01/06/2025 07:41
МАКТЕЛ

     

Кога ќе почнете да месите зелник

      

Со нетрпение ја очекувам ексклузивната телевизиска најава кога премиерот, претседателот на државата , министрите и партискиот пропаганден врв на власта, во раните утрински часови, опашани со кецели и со тавата во раце, ќе вртат палачинки и ќе месат зелник. Таков спектакуларен директен ТВ пренос не смеам да пропуштам. Тоа ќе биде многу позабавно од наездата за големите успеси што владата ги постигнува секоја минута. Само ќе мора малку да повежбаат дома да не им се случи некоја палачинка да им плесне на земја, или да им изгори зелникот, па да не се за јадење.

Сепак, месењето зелник е подобра варијанта, еднаква како месењето на граѓаните. Македонската бледа копија на популизмот на српскиот претседател Александар Вучиќ постигнува и кај нас извонредни резултати на ТВ екраните и на социјалните мрежи. Разликата е во тоа што Вучиќ покрај популизмот има и успеси. Овие нашиве властодржци уште ништо не направиле, а веќе на цел глас се фалат. Кога се кријат злоупотребите од јавноста важи максимата – тоа што не е објавено не се случило. Сега е отидено голем чекор напред – тоа што е објавено како голем успех најчесто е голема лага, ама ефектот кај воодушевените гледачи е ист како да е вистина.

   

Затоа е голема медиумска наезда на „добри вести“ за моќната власт и лоши вести за слабата опозиција. Така најдобро се прикрива што ништо не се работи за остварување на најзначајните државни интереси и покрај тоа што власта има комотно двотретинско мнозинство во Собранието да ги донесе сите потребни одлуки. Соочена со откривање на предизборните лажни ветувања одлучи да ги одложува државните национални интереси со кампања за локалните избори што ќе се одржат идната година.

Кога ќе се качиш на погрешен воз, симни се

Деновиве прочитав една убава мисла: кога ќе се качиш на погрешен воз, симни се на првата станица. Што подолго патуваш во погрешен правец, поскапо ќе го платиш повратниот билет. Англичаните се уште попрецизни. Тие велат: Кога ќе паднеш во дупка, прво што треба да направиш е да престанеш да копаш, оти што повеќе копаш, подлабоко пропаѓаш. Пред повеќе години го прашав д-р Методи Чепреганов, вечна му слава, дали популизмот е болест. Беше категоричен. НЕ, рече, тоа е добро пресметана политичка стратегија.

Станува неизлечива болест кога политичарите почнуваат да веруваат во своите лаги. Од тоа полошо е кога и мнозинството граѓани верува во лагите. Сега сме во една таква фаза кога сѐ уште се верува во лагите и не се симнуваме од возот што по брза пруга оди во погрешен правец. Како може поинаку да се толкува кога еден универзитетски професор по егзактни науки станал премиер, па на своите колеги универзитетски професори и научници јавно ќе им каже дека некои од нив како членови на заедничката бугарско македонска историска Комисија недоволно ги бранат државните и национални интереси, што значи дека работат против интересите на Македонија.

И згора на тоа дека академикот Драги Ѓоргиев кој претседава со Комисијата коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Јако. Многу јако и многу навредливо. Автогол во 95 минута.

Ме изеде туѓиот срам

Кога ги слушнав овие зборови емитувани како главна вест во сите медиуми си ја покрив главата со ќебе, ме изеде туѓиот срам. Професорот Христијан Мицкоски како премиер фрли анатема врз свои колеги кои со години водат тешки расправи со бугарските историчари, не за да пишуваат нова историја, туку како денешните генерации Македонци и Бугари да престанат да се мразат поради минатото, како што во тоа успеале по повеќе децении научни расправи Французите и Германците, иако војувајќи меѓу себе во двете светски војни имаат милионски човечки жртви и поминале низ ужаси и разорувања.

Не можел професорот Мицкоски да направи поголема штета на Македонија кога како премиер јавно жигосува членови на историската Комисија дека не ги бранат националните интереси. Поголем доказ од овој „лупинг“ дека политиката ќе диктира како да се толкува науката тешко може да се најде и слушне. Во историската наука, иако доказите од историските настани мора да бидат точни исто како во егзактните науки, тие секогаш можат да се оспорат ако политиката ги замеша прстите како што е случајот со Бугарија и со Македонија низ целата историја до ден денешен.

Пред две години, претседавачот на Историската комисија Драги Ѓоргиев и неговиот колега, член на Комисијата, историчарот Петар Тодоров во време кога ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа во опозиција, а СДСМ и ДУИ на власт, излегоа со јавно соопштение и со сериозна критика дека политиката им врши притисок. Тоа соопштение, ако воопшто го прочитал Мицкоски, немаше да приопшти такви груби навреди и опасни тези на вмешување на политиката на најлош можен начин прогласувајќи ги историчарите без малку за предавници на националните интереси.

Најверојатно дека на овој недоличен чин за еден универзитетски професор, па макар бил и премиер, да се пресметува со свои колеги и преку нивна јавна клевета, е да формира нова Комисија која ќе ги брани националните и државни интереси по негов терк. Дали тоа значи дека ќе се назначуваат нови политички подобни членови на Историската комисија кои ќе работат под партиско влијание. Премиерот тоа јавно го озаконува. Ај да го видиме и тоа чудо, кои ќе бидат тие историчари кои ќе се согласат да работат во Комисијата под диктат на политиката.

Мрачните сенки на политиката над минатото

Еве го соопштението на Ѓоргиев и Тодоров од пред две години па просудете самите кој за што е. Кој сака коленичење и политички диктат, а кој со наука ги брани националните интереси. Тогаш Ѓеоргиев и Тодоров се обратија до јавноста со следното соопштение:

„Кога научни конференции и дебати за минатото се организираат, или се поддржани од политичари, кога на нив тие се главните актери, кога гласот на политичарите е посилен од тој на историчар(к)ите и кога нивните изјави за минатото се најцитираните во медиумите, а историчар(к)ите учествуваат во тоа седејќи покрај нив и давајќи легитимитет на злоупотребата на историјата за политички и партиски цели, тогаш тоа не е ништо друго освен страшен пораз на историографијата и историчар(к)ите.

Доколку се променат актерите (не сите) и иконографијата на ваквите политички научни конференции, тогаш пред нас се враќаат сликите и контекстот присутен на овие простори пред повеќе од 30 години, период во кој политичко-идеолошката контрола над историографијата и самоцензурата на историчар(к)ите беа доминантни во толкувањето и презентирањето на минатото. Всушност, битката за минатото меѓу Македонија и Бугарија продолжува на ист начин, само историскиот и идеолошкиoт контекст е различен.

Злоупотребата на историјата за политички и партиски цели која ја сведочиме деновиве, има за цел да испрати порака до сопствената јавност, до „своите“, да помогне во политичката борба на оние кои го промовираат овој пристап и злоупотреба на историјата, но, и до другата страна дека „историската објективна вистина“ припаѓа само на ‘нашата’ страна и секаков разговор и можноста за поинаков пристап и поглед кон минатото претставува фалсификат, предавство и е неприфатливо.

Во оваа политичка борба и злоупотреба на историјата целта не е да се научи од минатото, да се разбере улогата на одредена историска личност, или значењето на одреден историски настан за нас, за нашата држава и за сите оние кои ги сметаат како дел од својот идентитет, туку да се игра и манипулира со чувствата на граѓаните, да се создаде претстава за предавство, за несигурност, за губење на идентитетот, едноставно, да се создаде состојба на страв по која ќе дојдат спасителите, поточно истите оние кои го креираат стравот и несигурноста.

Сето тоа покажува дека македонското и бугарското општество и најголем дел од македонските и бугарските интелектуални елити не се подготвени за отворен и академски дијалог ослободен од политички влијанија за најчувствителните прашања, а национализмот и партиските интереси не се одвоиле од историјата. За жал, мрачната сенка на политиката сѐ уште господари над минатото кое останува инструмент во постигнување на политички и партиски цели“.

Ете ова соопштение кое јасно ја лоцира мрачната сенка на политиката над науката како инструмент на партиски цели не ја поштедува ни Бугарија ни Македонија од злоупотребите и притисоците да нема научен дијалог кој најверојатно поради чувствителноста на темите за историското минато можат да потраат уште долги години.

Политиката е таа која треба да обезбеди непречена работа на Комисијата без никакви притисоци со тоа што ќе постигне добрососедски односи, да не се попречува Македонија во преговорите со ЕУ поради работата на Комисијата..Јавната закана на премиерот Мицкоски до членови на Комисијата за недоволна одбрана на националните интереси всушност ја ослободува Бугарија од одговорноста за политичкиот притисок што таа го врши врз Македонија и врз Комисијата за историското минато. (dw)

Ерол Ризаов, Од ЛИБЕРТАС

   

Најново

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

Вреди – Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: Синоќа скопјани уживаа во врвна гастрономија и добра музика со диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд

Sase Ivanovski

(Видео) Мирен протест во Охрид за поддршка на епископот атаниски, Партениј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Урбаната мафија хара, каква корист има Мицкоски од 150 дивоградби во Чаир?

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ НАЈАВУВА ВРАЌАЊЕ ВО ПОЛИТИКАТА: Му стојам на располагање на Венко Филипче, сакам да и помогнам на опозицијата да ја врати државата на прав пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПЕН АИ И ОРАКЛ ВО ТЕКСАС ГО ГРАДАТ НАЈГОЛЕМИОТ ДАТА ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЧИ ОВАА ИТАЛИЈА НЕ СЕ ТРПИ ОД УБАВИНИ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, која е синoним за неспособност и криминал

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ЗА СДСМ: Јас би почекал уште една година после локалните за да видиме дали таа партија ќе може да се врати на старите патеки

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Румен Радев е архитектот на бугарската блокада кон Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сиљановска е невидлива во областите во кои треба да биде највидлива

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: За жал нашиот народ, со сите овие проблеми кои ги имаше во овие децении на тешко живеење, и Македонци и Албанци и други, е практично анестезиран и отапен е на сите овие глупости што му се сервираат од разни политички елити

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ако ги прашувате само етничките Македонци, ние сме на околу 30% поддршка и таква поддршка има само уште во Србија

Sase Ivanovski

DynamicsMinds: Вештачка интелигенција донесува дигитална работна сила и златна ера на деловни апликации

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ПРОТИВ КОРИДОРОТ 10: Не треба да инвестираме во коридори кои водат низ земји кои не се членки на НАТО

Sase Ivanovski

ГАФ НА ПЕНДАРОВСКИ: За државата не било многу важно да се прават локални патишта и водоводи

Sase Ivanovski

Пендаровски бил непријанто изненаден од некадарноста на владата на Мицковски

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Ние сме прв случај во историјата на европските интеграции која од позиција на кандидат за членство поставува услови кон земја-членка на ЕУ… Бугарија да признае 14 пресуди од Стразбур, да признае постоење на македонско малцинство итн

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Трамп е политичар пазарџија, ние нема што да му дадеме, ниту авион ниту минерали

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Интересот на Британците за балканот е да биде центар за мигранти

Sase Ivanovski

Стево Пендаровски во мега интервју за Дојче Веле: Одиме кон држави кои не се демократски, владата нема намера да оди кон ЕУ, од Трамп го добивме само…

Sase Ivanovski

Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола, има повредени

Sase Ivanovski

Поранешен шеф на ЦИА тврди дека Путин ќе нападне уште една земја – откри и која

Sase Ivanovski

„Арсовска да пријави и соработува“ – ОЈО вели подготвено е веднаш да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Sase Ivanovski

СТВАРНО СМЕ БРАЌА: Бугарите се бунат против воведување на евро

Sase Ivanovski

Штипјанец возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом пронајдени 140 стебла канабис

Sase Ivanovski

Седумдесетгодишен возач прегази жена на паркинг во Скопје

Sase Ivanovski

ЛДП во понедеделник ќе поднесе предлог закон за една изборна единица и отворени листи

Sase Ivanovski

Тројца сегашни началници на ОВР Кочани биле распрашувани од Обвинителството

Sase Ivanovski

Дете под 5 години е најмладиот евидентиран корисник на дрога во Македонија

Sase Ivanovski

ФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс

Sase Ivanovski

МАСК ПИЕЛ ПО 20 АПЧИЊА ДНЕВНО ДОДЕКА РАБОТЕЛ СО ТРАМП Милијардерот има тешка зависност и депресија?

Sase Ivanovski

ЛУЃЕТО ЗГРОЗЕНИ ОД НОВИОТ ПРОИЗВОД НА СЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА „Одвратно, понижувачки“

Sase Ivanovski

„ТАТКО МИ ИЗВАДИ 10 МАРКИ НА МАСАТА И НИ СООПШТИ ДЕКА ТОА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ Ѓоковиќ се присети на најтешките моменти во животот

Sase Ivanovski

ПАК ГОВОР НА ОМРАЗА И НЕТРПЕНИЕ ОД СОФИЈА Поранешен политичар бара Бугарија да ѝ воведе санкции на Македонија

Sase Ivanovski

Владо Јаневски заминува во Австралија!

Sase Ivanovski

„ИДРИЗОВО“ КАКО ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР Затвореници сокриле десетици телефони, полначи, блутут слушалки и дрога

Sase Ivanovski

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши

Sase Ivanovski

КОЧО АНЃУШЕВ ГО ФИНАНСИРА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ Со нетрпение се очекува да блесне духовниот храм во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЌЕ СЕ НОСИ СО КОНСЕНЗУС Вистината излезе на виделина, нема лажни сертификати за Бојан Христовски

Sase Ivanovski
Вчитувам....