Во осумдесеттите години нивниот хит ,,Лео” ја освои југословенската музичка сцена, и од тогаш започна нивниот естраден успех.
Песната ,,Роѓени” пак, чиј автор е Ромео, стана една од најпопуларните балади во Југославија и еден вид на лична карта на Калиопи.Иако пред повеќе години се разделија како брачен пар, тие двајцата ја продолжија соработката. Го имаат синот Пако кој не се експонира во јавност, а често знаат да изјават дека и по разводот останале најдобри пријатели и соработници.