21.8 C
Скопје
02/07/2025 01:47
МАКТЕЛ

   

Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ Бобан Карапејовски: Во името на пратеничката група на ДвижењетоЗНАМ, сакам да истакнам дека ние ќе ја поддржиме Владата и искрено веруваме во остварувањето на сите програмски и стратегиски начела

      

Тој во својот говор истакна:Еден од симболите на демократијата на овие простори, Зоран Ѓинѓиќ, ќе
рече:Нашата генерација е генерација што има огромна одговорност.
Се разбира, со одговорноста оди и честа. Ние сме избрани, ние имаме
мисија. Таа мисија нам лично, на нашата генерација, не може ни да донесе
никакви почести, не може да ни донесе никаква материјална благосостојба,
зашто времето во кое живее и дејствува нашата генерација е време на
аскеза и на одрекување. Само оние што се подготвени да се одречат од
својата благосостојба, можат да речат: ние ѝ припаѓаме на онаа
генерација во државата што ја спаси, ние сме луѓето на новата политика.
Изборот на влада на една држава треба да биде свечен чин.

Денес треба да се избере новата генерација, која се надевам дека ќе се
откаже од својата благосостојба за добросостојбата и за спасот на
државата, денес ќе избереме луѓе на една нова политика.
Независно од тоа дали се согласувате или не се согласувате во
политичкото дејствување со оние што ја формираат, денот на расправата по
кадровските решенија и по програмата на владата е одраз на народната
волја на избори. Ние сме биле сведоци на секакви сцени во работата на
Собранието, но политичката култура мора да порасне и да дојде до
рамниште кога ќе се нотираат забелешките и потоа ќе ѝ се даде поддршката
и простор на владата за да го сработи она за што добила доверба.
И ние да станеме дел од луѓето што ѝ припаѓаат на новата политика.
Денес и утре ние имаме привилегија да учествуваме во работата на
Собранието на Македонија кога се одлучува КАКО и КОЈ ќе ја води оваа
држава. Согласни или не, ниесме тие што како 11. собраниски состав на грбот треба да ја износиме
одговорноста за да  се направи Македонија подобро место за живеење.

   

Особено ми е жал ако не успееме да го задржиме тоа ниво на торжественост
на оваа седница и ако се сведе дискусијата на лични дискредитации, како
израз на немоќ или на недостиг на аргументи, наспрема изборните
резултати. Се надевам дека опозицијата ќе се надмине и ќе ја поддржи
програмата на Владата, на тој начин демонстрирајќи подготвеност да
учествува во градењето на Македонија во следниот период.
Да даде придонес кон новата политика.
Како што реков, сме се изнагледале сè и сешто во ова Собрание, сме
гледале и прекројување на народната волја, особено од претходното
мнозинство, кое како да ја знаело Марксовата дека, ако го откинете
народот од неговата историја, лесно можете и да го убедите во сѐ и
сешто.

Но, да ја дополнам оваа мисла: колку и да се превоспитува народот да
заборави, тој знае од каде иде и каде оди. И, тоа откинување и
антимакедонство мора да запре и оваа влада да стане стожерниот елемент
во зачувувањето на македонските државни и национални интереси. Но, за
тоа – потоа, историјата е немилосрдна и таа е најдобриот судија.
Пред нас се наоѓаат два клучни документи и со гласањето за Владата ќе
треба да се произнесеме за две работи што произлегуваат од експозето на
мандатарот.Едната го вклучува персоналниот состав на Владата, на кој би сакал
накратко да се осврнам, а другата е програмата за работа на Владата и приоритетите за работа. Тие
два сегмента се нераскинливи: нè интересира ШТО ќе се прави и КОЈ ќе го
прави сето тоа.

Пред нас, бездруго, имаме луѓе со силни биографии, како и со неоспорни
етички и професионални капацитети. Луѓе без каква и да е дамка во своето
портфолио, дури и на ниво на шпекулации.
Ресорот правда го води правник, администрацијата – долгогодишен
општествено-политички работник и менаџер со државни институции,
образованието – универзитетски професор, спортот – истакнат ракометар,
културата – докажан актер, итн.,
Во секој ресор, практично, она за што Движењето ЗНАМ – За наша
Македонија се залагаше во предизборната кампања, а сега на тоа инсистира
и ќе инсистира во работењето на Владата – наместо стратегијата од
државата и од владата да се прави некаков виц со прераспределба на кадри
во ресори за кои немаат квалификации, да дојдат вистинските луѓе на
вистинските места. Некои ваквиот пристап можат да го квалификуваат како
врвен патриотизам, други, пак, како човекољубие. Во секој случај, дали е
поради земјата, државата или поради човекот, семејството, соседите и
пријателите, давањето шанса на најдобрите е единствениот излез од
актуелната состојба, во која Шарената револуција се претвори во грст
шарени лаги, кои ја уништија надежта и предизвикаа интелектуален и
демографски помор – умните и младите бегаат во очај, барајќи
функционална држава и систем, а не племенски уредено општество, водено
од неспособни, молчаливци желни за власт, или од криминални кланови.
Движењето ЗНАМ-За наша Македонија на политичката сцена во Македонија
нуди еден поинаков пристап во политиката, тоа е квалитетот на кадрите,
транспарентни и конзистентни политики и решенија, но и доследна имплементација на
сопствените политики.

Досега докажавме дека за нас зборот е збор.
Ние ја прифативме одговорноста за учество во владата во ресорите правда
и јавна администрација, во согласност со програмските приоритети од
предизборната програма во сферата на правосудството, каде што
промовираме нула толеранција за криминалот и корупцијата, обезбедување
правна држава и сигурност на граѓаните преку стабилен политички систем
во државата.Ја добивме довербата како никој досега при прв настап на избори, а таму
врвно место заземаше и концептот на самоодржлива држава во делот на
енергетиката и на производството на храна.
Со измените на Законот за организација и работа на органите на државната
управа се создадоа предуслови овие програмски цели на Движењето ЗНАМ да
добијат поголема видливост и да се стави на нив поголем акцент, особено
со создавањето на новото министерство за енергетика. Оваа Влада има
должност Македонија да ја направи горда и преку тоа што нема да зависи од
шпекуланти на пазарот на енергенсите.

Искрено се надевам дека зголемената грижа за македонскиот јазик, не само
преку додавање алинеја во надлежностите на Мин. за култура туку и преку
активно залагање и работа на Советот за македонски јазик, како и
соработката на ресорните министерства за култура и за образование и
наука, ќе се ефектуира во зголемена заштита, но и поддршка на научното
истражување на овој сегмент.
Особено ми е драго што поддршката за научни истражувања и изучување и
популаризација на македонскиот јазик зазема сериозно место во програмата
на мандатарот.Во таа смисла, заштитата на културните богатства, Охрид и Старото
градско јадро,кои ги доведовме на работ на уништувањето и губење на статусот на
заштита во УНЕСКО поради урбанистичкиот хаос, ќе биде еден од
приоритетите на новата влада. И не само Плаошник, кој е издвоен во
програмата туку и сите други културни богатства ќе бидат во фокусот.
Особено ми е драго што во програмата на владата потенцирана е
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и
ставањето акцент на нејзина реконструкција, со оглед на очајната
состојба во која се наоѓа, запустена и однадвор и однатре последниве
неколку години, како и Универзалната сала, еден од белезите на
  Скопје, за која граѓаните од изборната единица од која сум избран, ИЕ
1, негуваат посебен сентимент и која мора, конечно, да им биде вратена
на скопјани!

Бидејќи доаѓам од високото образование и науката, сакам да ги поздравам
програмските заложби на Владата во овој сегмент. Зголемувањето на
издвојувањата за образованието, но особено, за науката, треба да бидат
врвен стратегиски приоритет.
Поттикнувањата да се објавува во високорангирани списанија со фактор на
влијание е исклучително важно, но мора да се имаат предвид и националните
дисциплини, за кои треба да се направи одделна стратегија за меѓународна научна промоција,
со посебни фондови и стимулации, имајќи предвид дека пристапот на
природно-математичките, техничките и медицинските визави националните дисциплини (јазикот,
книжевноста, фолклорот итн.) има свои специфики и, нужно, поинаков пристап и начин на
евалуација. Периодот на владеење на претходната Влада остави зад себе последици во
многу сфери на живеењето.
Ние влегуваме со елан и желба да учествуваме во изградба на државата.
Македонија ја доби својата шанса на овие избори, дури, според степенот
на загриженост кај граѓаните и ниското ниво на оптимизам, можеби дури и
својата последна шанса.

Искрено се надевам дека ова ќе биде чесна, скромна и одговорна влада,
која нема да функционира по принципот на сфери на влијание и
одговорност, туку по принципот на поделба на одговорност во сите сфери
на одлучување, а министрите ќе му одговараат на премиерот и на
Собранието, а не на партиски моќници и чудни групации на интерес, кои
  досега ја држеа во своевидно заложништво претходната влада.
Македонија ни припаѓа на сите подеднакво и никој нема ексклузивно право
на нејзина сопственост. Македонците треба да прифатат дека оваа земја не
е само наша своина, таа е на сите граѓани. Но, и останатите наши
сограѓани од другите етнички заедници треба да разберат и да прифатат
дека лојалноста кон сопствената држава е секогаш повисоко ниво од
лојалноста кон сопствениот етникум во други држави.
Само така ќе обезбедиме хармонични меѓуетнички односи, кои се засноваат
на искреност и почит, а не како досега – на уцени и бизнис-зделки.
Досегашното високо ниво на дијалог меѓу коалициските партнери дава надеж
дека и во сферата на меѓуетничките односи ќе се направи исчекор до тој
степен што тие веќе нема да бидат на ничија агенда.
Не треба да има политички реваншизам, но секој што се огрешил пред
законот, сѐ што е противзаконско, треба да се преиспита и секој што не
работел за најдоброто награѓаните и на Македонија – да одговара.

Успешноста на владата зависи и од тоа колку таа ќе успее да управува и
да работи за гласачите, а помалку да владее со граѓаните. Ние ги
претставуваме граѓаните, Владата ќе треба да работи за нивно добро.
Со коалициските партнери усогласени се принципите и начинот на
функционирање на идната Влада врз рамноправни, автономни и партнерски
односи, со заемна одговорност во делот на имплементацијата на владината
програма.
-Интегрирање во Европската Унија на Македонија на достоинствен начин, со
почитување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и
вековна национална историја, во согласност со критериумите од
Копенхаген, на начин на кој членство обезбедиле сите постојни членки е
дел од тие приоритети.

-Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која
промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и
ефикасна борба против организираниот криминал.
-Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава,
втемелена на илинденските и на асномските вредности;
-Македонија како самоодржлива држава;
-стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава и
-забрзани и ефикасни реформи во економијата и во социјалните политики,
во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните се
приоритети за сите граѓани, а тоазначи и за оваа владејачка гарнитура.
Имајќи ги предвид клучните програмски залагање на оваа Влада, во кои се
содржани главните начела на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во
името на пратеничката група, сакам да истакнам дека ние ќе ја поддржиме
Владата и искрено веруваме во остварувањето на сите програмски и
стратегиски начела, како и проектните планови што ги изнесе мандатарот.
Пред нас имаме исклучително квалитетен предлог, кој заслужува не само
шанса за да се реализира туку и наше целосно залагање и помош во
остварувањето, за општо добро.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кадрите предложени од наша страна
ќе се истакнат со висок степен на имплементација на владините политики.
Тоа е нашето кредо,нашето „вјерују“ и од тоа отстапување – нема!
Се надевам на огромна поддршка од пратениците за владината програмата и
за изборот на министри на мандатарот и, дозволете ми уште отсега да им
честитам и да им посакам успешна работа.Бидете новата генерација политичари,
на кои државата им е пред личното.Почитувајте го секој граѓанин и сакајте ја и работете за Македонија!
Сектор за односи со јавност

   

Најново

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....