
Совршената музика доаѓа од врвни уметници на уникатно место, а токму тоа ѝ го нуди на публиката проектот „Live At Audiokultura“. Комерцијална банка водена од својата определба како општествено одговорна компанија да поддржува вредни и амбициозни проекти, е Генерален покровител на овој несекојдневен настан.

За Комерцијална банка претставува огромно задоволство да даде поддршка за афирмирање и негување квалитетна музика од домашни и меѓународни респектабилни уметници.

Комерцијална банка и нејзината Mastercard Platinum картичка ќе помогнат во текот на оваа и наредната година локалот Audiokultura да донесе серија музички настани со одбран репертоар за несекојдневно уживање на публиката. Покрај веќе етаблирани музички имиња, заслужена поддршка и сцена да се претстават ќе добијат и млади таленти кои се истакнуваат со својот квалитет и оригиналност.

Идеите и активностите за промовирање на врвната култура и уметност се подеднакво важни за квалитетен живот, напредок и оставање богато наследство на идните генерации. Токму затоа Комерцијална банка останува посветена на соработката и поддршката на проектите кои даваат еден специфичен и софистициран придонес за подобро општество.

