24.8 C
Скопје
30/06/2025 22:30
МАКТЕЛ

   

Ковачевски: Иднината е полноправно членство во ЕУ, секоја одлука што ја носиме е во интерес на граѓаните и државата

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска се сретна со европратеничката и лидерка на пратеничката група на Прогресивната Алијанса на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент Ираче Гарсија Перез, по што се одржа и заедничка прес-конференција.

   

На прес-конференцијата, како и на состанокот е изразена јасна поддршка на напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и полноправно членство во Европската Унија.Во продолжение е обраќањето на премиерот Ковачевски  на прес-конференцијата:„Денес имав чест да се сретнам со европратеничката Ираче Гарсија Перез која воедно е и Претседателка на групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент.Драго ми е што, од нашата последна средба во Брисел, ние веќе имаме можност да разговараме за отпочнатите преговори на ЕУ со СМ, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за потпишаниот Договор за ФРОНТЕКСТ, за нашата европска иднина и европски пат. Отпочнувањето на преговорите на 19-ти јули годинава означува ново поглавје во нашиот европски пат и е јасен приказ за сите наши досегашни реформи и заложби како Влада да ја оствариме нашата стратешка цел, полноправното членство во ЕУ.По тешките и долги преговори со Бугарија, покажавме визија, лидерство и храброст и донесовме одлуки кои ќе значат подобра иднина, подобар животен стандард за граѓаните, ќе значат можност, нашите деца, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во нашата Северна Македонија.Она што беше исклучително важно за нас во преговорите, а за кое успеавме да се избориме, е заштитата на македонскиот јазик и негово издигнување на еднакво рамниште со сите европски јазици, заштита на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти историчари, а не политичари и тоа во рамки на историската комисија. Сето ова го обезбедивме и ги започнавме преговорите и од тогаш до денес, и ние, и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања. Прв доказ за тоа исполнето ветување е потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и појаснувања.Со европратеничката разговаравме и за успешно отпочнатиот скрининг процес и нашата подготвеност истиот да го завршиме брзо. Нашиот тим е подготвен, има експертиза, знаење и јас верувам дека ако продолжиме со ова темпо, скринингот ќе биде завршен за 14-тина месеци така како што и на почетокот планиравме.Следниот чекор секако на нашиот европски пат ќе се уставните измени, за кои очекувам сите 120 пратеници во Македонското Собрание да покажат државништво и да донесат одлука која ќе значи напредок на нашиот европски пат. Навистина не беше лесно да се донесат одлуките кои што во изминатите 5 години ги донесе Северна Македонија. Меѓутоа, кога пред вас имате тешка одлука, тогаш имате избор или да оставите да биде сé така како што било и да ја оставите земјата во стагнација и неизвесност или пак да донесете одлука со која ќе овозможите за идните генерации подобра иднина, тогаш правилната одлука е многу јасна.Нашата цел е полноправно членство во ЕУ. Тоа е наградата на крајот на овој европски пат кој знам дека нема да е лесен и со европратеничката разговаравме за тоа како течат преговори, за реформите кои треба да се прават и дека тоа е еден широк општествен процес на позитивна трансформација на општеството со цел полноправно членство на државата во ЕУ. И обезбедување на општество со подобро владеење на право, со помалку корупција и со подобри плати за сите нејзини граѓани. И тој пат мора да се изоди, затоа што ние, немаме друга алтернатива. Европската Унија е нашиот единствен пат за нашата држава. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Едноставно заради подобар живот.На крајот на секој тежок пат е големата награда, а таа голема награда е полноправно членство во ЕУ. Големата награда е нашите граѓани, идните генерации да живеат во ЕУ, горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик, со македонски идентитет со македонска култура да бидат жители на ЕУ и многу побитно, побогати граѓани од тоа што се денес.Сега, само и единствено од нас зависи продолжувањето по овој европски пат. Односно зависи од 120 пратеници во Собранието, кои се пред сѐ претставници на граѓаните. А граѓаните сакаат подобар живот, сакаат земјата да е членка на ЕУ, сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат својата иднина.Европската Унија се покажа како партнер од доверба и ги исполни и своите ветувања. Затоа и неодамна нѐ посети и претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен, која меѓу другото нѐ информираше за поддршката во форма на грант од 80 милиони евра кои Северна Македонија ќе ги искористи за справување со економско-енергетската криза.Напорно работиме како Влада за да обезбедиме преку неколку пакети антикризни мерки заштита на најранливите граѓани е приоритет на оваа Влада. Обезбедивме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а континуирано обезбедуваме 80% субвенционирање на електричната енергија како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, односно основните и средните училиштата, водоснабдувањето и здравството. Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и намалување на цени на основните производи за најмалку 10% со што во време на најтешка зима, го штитиме стандардот на граѓаните, но и ги враќаме парите на граѓаните кај тие што ги плаќаат даноците.Ние покажавме дека сме одговорна Влада, Влада која се придржува до социјалдемократските принципи, бидејќи СДСМ е водечка партија во оваа Влада која одговорно менаџира со буџетот и токму затоа можевме изминатиов период да ги обезбедиме овие финансиски средства и антикризни мерки, да обезбедиме зголемување на минималната плата на 18.000 денари, да ги зголемиме пензиите, да обезбедиме зголемувања на платите во образование, во полиција, во здравството, да обезбедиме континуирано зголемување на просечната плата, со крајна цел зголемување на животниот стандард на граѓаните и заштита на најранливите категории на граѓани. Само со ваков одговорен пристап се можни вакви подобрувања во вака краток период.Со тој одговорен пристап и со конструктивен приод, ние вчера успеавме да дојдеме до решение и за студентите во однос на нивните барања за студентскиот оброк. Истиот ќе продолжи да се користи по старите критериуми и да не заборавиме дека студентскиот оброк за прв пат беше воведен од страна на оваа Влада пред само 2 години. 30 години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса. 30 години студентите сите сметавме дека се само деца кои што треба да одат во школо, меѓутоа и да не учествуваат во политички процеси. На моја иницијатива вчера јас отидов во Собранието и седнав со сите лидери на студентските движења. Таму имаше околу 20 млади студенти, студентки кои ги водат студентските организации. Со нив разговарав за сите детали во однос на справувањето со енергетската криза, за основните елементи на буџетот, за претпоставките кои ги имаат тие во однос на тоа како треба да изгледа новото законско решение за кои се договорија со Министерството за образование и наука и пратениците од владејачкото мнозинство, за едно системско решение. Тогаш кажав, на состанокот и вчера во изјава за ТВ и денес повторувам дека студентите се наши деца и дека тие студенти имаат право да го кажат својот глас. Секако дека мора да бидат вклучени во носењето на политиките кои што нив ги засегаат, а кои што го засегаат и општеството.Предолго ние во општеството зборуваме само за стопански комори, зборуваме само за синдикати, а треба да се зборува, предолго зборуваме за стапки на раст, за приходи, за профити, а најмалку зборуваме за студентите. Затоа во работната група која ќе работи на изготвување на решението кое ќе биде системско и за кое има рок, Министерството за образование и наука да го направат до март ќе учествуваат и студентите.А денес планирам и на владината седница да му сугерирам на Министерството за образование и наука покрај тоа што во изготвувањето на новиот закон за високо образование во кој ќе учествуваат професорите, што е нормално, да бидат вклучени и претставници на студентите. Истото се однесува и на други закони меѓутоа и на други политики во државата и јас дури размислував вчера и сакам, кога ќе ги имам советите кај мене во Влада, во Кабинетот во однос на подготвување на одредени законски решенија да повикувам и претставници на студентите.Затоа што тие одлуки на крајот на денот, ја креираат нивната иднина. Истиот тој дијалог со студентите вчера вроди со плод дека старите критериуми што вчера ние ги воведовме за студентски оброк ќе важат до воведување на ново решение, а преку отворен дијалог ќе најдеме и системско решение уште на почетокот на наредната година, односно во текот на првиот квартал. Студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, конструктивно, а ние треба да сме тука да ги чуеме, да разговараме и да преземе мерки за подобрување на нивниот стандард, бидејќи тие повторувам уште еднаш, се иднината на оваа држава и одлуките кои јас ги носев, тешки одлуки, одлуки кои беа тешки, не само за мене, тие беа тешки и за доминантниот број на граѓаните. Особено за Македонците. Тие ги донесовме заради идните генерации на оваа држава. А идните генерации на оваа држава се токму студентите кои сега се на факултетите.Тоа е суштината на социјалдемократијата, суштината на вакво водење на влада и навистина сум задоволен и горд што овие наши напори дадоа резултат изминатиов период, но воедно и беа препознаени како ефикасни од Европската Унија по што следеше и нивната поддршка. Но, следи и идна поддршка, особено за проекти во енергетскиот сектор, бидејќи ние сме вклучени во заедничката набавка на енергенси на ниво на ЕУ, нашите министри веќе учествуваат на состаноци со министрите од земјите членки на ЕУ со кои сум сигурен ќе обезбедиме забрзана енергетска трансформација на земјата и можност да ги искористиме одговорно ресурсите со кои располага земјата, за наша заедничка подобра иднина”.Европратеничката и лидерка на пратеничката група на Прогресивната Алијанса на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез на прес-конференцијата рече дека е тука да се поддржи динамиката во евроинтеграцискиот процес, дека Северна Македонија припаѓа на ЕУ, дека требаше лидерство да се донесат тешки одлуки, но дека тие вредат и порача да се стават националните интереси над партиските интереси.И на прес-конференцијата и на состанокот пред неа е изразена определба за заедничко надминување на предизвиците во глобалната криза.

   

Најново

СДСМ за Димитриевски: Човекот кој ја градеше кариерата како силен борец против ДУИ, сега ведне глава пред ВЛЕН

Sase Ivanovski

ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ТЕХЕРАН „Не беа спремни да го преместат ураниумот, истураа бетон за да го затворат влезот“

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Како е можно сите проекти на СДС во нивното владеење да се завршени 90%, а ни еден 100%?

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ не знае да биде опозиција

Sase Ivanovski

МНР го потврди загинувањето на 9-годишната Адна во Италија: Конзулатот е во комуникација со семејството

Sase Ivanovski

Рекорден мај со ВЛТ добивки: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати над еден милион евра

Sase Ivanovski

АКТЕРОТ МЕЛ ГИБСОН ЈА ПОСЕТИ СВЕТА ГОРА, ФОТКИТЕ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маалски муабети на Герасимовси со жителите на Градски ѕид: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Sase Ivanovski

ЛЕКОТ PAXITACEL Е НАРАЧАН, ЗА НЕГО ИМА ЗАМЕНА Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, велат од Онкологија

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, @MartaKosEU, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА: Денеска, на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот, ја споделив нашата визија за посветена, правична и одржлива иднина

Sase Ivanovski

РУЧАТЕ ВО ОХРИД, А ПЛАЌАТЕ КАКО ВО МОНТЕ КАРЛО Туристите се жалат на високите цени, угостителите креваат раменици

Sase Ivanovski

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ И ЕДИ РАМА СЕ СКАРАА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ, ПА СЕ ОПКЛАДИЈА Кој изгуби и што треба да направи губитникот?

Sase Ivanovski

ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт

Sase Ivanovski

„МОЈ ТЕРМИН“ СО НОВИ ПРАВИЛА Ќе се знае точно кој каде треба да оди

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар

Sase Ivanovski

ИРАН МУ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА НУКЛЕАРНА АГЕНЦИЈА Не дозволува ниту надзорни камери

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА СЕ РАЗОРУЖА ХЕЗБОЛАХ“ Бејрут има неколку барања за Тел Авив

Sase Ivanovski

„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади

Sase Ivanovski

Јанчев од Левица: Кожуф е наш дом, нема да дозволиме уништување за хидроцентрали

Sase Ivanovski

ААВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА КОСТАДИНОВ КОН ЛАТАС „Политичарите треба да дадат пример за достоинствена комуникација“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата

Sase Ivanovski

ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЛОКИРАНИ АКО БУГАРИЈА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА Процесот на евроинтеграции е жив, а бугарското вето е пречка само за отварање на преговорите според рамката

Sase Ivanovski

РАБОТНИК СЕ ПОВРЕДИЛ СО ВИЉУШКАР НА ПАРКИНГ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР Завршил во болница со тешки повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Електронскиот попис не може да обезбеди точни податоци за место на живеење и да потврди националност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ПРЕГАЗЕШЕ ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Покрај Владата на Унгарија и унгарската централна банка е наш голем пријател и поддржувач

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство

Sase Ivanovski

(Видео) Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста во Истанбул

Sase Ivanovski

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен

Sase Ivanovski

Од утре забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

Sase Ivanovski

19-годишна девојка пијана предизвикала сообраќајка во Радовиш и побегнала од местото

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк, го нарече чист комунист

Sase Ivanovski

Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Sase Ivanovski

Најмалку 46 лица го загубија животот во поплавите во Пакистан

Sase Ivanovski

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

Sase Ivanovski

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski
Вчитувам....