МАКТЕЛ

    

КОНЦЕПТОТ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ Е ПОГРЕШЕН Правни акти донесени од странски држави не може директно да се применуваат, заклучија врвни правници

      

Владата нема надлежност да постапува, Владата не е надлежна да донесува мерки на забрана, финансиски мерки против домашни физички и правни лица. Ова е надлежност на судот и предложените измени се генератор за активирање на уставните механизами за заштита.

Неспорна е потребата од сериозна расправа за изнаоѓање најсоодветни механизми за импликациите од правните акти на странски држави, што е и главен повод за измените и дополнувањата на Законот за рестриктивните мерки – заклучија по денешната расправа што ја организираше Здружнието за кривично право и криминологија на Македонија, што се одржа денеска во Скопје.

Покрај еминентни членови на здружението на расправата присуствуваа и учествуваа претставници на МВР, на Управата за финансиско разузнавање, на Јавното обвинителство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и судии и адвокати.Иако поканети, не присуствуваа претставници од МНР, како предлагач на измените, ниту од Кабинетот на потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро управувањe, како иницијатор на измените, ниту претставници од Министерството за правда.Во заедничките заклучоци, кои беа донесени на крајот од расправата, се констатира дека:

   

Поради повеќе аспекти и тоа: меѓународниот аспект (обврските преземени со меѓународните конвенции и членувањето на државата во меѓународни организации), регулативата на САД во однос на мерки за ограничување на лица поради сериозни кршења на човековите права и теторизмот, уставниот аспект (владеењето на правото, поделбата на власта, заштита на сопственоста и на другите права на граѓаните), кривично правниот аспект (опфатот на кривични дела), кривично процесниот аспект (овластувања за постапување на јавниот обвинител, изрекувањето привремени мерки кон имотот, обезбедување имот заради подоцнежна конфискација), како и аспекти на финансиско разузнавање, неопходно потребен е комплексен закон со кој ќе бидат опфатени сите аспекти и којшто ќе се вклопи во националниот правен систем и ќе биде во согласност со гаранциите што Уставот им ги гарантира на македонските граѓани. Само со ваквиот пристап ќе се овозможи импликациите од мерките да добијат национална основа, бидејќи за разлика од директната примена на конвенциите, странското право не може директно да се применува.

Сеопфатниот приод е неопходен за да се одбегнат можни негативни импликации коишто би се состоеле во покренување постапки за оцена на уставноста на законските решенија, апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, поради повреда на гаранциите на правично судење и сл.

Предложените измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки содржат погрешен концептуален пристап. Имено, мерките, како резултат на правни акти на меѓународните организации директно се применуваат, се однесуваат на тероризам и пролиферација и со оглед на тоа што државата се обврзала при членството во организациите, неспорна е надлежноста на Владата да донесува соодветни одлуки за постапување по таквите меѓународни правни акти. Правните акти донесени од странски држави не може директно да се применуваат. Владата нема надлежност да постапува, Владата не е надлежна да донесува мерки на забрана, финансиски мерки против домашни физички и правни лица. Ова е надлежност на судот и предложените измени и дополнуваат се генератор за активирање на уставните механизами за заштита. Едновремено се појавуваат многу дилеми во однос на механизамите за ефикасна имплементација на правните акти на странската држава, бидејќи доаѓа до допир на јурисдикции на различни држави.

Уставот ги гарантира слободите и правата на граѓаните, пропишува во кои случаи само со судска одлука определени права и слободи може да бидат ограничени, а поделбата на власта ја вбројува во рамките на темелните вредности на кои почива уставниот поредок.

Предложените измени излегуваат и надвор од рамките на правните акти на странските држави, каде што покрај тероризмот, повредата на човековите права и значителната корупција, опфатени се и кривични дела против службената положба, но и т.н. хибридни активности против државата. Се оценува дека е прешироко да бидат опфатени сите кривични дела против службената должност, а од друга страна сосема е нејасен и недефиниран поимот „хибридни активности против државата“ , којшто ниту е познат во домашното казнено законодавство, ниту постои како modus operandi на некои инкриминирано кривично дело, ниту е објаснет и дефиниран во предложените измени.

Мерките што имаат карактер на санкции, согласно толкувањето на Европскиот суд за човековите права, мора да се изрекуваат согласно домашното законодавство и да се обезбеди соодветна судска заштита.Анализата на фактот што слични закони како The Global Magnitsky Act се донесени не само во САД, Обединетото Кралство и Северна Ирска, туку и во Канада, Австралија (каде што има голем број наши граѓани), но и во некои европски држави (како на пример, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија и др.), останува отворено прашањето како ќе се адресираат правните акти што во овие држави би се однесувале на наши државјани.

Расправата доведе до заклучок дека станува збор за три аспекти што треба да се имаат предвид и коишто не може да се комбинираат туку треба да имаат автономно законско уредување:

– Правни акти на меѓународни организации за коишто Владата донесува одлука

– Донесување домашен т.н. Магнитски закон според кој домашните власти би донесувале правни акти за странски државјани

– Имплементирање на правните акти на странска држава во однос на домашни државјани.Поради неприфатливиот концептуален пристап, не навлегувајќи во коментирање на конкретни одредби, беше укажано дека во предложените измени се забележуваат термини коишто стручно и терминолошки се несоодветни и не се користат во нашето законодавство, што може само дополнително да го отежни нивното правилно толкување и имплементирање.

Се нагласи недоволната издиференцираност помеѓу мерки и иницијативи, дали иницијативите се посебни мерки или се во рамките на финансиските мерки и дали за нововнесените правни акти може да се определат сите наведени рестриктивни мерки или само иницијативите.

Системот на реакција врз основа на донесените правни акти може да биде ефективен и според постојното законодавство. Во оваа смисла потребно е зајакнување на активностите на Координативното тело, потребно е претставникот од ЈОРСМ да го води Координативното тело и на тој начин да се обезбеди соодветна активност на јавното обвинителство во рамките на неговите пропишани надлежности. Ако отсуството на реакција се должи на недоволна координација, овој аспект треба да се зајакне и ефектите од правните акти да се инкорпорираат во домашната казнено правна рамка.

  

Најново

Зајкова го честиташе 8-Март: Денешниот празник е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

Sase Ivanovski

Ќе мачкаат ли повторно Србите македонски маргарин?- -еверниот сосед ја укина забраната за увоз

Sase Ivanovski

Две лица се обиделе да рекетираат скопски стоматолог

Sase Ivanovski

Повредени 12 лица во престрелка во Торонто, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Луфтханза очекува администрацијата на Трамп да го поддржи Боинг и да ја забрза испораката на авиони

Sase Ivanovski

За осум месеци државата направи долг од 68 милиони евра за поврат на ДДВ

Sase Ivanovski

МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори

Sase Ivanovski

РЕВИЗОРОТ ЗАЧУДЕН: Како државно претпријатие „простило“ долг од 2,5 милиони евра

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРОТ НА „ИНФИНИТИ СОЛУШНС“, СЛАЃАН МИХАЈЛОВСКИ ВЛЕГУВА ВО НАДЗОРЕН ОДБОР НА ТТК БАНКА – ова е предлог на главниот акционер „Тетекс“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ КРАН ДА ГО КРЕНЕ „ФАКОМ“? Кралот на челичните конструкции изгуби 70 oтсто од приходите

Sase Ivanovski

ОЈО: Уценувале заболекар со видео снимка за 5.000 евра

Sase Ivanovski

СО ГОДИНИ БИЛА „ПЕРАЛНИЦА“ САД затворија руска криптовалутна берза

Sase Ivanovski

ДЕНЕСКА Е 8 МАРТ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА Што се промени од штрајкот на текстилните работнички и Клара Цеткин?

Sase Ivanovski

Скопје денеска под посебен сообраќаен режим поради маршот за „8 Март“

Sase Ivanovski

Проф. д-р Данева Маркова: Македонките во просек на 29 години се реализираат како мајки

Sase Ivanovski

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на 13 март ќе престојува во Тирана

Sase Ivanovski

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми

Sase Ivanovski

Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“

Sase Ivanovski

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска

Sase Ivanovski

ДУИ се бори за својот идентитет

Sase Ivanovski

Повредени 12 лица во престрелка во Торонто, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

На скопскиот аеродром ќе се спроведе симулациска вежба за вонредни состојби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ЕВЕ КОИ ПЕСНИ МИ ДОНЕСОА РАДОСТ“ Кралот Чарлс слуша Марли и Грејс Џонс

Sase Ivanovski

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ДА ЈА ПОЧИТУВА НАШАТА БОЛКА Семејството на Фросина бара да се промени локацијата на маршот

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЕЦ Е УБИЕН ВО АМЕРИКА Запалена му е и фирмата

Sase Ivanovski

КУМАНОВЕЦ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ВОЗИЛО Починал од природна смрт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Две лица повредени по судар со возило на Брза помош на „Партизанска“

Sase Ivanovski

ПОНЕЖНИОТ ПОЛ Е ОДГОВОРЕН УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈОТ!

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 23 степени

Sase Ivanovski

ЕУФОР ќе го зголеми бројот на војници во БиХ

Sase Ivanovski

Жените сè уште се соочуваат со дискриминација и предрасуди, вели Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Гори шума во Мариово, пожарникарите „се крстат“ во студот

Sase Ivanovski

Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ тврди дека го нападнале непознати луѓе на улица

Sase Ivanovski

Трамп: Путин сака војната да заврши, потешко излегувам на крај со Украина

Sase Ivanovski

Олимпијакос славеше убедливо против Партизан во Евролигата

Sase Ivanovski

Ракетите „Патриот“ од американско производство го заштитија Киев. Европа нема лесна замена

Sase Ivanovski

Полска: Сите возрасни мажи да поминат воена обука, ставање на темата за нуклеарното оружје на маса, додека Трамп се свртува кон Русија

Sase Ivanovski

Џин Хекман почина дома една недела откако неговата сопругата Бетси Аракава почина од хантавирус

Sase Ivanovski

Обновата на Либан по војната со Израел ќе чини 11 милијарди евра, пресмета Светската банка

Sase Ivanovski

Нема можност да се откаже договорот со Бугарија, вели Нано Ружин

Sase Ivanovski

Штрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми

Sase Ivanovski

Зеленски нема намера да му се извинува на Трамп за расправијата во Овалната соба

Sase Ivanovski

Додик им порача на Србите да не се грижат – тој знаел што прави

Sase Ivanovski

Избран е 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова „војна“ на грчките улици – горат барикади во центарот на Солун

Sase Ivanovski

Битраков: Колку повеќе директори, толку поголеми шанси за корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа вечерва на скопската обиколница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големи собири во Србија, вработени во РТС протестираа заедно со студентите во Белград

Sase Ivanovski

Исланд пред 12 години ги прекина преговорите со Брисел, ама сега пак му се влегува во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип Кочани во близина на село Тркање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска: Рекорден буџет за 2025 година за подобрување на младинскиот стандард

Sase Ivanovski

Јужнокорејски авиони по грешка фрлиле бомби врз населено место, 15 повредени

Sase Ivanovski

Видеото со „отпуштениот пилот од Луфтханза кој одбил да запрашува со хемикалии“ е сатирично

Sase Ivanovski

Русија изврши масовен ракетен и дронски напад врз голем број енергетски инфраструктури низ Украина

Sase Ivanovski

Дали ретките минерали во украинската почва се ретки во светот и каква е нивната геополитичка вредност?

Sase Ivanovski

Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на стабилноста, модернизацијата, и на финансиската интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

Два големи пожари изгаснати вчера, густиот чад се гледаше и во Скопје

Sase Ivanovski

Распадот на ракетата „Старшип“ на СпејсИкс го наруши воздушниот сообраќај во Флорида

Sase Ivanovski

Таравари: „Ѓока констракшн“ е eдинствената фирма што се пријави да стопанисува со паркингот на Клинички

Sase Ivanovski

Крипто лидери ќе се сретнат на самитот со Трамп каде во фокус ќе бидат стратешките резерви

Sase Ivanovski

Тошковски: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Како референдумот на Орбан за Украина во ЕУ се претвори за Унгарија

Sase Ivanovski

Американската амабасадорка Анџела Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница на тема „Триесет години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“

Sase Ivanovski

МЗШВ: Успешна недела на инфо – караванот за Мерка 1 од ИПАРД 3

Sase Ivanovski

Ооштина Центар: Наместо цвеќиња за 8 Март, Герасимовски подели билети за претстава во Театар Комедија

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Амбасадорката на САД Анџела П. Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Влада: Информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста не се точни

Sase Ivanovski

СДСМ: Министерке Кочоска, економијата не стагнира – таа тоне!

Sase Ivanovski

Приведен велешанец баран по потерница

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Sase Ivanovski

Пронајдено огревно дрво без документација во кавадаречко, приведено едно лице

Sase Ivanovski

МОН: Се зголемува бројот на училишта кои воведуваат едносменска работа, за целосна оптимизација на училишната мрежа ќе се вложат 8 милиони евра

Sase Ivanovski

Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со пензионерите ги реализираме сите проекти, позитивно оценети услугите Итно копче и нега за стари лица

Sase Ivanovski

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Израел: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Работилница за колективна изработка на транспаренти

Sase Ivanovski

СДСМ: „Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....