Комерцијална банка е особено горда и почестена од оваа награда затоа што таа е „гласот на клиентите“ на македонскиот пазар на банкарски услуги. „Best Buy Award“ се доделува врз основа на изборот на потрошувачите, кои на истражувањето од ICERTIAS одговорија дека од Комерцијална банка добиваат најдобар квалитет на производите и услугите за најдобра цена. 😊
Наградата „Best Buy Award“ се доделува во над 40 земји на 5 континенти и ја имаат добиено редица реномирани компании кои во фокусот на своето работење го имаат интересот на потрошувачите. 🌎
„Best Buy Award“ е уште еден поттик за да останеме фокусирани на интересот и потребите на нашите клиенти, на постојаните иновации и инвестиции во нови производи и услуги кои ги следат новите потреби на пазарот, на знаењето, посветеноста и професионалноста на вработените за клиентите да донесат вистинска финансиска одлука. 🙌
#ПолесноЕЗаедно