МАКТЕЛ

     

Кога се најопасни амбициозните автократи?

      

Имаше нешто робеспјерско (или на Сен Жист) кога премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот го објави начинот како ќе се пресметува со Судскиот совет, тоа наводно олицетворение на најголем дел од „злото“ што се случува во правосудството:

„Цениме дека треба да се удри во чело. Да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет кои се избираат таму, и таму да им се изгласа интерпелација.“ Тој навести слична постапка и за членовите на Советот на јавни обвинители, со зборовите – „чекор по чекор, ќе дојдеме и до тоа“. Понатаму нема да зборуваме за ситуацијата во Македонија. туку за она што се случуваше или се случува во некои држави од посткомунистичка Европа (сега дел од ЕУ).

   

Вацлав Хавел славно и скромно изјави за време на Кадифената револуција во Чехословачка на крајот од 1989: „Вистината и љубовта мора да триумфираат над лагите и омразата“. Ова сега може да ви изгледа прилично наивно 35 години подоцна. Всушност, тоа изгледаше наивно уште пред 15 години. Па дури и како утопија. Но прашањето е дали треба откажување од оваа прокламација. Целиот регион последниве два месеци е сведок на една неверојатна епопеја на српските студенти во нивниот бунт институциите да почнат да ја вршат својата работа по страшната трагедија со настрешницата во Нови Сад и да откријат кој, зошто и како придонесол во таа коруптивна реконструкција само за да се задоволат итните желби и потреби на властите во Белград. Во овој бунт на исклучително самосвесните студенти, кои барем досега одеа два чекора пред претседателот Александар Вучиќ, ситуацијата изгледа надреална – професорите им се восхитуваат на студентите, не само на нивната организација, туку и на длабочината на нивните ставови и како тие смирено го образложуваат она за што се борат. Можеби затоа што професорите сфатија дека нивниот комформизам им ја блокирал секоја акција.

Српскиот писател Бојан Бабиќ на својот профил на Фејсбук напиша: „Креативните и речиси епски потфати што ги преземаат студентите овие денови имаат далекусежно општествено значење (ако не и конкретни политички последици). Она што ми е особено интересно се еруптивните емотивни реакции на возрасните на студентските активности. Мислам дека тоа кажува многу. Пред сѐ, во нашето општество има силни подземни води на тишина, на недијалог. Затоа, не знаеме како да ја именуваме колективната фрустрација бидејќи за тоа не зборуваме јавно, па дури ни приватно. Ние живееме со неа со децении. И тогаш низ нашето место поминува колона млади луѓе и ние сè уште не можеме да го именуваме тоа на јазик што го разбираме – но можеме да го почувствуваме. Како роб кој не знае како изгледа слободата, но може да ја почувствува“.

 

Српски пример за Америка

Додека одат по улиците на Белград или Нови Сад, или пак кога пешачеа од едниот до другиот град 80 километри, српските студенти во исто време гледаа што се случува преку Атлантикот, како светилникот на демократијата во кого Европејците се поклонуваа почнува да се тетерави под купот извршни наредби на Доналд Трамп, а Американците се прашуваат што е ова што се случува. Некои од влијателните европски медиуми, како „Гардијан“, на пример, ѝ даваат цел нов контекст на приказната од Србија. Дека српските студенти и другите млади борци им порачуваат на деморализираните членови на Демократската партија во САД по поразот – никогаш, никогаш да не се откажувате. Моира Донеган, една извонредна писателка и колумнистка од Универзитетот Стенфорд, брилјантно ја отслика оваа ситуација на американските демократи: „Во месеците по нивниот пораз, демократите се збунети, конфликтни и интерно се караат за тоа како е најдобро да продолжат. Резултатите се контрадикторни и неефикасни. Демократите наизменично го прогласија Трамп за фашист и иден диктатор и си честитаа што мирно му ги предадоа уздите на власта; тие се побунија против неговата корупција и неговата подреденост на неизбраниот јужноафрикански милијардер Илон Маск.

Тие ветуваат отпор кон преземањето на државата од страна на трампистите, а потоа ветуваат дека ќе работат со Трамп на она што тие инсистираат дека се нивни заеднички приоритети“.

Како што вели Донеган, во овој момент на американската политика демократите немаат моќ сами да ги поставуваат условите на дебатата или да ги унапредат сопствените приоритети: „Екстремната десница сама може да дава предлози за политики, на кои демократите можат само да ги свртат палците нагоре или надолу. Многумина од нив ги креваат палци нагоре“.

Така изгледаше Србија до излегувањето на студентите на улиците и блокадата на државните универзитети низ земјата. Разединетата и раздробената опозиција од страна на Вучиќ, без идеологија само со отпор заради отпор, а без супстанца, беше лесен залак за претседателот на државата. Особено откако тој ги презеде во свои раце сите можни лостови на моќта.

Срѓан Цвииќ од белградскиот Центар за безбедносна политика, вака го објаснува заробувањето на институциите. „Нашиот режим не ја лиши Србија од нејзиниот демократски систем со една одлука. Не дојде преку ноќ. Прво ги заробија медиумите, па судството, па другите независни институции, па почнаа да местат избори и на крај се обидуваат да ни го одземат правото на слобода на собирање“.

 

Напад преку уметноста

Тоа не е непознат метод во посткомунистичките земји. Во Словачка, од враќањето на популистот Роберт Фицо за четврти мандат како премиер во октомври 2023 година, државата се сврте од запад кон исток и се оддалечува од либералната демократија кон она што изгледа како авторитаризам. Неговата партија Смер освои само 23 отсто од гласовите, но тој успеа да состави коалиција со која ја преобликува земјата за помалку од две години. Тој го затвори специјалното обвинителство кое беше формирано за борба против корупцијата, ја прошири политичката контрола врз државните и медиумите во приватна сопственост, ги исчисти културните институции и ги постави лојалистите на клучните функции и му се додворува на Владимир Путин како политички сојузник.

Нападот врз уметноста во изминатата година е посебна алармантна приказна. Мартина Шимковичова, поранешна ТВ водителка беше назначена за министерка за култура. Шимковичова, членка на екстремно десничарската Словачка национална партија, го постави тонот за нејзината нова улога со изјавата дека „културата на словачкиот народ мора да биде словачка и никаква друга“. Нејзиниот шеф на кабинетот е човек кој се прашува дали Земјата е навистина тркалезна.

Шимковичова брзо се впушти во чистка на големо низ уметноста. Еден од најеклатантните примери на чистката е она што се случи во Словачката национална галерија (СНГ). Нејзината директорка, Александра Куса, ја претвори галеријата во модерна, славна и популарна институција. Но, во август минатата година, кратко по големото отворање на обновените галерии, Куса беше отпуштена.

Ова доведе до јавен протест и оставки на голем број клучни професионалци во СНГ. Два партнерски музеи, од Австрија и Германија, се повлекоа од изложбата што долго време ја планираа заедно со СНГ. Стотици вработени во Националната галерија масовно дадоа откази и најголемиот спонзор ја прекина финансиската поддршка. Како и во секој авторитаризам сите вакви случувања не ја премислија Шимковичова.

„Сега во Словачка можеме да видиме колку се важни институциите – и не само институциите како судовите или полицијата, туку и културните институции на периферијата“, вели Моника Компаникова, писател и уредник. Таа тврди дека одбраната на демократските норми се состои од многу мали битки, кои се водат секојдневно. „Луѓето треба да бидат свесни дека секој чекор преку линијата што ние го толерираме ја поместува таа линија“, вели таа.

Но исклучително е важно како луѓето да препознаат која е таа линија, каде може да оди демократското назадување и кога тој процес преминува во автократија. Антидемократскиот бран тешко може да се сврти ако не е во прашање некаков вид револуција. На Полјаците тоа им успеа во 2023 кога беше соборена десничарската популистичка партија Право и правда, која го подјарми судството и ја претвори државната радиодифузна мрежа во партиско пропагандно гласило.

 

Отпорноста во Полска

Како можеше да се случи тоа? Една од работите е што демократијата покажа отпорност со тоа што медиумите во приватна сопственост ги издржаа сите притисоци, а 70 отсто од нив останаа независни за време на осумте години на владеењето на Право и правда. Паулина Милевска од Хелсиншката фондација за човекови права во Полска, тоа го објаснува вака: „Она што беше корисно за некои медиуми е што основаа свои фондации, така што не мораа ниту да се затворат ниту да се продаваат. Почнаа да добиваат големи донации од богати поединци“.

Токму тие независни медиуми помогнаа да се создадат услови за рекордна излезност на изборите во 2023 година, кои ставија крај на нелибералната ера во Полска. „Имаше околу 30 различни кампањи пред изборите кои велеа: гласањето е кул, гласањето е секси, гласањето е нешто што сакате да го направите“, рече Милевска. И тоа беше еден од важните фактори за промена на играта и за соборување на авторитарната власт.

Дали овие стратегии можат да бидат пораки за демократите во САД? Можат, ако ги прочитаат и ако брзо се прегрупираат. А таму, како што вели Моира Донеган, тие како да не разбираат како функционира сега американската политика, а се нејзин дел.

Американците ја научија лекцијата од обидот на претседателот Ричард Никсон да ја злоупотреби својата моќ. Тој побара разрешување на специјалниот истражител во Министерството за правда, кој стана опасен за него. По јавните протести, Конгресот го принуди да поднесе оставка. И оттогаш, министерството, кое води и кривична постапка, уживаше голема независност од Белата куќа.

Тоа сега е готово, бидејќи Доналд Трамп и неговата нова јавна обвинителка Пем Бонди ставија знаење дека независноста на оваа институција, како еден од столбовите на американската демократија, е завршена работа. Бонди, само што положи заклетва во средата, веднаш формира работна група за истрага на наводната злоупотреба на правосудниот систем како оружје за време на мандатот на Џо Бајден. Таа ќе ги гони и оние што вршеа истрага за упадот на приврзениците на Трамп во Капитолот на 6 јануари. Повеќе од 1.500 луѓе беа осудени, а Трамп ги ослободи на првиот ден од функцијата.

Сега Бонди сака да истражи и дали Министерството за правда и ФБИ прибегнале кон „неовластени истражни методи и неетички обвинувања“. Привремените шефови на двете агенции отпуштија или префрлија десетици високи функционери, а ФБИ мораше да состави список од околу 5.000 агенти кои беа вклучени во истрагата за упадот во Капитол. Бонди јасно стави до знаење што очекува од оние кои ја преживеаја чистката: сите вработени мора да се стават на услуга на претседателот.

Како што забележа познатиот професор по политика на Универзитетот Принстон, Јан-Вернер Милер: „Во ретроспектива, неделите помеѓу изборите и првата извршна наредба на Доналд Трамп изгледаат како лажна војна. Сите знаеја дека нешто лошо ќе се случи, но сепак имаше чувство дека можеби и не е толку лошо. На крајот на краиштата, првите четири години на Трамп беа помалку страшни отколку што предвидуваа набљудувачите. Тоа секогаш беше грешка: амбициозните автократи се најопасни кога ќе дојдат на власт по втор пат. Но, дури и оние кои се подготвуваат за шокови, тешко дека можеле да очекуваат дека Трамп толку отворено нема да го почитува законот и ќе биде деструктивен откако ќе се врати на функцијата“.

И тоа е навистина точно и кога ги гледаме европските примери. Кога Виктор Орбан првпат ја водеше унгарската влада од 1998 до 2002, тоа беше главно неуспешен мандат во кој судството, медиумите и граѓанските организации слободно укажуваа на неговите грешки. Кога се врати на власт во 2010-та, тој веќе знаеше што треба да прави и реши на таа слободна работа на институциите да ѝ стави крај и да ги подјарми, за да владее без контрола, а корупцијата на најблискиот круг околу него да царува. Така беше и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Неговите претходни три мандати беа релативно подносливи за словачките граѓани на кои им се допаѓаа неговите левичарски политики по неолибералната десница, која ѝ донесе економски успех на Словачка, но осиромаши многу од нив. Фицо сега се претвори во автократ. Истата ситуација беше и во Полска со Право и правда. Кругот за граѓаните и општеството станува сѐ потесен и погруб кога автократите се враќаат на власт. (dw)

 

Љупчо Поповски

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....