МАКТЕЛ

     

Клиника Жан Митрев: Револуционерен пристап за лекување на дијабетични рани на стaпалото и спречување ампутации

      

Третманот на пациенти со дијабетес, покрај основната терапија за одржување на нормална гликемија, треба да вклучува и рана детекција на невропатијата. Исхемијата, невропатијата и инфекциите претставуваат три основни фактори кои придонесуваат за развој на дијабетични улкуси на стапалата. Често, инфекцијата која настанува како последица на веќе присутна невропатија и исхемија води кон ампутација. За да не се случи тоа потребо е да се реагира навремено и соодветно. Дијабетесот е глобален здравствен предизвик со сè поголема инциденца на светско ниво. И покрај континуираните напори за развој на нови лекови и стратегии за одржување на нормални гликемиски вредности, потребно е внимателно следење на можните компликации на оваа болест. Кај дијабетичарите, хроничната хипергликемија доведува до акумулација на сорбитол во нервните клетки, што резултира со задржување на вода и оток на нервот. Кога едематозниот нерв минува низ тесни анатомски структури, како што се нервните тунели, тој е подложен на компресија, што доведува до периферна невропатија – еден од главните фактори за појава на дијабетични улкуси. Покрај тоа, кај овие пациенти е зголемен ризикот од периферни васкуларни заболувања, оштетено заздравување на раните и намалена способност за справување со инфекции. Тарзалниот тунел, лоциран на внатрешната страна на глуждот, е анатомски ограничен простор кој е формиран од коските на стапалото и цврстиот флексорен ретинакулум. Внатре во него се наоѓаат и неколку значајни структури нерви, тетиви и мускули.

Задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) е главниот нерв што минува низ тарзалниот тунел и е одговорен за сетилната инервација на стапалото и глуждот. Движејќи се низ овој анатомски простор, тој се разгранува на неколку сензитивни гранки кои инервираат различни региони на стапалото. Покрај сензорната функција, задниот тибијален нерв (N. tibialis posterior) и неговите гранки играат клучна улога и во моторната контрола на стапалото. Кај пациенти со дијабетес, невропатските оштетувања на овие нерви можат да доведат до губење на чувствителноста, со што стапалото станува подложно на механички повреди и појава на дијабетични улкуси. Намалената перцепција на болка кај овие пациенти често резултира со ненавремено препознавање на повреди, што дополнително ја влошува состојбата и доведува до компликации кај веќе присутните улкуси. Современите истражувања и искуства од водечки медицински центри ја нагласуваат важноста на декомпресијата на тарзалниот тунел во подобрување на функцијата на нервите и микроциркулацијата. Затоа, раната детекција на невропатијата кај пациенти со дијабетес е од суштинско значење за превенција на тешки компликации. Покрај контролата на гликемиските вредности, неопходно е редовно следење на состојбата на кожата на стапалото и присуството на невролошки симптоми како што се болка (со проценка на нејзиниот интензитет и локализација), парестезии, вкочанетост, чувство на пецкање, губење на моторните вештини и судомоторни нарушувања.

   

Методот на Делон: Ова е ефикасен метод воведен од д-р Делон (Dellon) професор по пластична и неврохирургија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор – САД, инаку истакнат хирург и научник, кој се смета за еден од пионерите во хирургијата на периферни нерви поради воведените бројни техники и постулати во оваа област. Овој негов метод се користи за декомпресија на тарзалниот тунел и се применува кај пациенти со дијабетична невропатија. Бидејќи дијабетесот е системско заболување кое, меѓу другото, ги зафаќа и периферните нерви, кај пациентите често се развива невропатија, особено во пределот на стапалата. Ова води до намален сензибилитет, чувство на тежина, нестабилност при одење, чувство на горење и зголемен ризик од развој на дијабетични улкуси. Овие улкуси често се хронични и тешко заздравуваат, а нивната инфицираност може брзо да напредува, што во многу случаи доведува до потреба од ампутација на погодениот екстремитет. Токму благодарение на соработката со него и личната подршка, овој метод се применува во Македонија. Секако клучно за постигнување на оптимални резултати кај лица со дијабетична невропатија е дали тие одговараат за оваа процедура. За важен клинички показател за периферна невропатија се смета позитивниот Тинел (Tinel) знак, со 92% позитивна предиктивна вредност кај дијабетична невропатија и 88% кај идиопатска невропатија. По успешна декомпресија на тарзалниот тунел, често се забележува негативизирање на овој знак (Слика 2).

При клиничката евалуација на пациент со дијабетична невропатија на стапалото, често се забележуваат симптоми како болка, вкочанетост, чувство на печење и тежина во стапалото. При проценка на болката, посебно внимание се посветува на нејзиниот интензитет, локализација и отпорност на стандардна аналгетска терапија. За објективна проценка на сензорната функција на периферните нерви на стапалото, се користи уредот така наречен Делонов дискриминатор (Dellon discriminator), со кој се изведува тестот за дискриминација во две точки (Two-Point Discrimination). Овој тест се спроведува на три специфични сензитивни региони на стапалото: медијален плантарен (MP), латерален плантарен (LP) и калканеален регион. Овие региони се инервирани од различни гранки на задниот тибијален нерв, што овозможува детален увид во состојбата на нервната функција. (Слика 3)

Слика 4: Процедурата на Dellon за декомпресија на постериорниот тибијален нерв
Стапало, лекувањето на хронични рани и долгорочната превенција на ампутации на долните екстремитети кај пациенти со дијабетес. (Слика 5)

Оваа процедура во нашата клиника ја применува д-р Софија Пејкова која како гостин предавач сподели свои искуства на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН) која се оджа во јануари годинава. Презентација на нашите искуства од примената на техниката Делон за декомпресија на тарзалниот тунел кај пациенти со дијабетична невропатија на годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН).

  

Најново

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка кој почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Тапанот на Ѓоргиев од ДНК доби нов дом: „Ѓорѓи нека свири преку тебе“

Sase Ivanovski

ЗНМ-Извештајот на Репортери без граници укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите

Sase Ivanovski

Погледнете го новото видео „Од статистички податоци до ефективни политики“, креирано во соработка помеѓу Finance Think и Државниот завод за статистика

Sase Ivanovski

Касами: Ние не го избркавме Таравари, тој самиот излезе и отиде кај ДУИ

Sase Ivanovski

ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

Sase Ivanovski

Денко Малески: Погрешен „Ден на македонската дипломатија“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сакате евтина работна сила за да нѐ нудите како робови на странски инвеститори? Трендафилов најави нови протести ако не се зголемат платите

Sase Ivanovski

Разбивање бариери, зголемување на продуктивноста!

Sase Ivanovski

Повеќе жени на пазарот на труд – повеќе економски можности за сите!

Sase Ivanovski

Уапсениот Грузиец во Грција осомничен за шпионажа бил регрутиран од негов сонародник во Литванија веројатно за руските тајни служби

Sase Ivanovski

Првпат во земјава спроведен рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Маж од Јапонија со автомобил удрил во седум ученици на возраст од 7 и 8 години – рекол дека сакал да ги убие

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пандев исправен пред тешки прашања…Но Гоче секогаш има одговор..

Sase Ivanovski

Амал Клуни се соочува со забрана за влез во САД

Sase Ivanovski

Германија: Целата АфД класифицирана како десноекстремна

Sase Ivanovski

Жерновски: Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос

Sase Ivanovski

„Сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување“, велат од ДУИ по повод падот на Македонија во Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Амзир Рушити (67) од Куманово во хумана мисија во Кочани – Ќе чисти 62 оџака во Кочани за да донира за повредените

Sase Ivanovski

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

Sase Ivanovski

Вработените во Зоолошка излегоа на протест: „Велигден и Први мај ги поминавме без плата“

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Sase Ivanovski

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Sase Ivanovski

Министерството за здравство: Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Sase Ivanovski
Вчитувам....