Алшар е антички рудник лоциран на јужниот Балкан, на планината Кожув, а количеството руда во рудникот, се проценува на околу 1,5 милијарда евра. Според досегашните сознанија, во “Алшар” има најмалку 500 тони талиум, кој се наоѓа во лорандитот. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра.
Се проценува дека во “Алшар “се наоѓаат 50.000 тони руда, која содржи 2 отсто арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум, што го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиум во светот. Талиумот, отров посилен и од арсенот, и лорандитот, како негов минерал, се единствените супстанции што можат да ги детектираат и задржуваат неутрината – вселенските честици со директно потекло од Сонцето. Во рудникот во близината на Алшар се проценува дека може да се искористат 20 тони злато.