Овие месеци глетката на бензиските пумпи на Макпетрол во Скопје беше многу интересна, вриеше автобуси на ЈСП кои полнеа нафта од овој наш познат бренд. Си реков, аха, еве како дада Данела си ја купува Телма за да не ја критикува и да ја промовира.
Кога што ќе видам вчера, Телма пука жестоко по ЈСП и по градоначалничката?! Неверојатно, ЈСП полни нафта кај сопствениците на Телма, но Телма работи строго по принципите и рока и меле се пред себе не ебава жива сила, застанаа на страната на Скопјани кои се гмечат како сардини додека Данела си игра играчки се кара со сите партии исправа криви дриви додека Скопјани патат?!
Мора да имаат главоболка во менаџментот во Макпетрол поради овој принципиелен став на уредништвото на Телма, но морам да ги пофалам колегите во Телма, браво, што да се каже, вие сте боговите на македонското новинарство, продолжете така, вие уште со Топ Тема бевте дел од рушењето на Груевизмот, тоа народот ќе ви го памти како голем учинок во демократијата и слободата на говор и критичката мисла, продолжете така и понатака, браво!