Премиерот Димитар Ковачевски од Прилеп кон опозицијата порача дека не се плашат од избори, додавајќи дека тие немаат конзистентен став.„Имаше избори во август годинава во општините Центар Жупа, Маврово Ростуше и Тетово и таму се потврди дека тоа што го прават е само за себе. Се потврди дека доживеаја најголем пораз во општината Маврово Ростуше откако таму се одржуваат избори. Сакам да ѝ порачам на опозицијата дека никој не се плаши од избори бидејќи бевме во август и нив ги немаше пет дена. Се криеја затоа што не знаеја што да кажат за резултатите, порача Ковачевски