Заканата е упатена преку анонимна електронска пошта и е потикната од залагањето на Фетаи за замена на формулацијата во Уставот „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните со албански јазик.“ Пораката е насловена „Куршум во главата за тебе шипо Фетаи“, а во содржината на пораката се тврди дека формулацијата 20 отсто нема да се менува, туку се албанско ќе се убие со куршум во глава.
Заканувачот смета дека Албанците треба да цркнат, само мртов Албанец е добар Албанец. На крај им посакува смрт на сите Албанци. Во заканувачката порака Албанците се етикетираат со погрдниот збор „шиптар“! Лично вицепремиерот Фетаи за случајот го има информирано министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со барање што побрзо да се расветли случајот и да се зголемат безбедносните мерки. Фетаи смета дека екстремиистите треба да добијат соодветен одговор согласно законите.
Тој смета дека лицата со племенски ментален склоп и како коалиција Влен никој нема да ги спречи да ги реализираат преземените заложби пред граѓаните. Албанскиот јазик не загрозува никого, туку е богатсво и средство за комуникацџија и соработка. Остануваме посветени на европскиот пат, вели Фетаи.