Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.
„Со зголемување на производството на државните електрани имаме намалување на цената на електричната енергија во првите два блока, а таму е најголемиот број од домаќинствата кои трошат електрична енергија. Многу благо покачување во третиот блок и поголемо покачување во четвртиот блок. Четвртиот блок се практично наши граѓани кои трошат поголеми количини на електрична енергија кои загреваат поголеми површини, загреваат и базени во текот на зима, но тоа за нив не претставува проблем и добро е што тоа можат да го прават, но плаќаат нормално поскапа електрична енергија. Дополнително што е најважно, за малите компании цената на електрична енергија се намали за 20%, тоа се компании кои вработуваат 98% од вработените во државата“- истакна Ковачевски.