цел да ја афирмира современата македонска драма, да го поттикне македонското драмско творештво и да го одржи континуитетот на македонското драмско писмо. Пријавениот драмски текст треба да биде неизведуван и да биде оригинално авторско дело, а не драматизација или адаптација на романи, новели или мотиви на постојни драмски дела. За деталите околу наградата, но и за другите активности што ќе се реализираат во Драмски театар оваа година, разговаравме со директорот Роберт Вељановски.

Со каква цел ја востановивте наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години?

   

– Историски гледано, кога станува збор за грижата и негувањето на македонското драмско творештво, НУ Драмски театар Скопје е една од водечките театарски куќи во Република Македонија. Статистички гледано, од формирањето на ДТС до осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, од вкупно 253 премиери 68 се работени на драмски текстови или драматизации од македонски автори (26,87%), а од 8 септември 1991 година до денес од вкупно 190 премиери поставени се 69 македонски драмски текстови (36,31%).

Суштински, една од главните функции на секоја македонска театарска куќа е промовирање и негување на домашното, македонско драмско творештво. На сцената на ДТС поставувани се многубројни македонски автори: Марко Цепенков, Славко Јаневски, Васил Куновски, Јордан Плевнеш, Љубиша Георгиевски… Сите овие спомнати, но и сите останати неспомнати, оставиле сериозни траги во македонското театарско живеење. Целта на востановувањето една ваква награда воедно е и насушна потреба на македонскиот театар, а тоа е да се зголеми интересот, но и продукцијата за создавање квалитетни драмски текстови и претстави на македонски јазик, со што би се зголемила и театарската продукција.

Пријавата за конкурсот на наградата „Горан Стефановски“ може да се најде на веб-страницата на Драмски театар Скопје

Зошто одлучивте наградата да се однесува исклучително на млади автори?

– Одлуката за доделување Награда за најдобар драмски текст од млад македонски автор до 30 години возраст, како иницијатива и реализација (целосно изготвен Правилник за оваа награда) е донесена од претходното раководство (директор и Управен одбор) на НУ ДТС. Верувам дека нивните мотиви да се определат за награда за драмски текст на млад автор се поттикнување и стимулирање на македонското драмско творештво кај младите драматичари, со цел македонската драматика да добие нов Стефановски, нов Плевнеш, нов Чашуле, но, Горан, Јордан, Коле на новото време, времето кое го живееме сега и овде.

Горан Стефановски остави длабоки траги не само во Драмски театар, туку и во македонската драмска уметност, воопшто. Какви се заложбите на Драмски театар за реизведба или за поставување други драми од Стефановски на театарската сцена?

– Горан Стефановски е еден од амблематските автори на Драмски театар, кој во изминатите 49 години, од појавата на Горан во Драмски со „Јане Задрогаз“ до последната претстава „My Name is Goran Stefanovski“ (работена според негови текстови), 15 пати е поставуван на сцената на Драмски. Култните „Диво месо“ и „Тетовирани души“ имаа две постановки на нашата сцена. Но, од автор како Горан Стефановски никогаш не е многу. Затоа, ДТС останува отворен за нови препрочитувања на текстовите на Горан за сцената на Драмски, но не по секоја цена. Делото на Горан Стефановски и претставите што се направени во ДТС, со нивниот квалитет и успесите што ги постигнуваа во времето кога беа создавани, обврзуваат за еден сериозен пристап при изборот за можно поставување. Сериозен пристап од секој театарски аспект.

Суштински, една од главните функции на секоја македонска театарска куќа е промовирање и негување на домашното, македонско драмско творештво

Какви услови се неопходни за почесто поставување драмски текстови од македонски автори на театарските сцени, бидејќи често се укажува дека нема национална драма без домашни драмски автори?

– Основата за секоја успешна театарска продукција е во изборот на квалитетен, актуелен и занаетски добро напишан драмски текст, на кој сериозно ќе се надоврзе режисерското читање на истиот. Текст и концепт што треба да го препознаат актуелниот момент на времето што го живееме. Се разбира, не помалку важно е колку пари се вложуваат во една претстава. За жал, во последните неколку години средствата што се одобруваа за продукција драстично беа намалени. Статистиката е неумолива. Од 2013 до 2017 година, за време на мојот прв мандат како директор на ДТС, од вкупниот буџет на ДТС, во зависност од годината, процентот за плати и материјални трошоци изнесуваше помеѓу 83% и 85%, а процентот за продукција помеѓу 15% и 17%.

Во 2024 година процентот за плати и материјални трошоци изнесува 95,3% од вкупниот буџет на ДТС, а процентот за продукција 4,7%. Со ова се губи основната смисла на нашето постоење, производството на претстави.

Не помалку важни се и техничко-технолошките услови што ги поседува една театарска куќа, затоа што напредокот на технологијата воведе нови естетски критериуми во создавањето на театарската магија. Да, во театарот најважен е актерот и тој ќе остане единствената непроменета театарска константа, но исто толку важна станува и поддршката која технологијата може да му ја овозможи во креирањето на таа магија. Истото важи и за претставите што се работени на драмски текстови од македонски драматичари со една мала забелешка. Покрај гореспоменатите услови потребна ни е и малку поголема желба, храброст, па дури и дрскост за поставување домашни текстови.

На почетокот од годината направивте извонреден чекор со отстапување на сцената за изведба на претстави од независната продукција. Какви се искуствата од оваа ревија на претстави?

– Благодарам. Ова не е ништо ново кога станува збор за работата на Драмски театар. Од 1991 година наваму, ДТС има остварено соработка со независни продуценти на повеќе од 35 претстави, копродукции или отстапување на сцената на ДТС за изведба на независни продукции. Мислам дека и во 2023 година во ДТС имаше Денови на независните театри. Искуствата се извонредни. Од една страна, на нашата публика ѝ нудиме освежување во тековниот репертоар и понуда на малку „поинаков“ театар од она што можат да го видат на нашата сцена. Од друга страна, на младите автори им нудиме сериозна можност за нивно претставување пред нашата публика. Од трета страна, ние имаме можност за „селекција“ на млади квалитетни автори и кадри со кои во блиска иднина можеме да оствариме професионална соработка. Доказ за успешноста на овие претставување се преполните салони при изведбите на претставите на независните продукции.

Деновиве беа објавени резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура и туризам. Осумнаесет национални установи, меѓу кои е и Драмскиот театар, добија делегиран буџет. Што значи да се добие делегиран буџет?

– Делегираниот буџет значи многу поголема автономност за работа на самите установи. Одговорноста за програмата се префрла во самата установа и ние самите ќе одлучуваме кога и што ќе работиме, наместо тоа да го прави, во нашиот случај, Комисијата за драмска дејност што работеше во Министерството за култура. Ова не е непознат модел на работа во македонската култура. Имено, до средината на 90-тите години на минатиот век системот функционираше на овој принцип. Се разбира, овој модел подразбира и многу поголема одговорност за националните установи, не само во програмскиот дел и изборот на претстави кои ќе се работат, туку и во материјално-финансиското работење на установата. Бидејќи ова е пробен проект на Министерството за култура и туризам, иднината на ваквиот модел за работа ќе зависи од успешноста во работата на споменатите 18 национални установи што добија делегиран буџет за 2025 година.

Својата програма националните установи треба да ја објават на својата веб-страница. Какви се плановите на Драмски театар во однос на програмата за реализација оваа година?

– Решението за одобрените средства за работа го добивме на 5 февруари и со задоволство можам да ве информирам дека за продукција на претстави во НУ ДТС за 2025 година, Министерството за култура и туризам одобри 5.900.000,00 денари, што е безмалку 100 проценти повеќе од средствата добиени за 2024 година. Дали се ова доволно средства? Не се! Но, во согласност со наследената состојба и кондицијата и структурата на државниот буџет, од некаде мора да се почне и сметам дека е мал, но значаен чекор кон сериозно зголемување на средствата за продукција. Она што е извесно, и е во завршна фаза на преговори, е големиот копродукциски проект помеѓу членките на Регионалната театарската унија – РУТА: НУ Драмски театар Скопје, Местниот театар Љубљана – МГЛ, Белградскиот драмски театар – БДП и Фестивалот Будва. Телата и органите на НУ ДТС веќе почнаа со работа за избор на сите останати продукции што ќе работат во ДТС во 2025 и изборот ќе биде јавно објавен на веб-страницата на ДТС, според законската обврска. Се надевам дека ја разбирате мојата воздржаност во одговорот на ова прашање, но не би можел без решение и потврда од Уметничкиот совет и Управниот одбор на ДТС да изнесувам повеќе информации.

Во претставата „Фамилијата Адамс“ е вложен сиот креативен уметнички потенцијал што го поседува Драмскиот театар

Претходната година ја завршивте со премиера на „Фамилијата Адамс“ во режија на Теа Беговска и со средства од сопствената сметка. Зошто се одлучивте за овој чекор и како публиката ја прифати претставата?

– Лично сметав дека ни е потребно освежување во репертоарот на ДТС со наслов што е препознатлив за широката публика. Притоа, сакав тоа да биде нешто што ќе задоволи сериозна театарска естетика. Значи, не бев заинтересиран за театар што ќе продава билет повеќе по секоја цена. Напротив, сакав претстава во која ќе го вложиме сиот креативен уметнички потенцијал што го поседува ДТС, но и претстава за која ќе се бара билет повеќе. На сопствената сметка имавме повеќе од доволно за да направиме претстава и му предложив на Управниот одбор да ме поддржи во реализацијата на овој проект. Од друга страна, пак, не газевме на „гнила штица“, затоа што Теа Беговска веќе имаше една извонредна постановка на „Фамилијата Адамс“ во Театарот за деца и младинци на албански јазик од Скопје. Кога на оваа идеја ќе го додадете брилијантното и театарски богато сценографско решение на Никола Пијанманов, извонредните костими на Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, како и музиката на Енес Беговски, едноставно, шансите да нема добар производ беа сведени на минимум. Притоа покажавме дека не мора секогаш да се „вадиме“ на синтагмата „немаме доволно пари за продукцијата“ и дека со голема желба и макотрпна работа може многу да се постигне. И мислам дека успеавме. „Фамилијата Адамс“ е извонредно примена од нашата публика, салонот е полн и секогаш ни недостигаат 30-40 билети по изведба за сите оние што сакаат да ја видат претставата.

Во времето во кое живееме борбата за секој еден гледач е од суштинско значење за нашето опстојување / Фотографија: Филип Кондовски

На почетокот од оваа година воведовте сезонски блок-билети. Колку е важно театарот постојано да ја анимира својата публика?

– Најважно е! Заврши времето кога театрите беа повластениот медиум, медиум во кој се случуваше најдобрата забава и медиум преку кој се упатуваа пораки од најразличен тип, па живеевме во комотната позиција на „ние сме најдобри и најважни, каде ќе одат луѓето ако не кај нас“. Кога ќе се соочите со фактот дека не сте најважните во животот на луѓето и дека секој сака да си го организира животот како што тој смета дека треба, почнувате да наоѓате и начини како вие да ѝ се доближите на публиката. Почнавме да објавуваме репертоар за повеќе од еден месец, сè со цел да отвориме поголеми можности за избор. Воведувањето блок-билети се покажа како извонредно успешен потег. Јануари е најтешкиот театарски месец за продажба и попустите што публиката ги добива со купување блок-билети ни ја „олеснија задачата“ во смисла на тензија дали ќе има или ќе нема доволно публика за претставите. Во времето во кое живееме, борбата за секој еден гледач е од суштинско значење за нашето опстојување. На крајот на краиштата, ние постоиме само и само за нашата публика, затоа што нема театар ако нема публика.

(Интервјуто е објавено во „Културен печат“ број 267, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-9.2.2025)

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....