„Целата реторика на ДПМНЕ 7 години беше ДУИ во опозиција и си го погази тоа. Ја видовме старата љубов на ДПМНЕ и ДУИ како дојде на сцена и тој закон се изгласа со ново мнозинство“, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека законот го потпиша претседателката на државата, иако во 2019 тврдеше дека не треба да има повеќе од 14 министри, а сега има 20 министри, заменици, државни секретари.
Костадиновска Стојчевска нагласи дека реториката ДУИ во опозиција со која ДПМНЕ, освои 58 пратеници сега се релативизира, си даваа млека, кекси, гурабии, и одеднаш ад-хок комисија.„До пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.