Косовскиот премиерот Албин Курти, рече дека не може да има социјална еднаквост ако нема родова еднаквост. Курти преку објава на „Икс“ наведе дел од достигнувањата на неговата Влада, велејќи дека постојано работат на подобрување на можностите за жените и девојките и во јавниот и во приватниот сектор. Премиерот на Косово додаде дека користеле насочени мерки за бизнисите во сопственост или косопственост на жени и дека им понудиле повисоки грантови и субвенции во рамките на програмите за енергетска ефикасност. Курти додаде дека имаат интегрирано креирање родово базирани политики во области како што се енергетиката, нудење стипендии и практиканти за жените во енергетиката.
„51% од младите вработени преку нашата платформа „SuperPuna“ (SuperJob) спонзорирана од Владата, заедно со 55% од корисниците на нашата мерка за вработување за семејства се жени. Поддржавме работни места за над 12 илјади жени во последните три години. Повеќе од 100 илјади жени ги отворија своите први банкарски сметки. Над 55.000 жени имаат корист од нашите породилни бенефиции за првпат. Во изминатите три години финансиравме над 4.600 стипендии за додипломски студии за жени и девојки во СТЕМ. Тие сега сочинуваат 50% од студентите на СТЕМ полињата на Универзитетот во Приштина, што е извонредно достигнување за родовата еднаквост во областите во кои традиционално доминираат мажи. Рекорден број на жени има на одлучувачки позиции во јавните институции, вклучително и јавните претпријатија, во кои четирикратно (од 10% на 45%) го зголемивме учеството на жените во одборите на директори. Образованието, вработувањето, застапеноста, благосостојбата и финансиската независност се главните столбови на социјалната и родовата еднаквост. Горди сме што под водство на нашата Влада овие столбови се поцврсти од кога било“, нагласи косовскиот премиер.