28.8 C
Скопје
05/05/2025 15:39
МАКТЕЛ

     

Како Полска со широки раце ги прими бегалците од Украина

      

Полското општество со раширени раце ги прими бегалците од Украина во своите домови. Со одлуката без преседан на полските власти, Украинците стекнаа исти права како Полјаците – во суштина, немаат само можност за гласање. Кога на 24 февруари 2022 година руските војници влегоа на територијата на Украина, ја започнаа најголемата војна на теренот на Европа од Втората светска војна наваму. Според податоците на ОН, безмалку 14 милиони лица беа присилени да ги напуштат своите домови, а речиси 8 милиони пребегаа од земјата. Главно жени, деца и стари лица.

Слично како за време на Втората светска војна, Русија започна прогонства во Сибир, а во освоените месности почна да им врши тортура на елитата и на војниците, силувајќи жени и извршувајќи геноцид. Од хоророт на дејствијата на руските служби бегаа милиони жени. Пред 80 години, една од нив беше мојата баба, која одлучила со сестра си да се пресели во Полска, а не да се врати во Украина, којашто беше управувана од варвари. Војната во Украина за мене и за многумина Полјаци не е само чин на агресија кон соседот, туку всушност и кон нас.

   

Од почетокот на агресијата на Русија, полско-украинската граница ја преминаа над 7,4 милиони бегалци од Украина, но истовремено околу 5,6 милиони ја преминале границата во правец на Украина, што значи дека во Полска останале околу 1,5-2 милиони бегалци. Заедно со претходниот бран на емиграцијата од Украина, која започна по војната во Донбас во 2014 г., во Полска живеат околу 3-3,5 милиони Украинци.

Спонтаната масовна реакција на полското општество ги надмина сите очекувања. Во помошта за бегалците беа ангажирани 70 проценти од возрасните Полјаци. Луѓе нудеа соби или дури и цели станови. Така постапија 7 проценти Полјаци, што значи неколку стотици илјади семејства прифатени во домовите, а не во логори, како по примерот на други кризи од овој вид. Околу 59 проценти од Полјаците беа ангажирани во купување артикли за прва потреба, а 53 проценти уплаќаа пари за бегалците. Според истражувањата на Полскиот институт за економија, во текот на првите три месеци Полјаците одвоиле вкупно дури 2 милијарди евра за поддршка на Украинците што бегаат од војната.

Благодарејќи на промените на законот во Полска, Украинците можат да добијат матичен број, ист каков што поседува секој граѓанин на Полска. На таа основа, можат 18 месеци легално да престојуваат во Полска. Имаат право да отворат личен профил, односно дигитален идентитет, можат да користат разни социјални услуги, вклучително и семејна социјална помош, чија вредност е околу 120 евра за секое дете.

Бранот бегалци по избувнувањето на војната се главно жени. Над 60 проценти од нив дојдоа со деца, па најпрвин за нив бараат место во училиштата и градинките, а дури потоа може да бараат работа.На украинските бегалци им следуваат семејни и воспитни бенефиции, бенефиции за запишување во училиште или старателски бенефиции, кои изнесуваат дури 2,6 илјади евра. За да ги згрижат децата, општините отворија дополнителни детски градинки со поедноставени правила, а многу јавни институции беа пренаменети во времени преноќевалишта. За бегалците, исто така, беше определена и еднократна помош во износ од 80 евра по лице.

На Украинците што бегаат од војната им беше обезбедена и бесплатна психолошка помош, прехранбена помош или пристап до медицинска грижа. Благодарејќи на искуството со онлајн настава, училиштата можеа доста брзо да се реорганизираат, за да примат 200 илјади дополнителни ученици од Украина (само во Варшава има близу 20 илјади). Беа либерализирани и прописите за вработување учители, за помеѓу бегалците да се вработат луѓе што зборуваат украински. Украинските деца, кои во полските училишта учат на полски, често посетуваа онлајн настава и на часовите во украинските училишта.

Полска ги либерализираше и прописите за вработување Украинци. Доволно е работодавачот, во случај на вработување лица од Украина, во рок од 7 дена да ја извести соодветната институција за вработување. Украинците можат да основаат и да извршуваат стопанска дејност во нашата земја под истите услови како полските државјани. На тој начин се вработија над 450 илјади лица – ако земеме предвид дека во Полска има регистрирано околу 600 илјади украински бегалци на работоспособна возраст, значи дека се вработиле околу 60 проценти од нив. Освен тоа, Украинците основаа над 10 илјади фирми, што значи дека се одговорни за речиси секоја десетта новорегистрирана стопанска дејност.

Без преседан е тоа што Полјаците, слично како Украинците, можат слободно да се вработуваат во Украина. Тоа ќе биде од голема корист кога ќе започне процесот на обнова на Украина, дури и без примирје. OECD (Организација за економска соработка и развој) проценува дека трошоците за издршка на воените бегалци од Украина во 2022 г. во Полска ќе изнесуваат 8,4 милијарди евра и ќе бидат највисоки меѓу државите што припаѓаат на OECD (вкупните проценети трошоци во државите од OECD изнесуваат 26,8 милијарди евра). На следните места се Германија (6,8 милијарди евра) и Чешка (2 милијарди евра).

Солидарноста на општеството во Полска е неверојатна. Полскиот и украинскиот народ секогаш ги поврзувале многу нешта, иако нашата заедничка историја бидувала и болна. Многумина Полјаци би можеле да раскажат семејни истории слични на мојата или во сеќавањето чуваат злосторства извршувани врз Полјаците во Волињ од украинските радикали за време на Втората светска војна. Денеска, сепак, сето тоа е минато и е очигледно дека им помагаме на нашите соседи во нужност и дека ќе им помагаме, сѐ додека ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.

Пјотр Арак
директор на Полскиот институт за економија (Текстoт е објавен заедно со полскиот месечник „Сѐ што е најважно“ во историскиот проект со Институтот за национално сеќавање и со Полската национална фондација.)
извор

  

Најново

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Путин: Западот се обидува да не испровоцира да употребиме нуклеарно оружје против Украина

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште

Sase Ivanovski

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

Sase Ivanovski

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари

Sase Ivanovski

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

Скопската „гротескотопија”

Sase Ivanovski

Денко Малески: Кажи само па ќе те обесат на плоштад!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Многу ја чинат државата – колку заработуваат германските пратеници?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Средбата на Путин со Трамп е неопходна, вели Кремљ

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Трамп планира рекорден буџет од трилион долари за одбраната

Sase Ivanovski

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Над 200 тони јагнешко ќе се увезат во Бугарија за Ѓурѓовден

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Сакаме квалитетен мед, а пчелите се трујат со токсични метали!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата

Sase Ivanovski

(ФОТО) Дина Јашари со нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Sase Ivanovski

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Златко Крамариќ на „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“

Sase Ivanovski

СЗДМ: Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

Sase Ivanovski

Музејот Ефес фрла светлина на историја долга 3500 години

Sase Ivanovski

Трамп за потенцијален трет мандат: Не знам дали е уставно или не

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во близина на Лос Анџелес: Едно лице загина, две куќи се оштетени

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

Зеленски: Примирје со Русија е можно во секое време

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Случај Татјана Димитровска ДКСК, врските со ТЕЦ Неготино

Sase Ivanovski

Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Врвни совети за маслиново дрво за бесмртност

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА МИНИ ПРЕРАСПРЕДЕЛБА“: министерката за финансии за пренасочувањето на пари од буџетот

Sase Ivanovski

Затворени гласачките места на претседателски избори во Романија, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОБВИНУВА МОСКВА ЗА ДВОЈНА ИГРА – Русија бара мир на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Sase Ivanovski

Нетанјаху најави остар одговор по нападот на Хутите врз главниот аеродром во Израел

Sase Ivanovski

НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ УПОТРЕБАТА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп не се откажува од идејата да го преземе Гренланд

Sase Ivanovski

Свадбена поворка направи хаос во Холандија: Ги блокирале улиците, поминале на црвено светло и возеле во спротивна насока

Sase Ivanovski

Како вештачката интелигенција може да го ви го олесни животот?

Sase Ivanovski

Си ќе ја посети Русија за Денот на победата и ќе разговара со Путин

Sase Ivanovski

Претседателот на Малдивите одржа рекордна прес-конференција од 15 часа

Sase Ivanovski

На 4 мај 1980 почина човекот кој им рече ,,не” и на Хитлер и на Сталин, а им рече ,,да” на сите поробени и колонизирани народи низ светот помагајќи ја нивната борба за слобода, знаејќи го значењето и жарот на желбата за истата – почина Тито

Sase Ivanovski

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА СТАРТУВА НАСКОРО, ОБЈАВИ ПРЕМИЕРОТ: треба да се вработат над 200 луѓе

Sase Ivanovski

Путин (72): Наследството секогаш е во мојот ум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кафич во Црна гора стана вирален поради погледот…

Sase Ivanovski

Еве што го движи Влатко Стефановски низ светските музички врвови 5 децении…

Sase Ivanovski

Ноќта на 18 јуни 1875 година, избувна катастрофален пожар во областа Либерти во Даблин, засекогаш врежан во историјата како Големиот пожар на вискито во Даблин

Sase Ivanovski

Сведоштво од војната во 2001 год. Двајца тинејџери, со храброст поголема од стравот, трчаат под оган носејќи муниција до митралеското гнездо на нашите единици

Sase Ivanovski

СЕ ОДДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ГАЗИ БАБА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Sase Ivanovski

Зошто каматите кај брзите кредити се повисоки? Еве ја вистината!

Sase Ivanovski

ЕДНА ОД НАЈЛЕГЕНДАРНИТЕ СКОПСКИ ФОТОГРАФИИ: ТИТО ОД ТЕРАСАТА НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ПРЕД 100 000 НАРОД

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска за „Алфа“: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Sase Ivanovski

МОТОРЏИЈА ЗАГИНА НА ПАТОТ ДЕБАР-СТРУГА Скопјанка е повредена во сообраќајката

Sase Ivanovski

ПРИСУСТВУВАА 2,1 МИЛИОН ОБОЖАВАТЕЛИ Спречен е бомбашки напад на концертот на Лејди Гага на Копакабана

Sase Ivanovski

„ВОСТАНИЕТО Е НЕИЗБЕЖНО“ Последната средба на Гоце и Даме во Солун

Sase Ivanovski

„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ПРЕГАЗИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА Тешко повреден е хоспитализиран во „Свети Еразмо“

Sase Ivanovski

СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров

Sase Ivanovski

ЈА БОДЕЛ СО НОЖ ПО ВРАТ ПРЕД ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА Скопјанец свирепо ја убил партнерката

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Градиме нова Поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти, мојот народ заслужува!

Sase Ivanovski

Рама: На 11 мај Албанците на средба со историјата, ќе се одреди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ

Sase Ivanovski
Вчитувам....