12.8 C
Скопје
30/05/2024 03:18
МАКТЕЛ

  

     

 

Левица, десница, централно

      

Четириесет години по оваа песна „Необичен ден“ македонската политика се наоѓа во една ситуација за тешко разбирање на чудните настани што се случуваат на два месеца пред изборите. Од една страна се мешаат левицата, десницата и централното во изборни коалиции, но од друга, во исто време се дестилираат тие коалиции според некои идеолошки преференции. Изгледа контрадикторно и небазирано на факти, но така е.

   

Вчерашната снимка како од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ зад Христијан Мицкоски еден по еден како војничиња излегуваат двете дузини лидери на политички партии е една од најгротескните во последно време. Заблудените синови се враќаа дома. Меѓу нив имаше такви (како Петар Богојески од Македонски концепт) кои не штедеа време ни зборови да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, тука беше Павле Трајанов од Демократски центар (пред две години во интервју за „Независен“ рече дека изјавите на Александар Николоски дека биле „уценети или криминализирани“ се „резултат на конструкции на лица со психијатриски дијагнози, без кредибилитет и желни за власт“ и дека „ВМРО-ДПМНЕ е потонато во коруптивен шинел“). Па малку поназад и позатскриен стоеше Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија (донеодамна задолжен во Владата за привлекување на странски инвестиции) кој се приклучил на коалицијата од „идеолошки причини“. Па стамениот Стојанче Ангелов од Достоинство…

 

Во другата коалиција, онаа на СДСМ, има и партија која се нарекува Десница, која претходно под друго име беше во оваа група, потоа излезе, па пак се врати.

   

     

Но, генерално, двете групации се поделени на некаква идеолошка основа. Онаа околу СДСМ е наклонета кон центар-лево, центарот и зелените политики и целосно ориентирана кон ЕУ, додека другата, околу ВМРО-ДПМНЕ, е многу попатриотски ориентирана, а во многу сегменти и националистички, чии усти се преполни со тешки зборови против францускиот предлог и „бугарскиот диктат“, кои се сомнителни кон ЕУ и ги нагласуваат „неправдите што таа ни ги прави“. Од тие побуди и кампањата на претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова ќе оди со слоганот „Македонија повторно горда“. Според неа, слоганот произлегол од „хроничната и акутна состојба со македонска демократија“ што зборува за слаба држава или држава во пропаѓање. А тоа оваа „патриотска групација“ околу ВМРО-ДПМНЕ треба да го поправи затоа што ќе се води од националните и државните интереси. Како другите да не го прават тоа.

Мистеријата на коалициите

Нема држава во Европа која на парламентарните избори излегува со две толку големи групации (а сега и три) и им дозволува на главните партии да го одредуваат наративот во политиката. Во постројувањето како војничиња има фабричка мана во формирањето и функционирањето на, во основа, минорните партии. Лидерите се истите тие со години, нивната главна политичка умешност е како со приклучувањето кон големите да издејствуваат бенефиции на одреден круг околу нив, повремено да зборуваат за нивните програмски определби и да ги фаќа паничен страв ако треба сами да излезат на избори. Мистерија е колку големите партии имаат корист од ваквите приврзоци кои го менуваат јатото.

Српската политика некогаш знае да биде ингениозна. Во 2017 на претседателските избори учествуваше младиот човек кој себеси се нарече Љубиша Прелетачевиќ – Бели. Овој комичар со кандидатурата ја изнесе на потсмев српската политика и освои извонредни 9,44 отсто од гласовите. Во Македонија има многу вакви лица што прелетуваат, но немаат храброст да се потсмеваат со мејнстрим политиката. Ним секогаш им е подобро во јатото. Затоа, остварувањето на идејата за една изборна единица ќе биде дар од демократските богови за прочистување на македонската политика и од оние што прелетуваат. Не би било изненадувачки, ниту чудно, оние што со полни усти заговараат една изборна единица повторно да се уплашат од својот неуспех и уште еднаш да побараат прибежиште кај посилните. Затоа што и не се навикнати да функционираат поинаку.

Затоа, треба да им се оддаде одредено признание на Левица и новата партија ЗНАМ. Не зборуваме за идеолошките определби, за национализмот и тврдокорното десничарење на Димитар Апасиев и дружината, ниту за магличавите програмски идеи на групацијата околу Максим Димитриевски, многу силно зачинети со агресивен национален патриотизам. Левица едно време се тетеравеше, во 2020 освои два мандати, сега веројатно ќе освои повеќе, но не сакаше да се приклучи кон стројот во водот каде командува друг поручник. Истото за многу кусо време го направи и ЗНАМ. Не изгледа неверојатно дека кај многу од малите партии има одредена политичка завист за она што го прават овие два субјекти. Тие решија да се борат сами и тоа им носи политички легитимитет, без оглед дали се согласувате со нив или не.

ДУИ – со жртва да се избегне пораз

Еден друг развој на настаните е позагадочен од овој кај македонските мамути. Пресметката што се подготвува во албанскиот блок. До пред неколку месеци никој не можеше да помисли дека Али Ахмети и ДУИ ќе преземат неочекувани чекори за да го спречат евентуалниот пораз на изборите во албанскиот блок и за првпат досега на изборите партијата формира коалиција во која се вклучени повеќе партнери. Но не само со партии од албанскиот блок, туку и од други етнички заедници, со што ја проширија пораката. Тоа ќе има за последица ДУИ да се откаже од повеќе пратенички места затоа што сето е подредено да се победи албанската опозиција. Сосем јасно е дека Ахмети чувствува оти не е загрозена само неприкосновената позиција на неговата партија во последниве 22 години, туку и неговата лична позиција на своевиден „месија“, како што постојано го претставуваат функционерите на ДУИ.

Ахмети формираше „Европски фронт“ во кој досега се приклучија ДПА, Европската демократска партија, Народно движење, Демократската партија на Турците, како и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари.

Шлагот на тортата дојде кога на оваа коалиција се приклучи и крилото на Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Крилото на Села речиси и да немаше друг избор затоа што поради расколот во партијата не можеше самостојно да настапува на изборите затоа што печатот на АА со кој може да пријави листа на кандидати за пратеници е кај ривалот Арбен Таравари. Овие две крила водат судски спор за тоа кој е законски наследник на партијата и кое крило може да го носи името Алијанса за Албанците. Но судот не може да одлучи кој е во право до поднесувањето на листите за пратеници и за Села ова беше изнуден потег. Зијадин Села се надева дека неговото крило ќе освои најмалку пет пратеници за да може да формира пратеничка група во парламентот. Доколку се претпостави дека коалицијата на ДУИ ќе освои 15-16 пратеници, и ако Села добие најмалку пет, едно место за Мендух Тачи, едно до две места за другите коалициски партнери од „Европскиот фронт“, прашање е колку пратеници ќе има сама ДУИ. Дали може да се случи да биде под 10?

Една од опасностите за оваа коалиција, како и онаа на албанската опозиција, е дали овие две структури може да се одржат по изборите или тие ќе почне да се распаѓаа откако ќе се дознаат резултатите.Пред еден до два месеца изгледаше дека сите пропагандни алатки се во рацете на албанската опозиција и особено кај нејзиниот кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари. Но денес, барем во пошироката јавност, наративот на Али Ахмети и дружината што ја собира околу него го освоија јавниот дискурс.

Формирањето на коалицијата „Европски фронт“ има и друга улога – да му обезбеди што поголем успех на претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи. Според анкетите (објавени и необјавени) Бујар Османи е во мала предност пред Арбен Таравари. Не треба да се исклучи дека групацијата околу ДУИ на Бујар Османи ќе му донесе дополнителен број гласови. Доколку Османи има сигурна победа над Таравари во првиот круг на претседателските избори, тоа ќе биде силно погонско гориво за ДУИ на парламентарните избори.

Доколку ДУИ има сериозна победа од 5-6 пратеници повеќе од опозицијата во албанскиот блок, тоа ќе го стави Мицкоски, како претпоставен победник на изборите, во комплицирана ситуација – да мора да се обрати кон Али Ахмети за соработка и да го голтне сето она што го зборува против ДУИ последниве две години. А чукањето на вратата на ДУИ ќе биде слатката одмазда на Ахмети.Последниве неколку денови Мицкоски повеќе зборува за коалицијата на ДУИ, сфаќајќи дека нејзиниот силен резултат на парламентарните избори може да ги наруши неговите планови, и вели дека концептот на Ахмети бил „неуспешен политички маневар“ кој немало да го спречи поразот на изборите. Фактот веројатно е обратен – дека на Мицкоски може да не му успее маневарот со албанската опозиција.

На Али Ахмети може да му се најдат илјадници забелешки, а според многу наводи и истраги неговото пошироко семејство е заглавено во корупција (а можеби и тој самиот, иако не е докажано), но никој не треба да го потцени неговиот политички инстинкт. Во овој момент тој сфати дека ДУИ мора да направи жртва за да може да ја зачува доминатната позиција и да се откаже од повеќе пратенички места за да ѝ докаже на опозицијата и на ВМРО-ДПМНЕ дека неговата моќ е нагризена, но не е елиминирана.Јавно се гледа дека Али Ахмети не се чувствува баш пријатно со улогата што сам си ја подели, да ја спаси партијата и неговото политичко наследство. На јавните потпишувања на договорите за коалицирање неговиот говор на телото покажува дека тој не е особено среќен со тоа што го прави, но дека е свесен оти нема друг избор. Гласачите ќе оценат дали таа негова жртва била исплатлива за ДУИ. И за него самиот.(dw)

Љупчо Поповски

    

Најново

Макрон: Систематското одложување на решението за две држави треба да заврши

Sase Ivanovski

Борел: Европа се соочува со две војни и многу тензии кои можат да излезат од контрола

Sase Ivanovski

Вол Стрит Џурнал: Трамп разговарал со Маск да му биде советник ако се врати во Белата куќа

Sase Ivanovski

ОВА СЕ ХЕРОИТЕ КОИ НАПРАВИЈА ИСТОРИСКИ ПОДВИГ И УСПЕАЈА ДА ГО ПОБЕДАТ ДУИ ПО 20 ГОДИНИ ДОМИНАЦИЈА

Sase Ivanovski

Талески: На повидок е изборна измама на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Кацарска за Топ тема: Како најголем успех на Уставен ги сметам предметите за новинарите од 27 април со кои се утврди повреда на слободното изразување

Sase Ivanovski

Лефков: Али Ахмети треба да ја прифати реалноста и пораката од народот дека конечно ДУИ треба да се испрати во опозиција заедно со социјалдемократите

Sase Ivanovski

Анкета: Можна обвинителна пресуда за Трамп ќе има големо влијание врз резултатот од претседателските избори

Sase Ivanovski

МАКСО ОБЈАВИ ФОТКА: Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во служба на граѓаните!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата,  служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Кацарска: Кога ја објавив пресудата за Груевски, бев нападната на плажа во Грција, добив клоца во ногата и ми отече глуждот

Sase Ivanovski

Малолетник прегази малолетник во Валандово

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Згасна животот на 11 годишно момче, му се слошило на тренинг по кошарка, лекарите не успеале да го реанимираат

Sase Ivanovski

Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес

Sase Ivanovski

Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?

Sase Ivanovski

Лога ја брани Кацарска: ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како во политичка кампања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИОТ СПИКЕР, АФРИМ ГАШИ ВО МЛАДОСТА БИЛ РАПЕР, НАСТАПИЛ НА НОТА ФЕСТ 1996-ТА

Sase Ivanovski

ФОТКА НА КРЛЕУША И ДАЧИЌ Е ХИТ ВО СРБИЈА

Sase Ivanovski

Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго

Sase Ivanovski

СТОРИЈА НА СДК: ИЗМАМА ВО КИЧЕВО – СЕ БОДАТ СО ВИЛУШКА ЗАРАДИ ОТШТЕТА КАКО КАСНАТИ ОД КУЧЕ, ОПШТИНА КИЧЕВО ГОДИШНО ИСПЛАЌА 115.000 ЕВРА ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ, НО НЕМА ПРИЈАВЕНО ЗЛОУПОТРЕБИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛАНОВИЌ ОДБИ ДА СЕ РАКУВА СО ПЛЕНКОВИЌ НА ГОДИШНАТА СРЕДБА НА ХРВАТСКИТЕ ВЕТЕРАНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА КОМПЛЕКСОТ ЗГРАДИ КАЈ ТРЕСКА

Sase Ivanovski

ТРАМП ПО МНОГУ НЕШТА Е УНИКАТ

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКИ ТИНЕЈЏЕР КОЈ ПОЧИНА ОД ЛЕУКЕМИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ МИЛЕНИУМЕЦ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТЕЦ

Sase Ivanovski

Советот на јавни обвинители не може да го разреши Иџет Мемети, ниту може да му забрани да учествува на седниците

Sase Ivanovski

Пожар во близина на „Ист Гејт“

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска поднесе претставка против Гаши за обраќањето на албански јазик

Sase Ivanovski

Битолчанец се претставил како полициски инспектор и измамил жена за речиси 400 илјади денари

Sase Ivanovski

Мицкоски до шефот на ОБСЕ, Килиан Вал:„Државата ќе продолжи по европскиот пат, следи период на реформи

Sase Ivanovski

ПОВИСОКА ОТКУПНА ЦЕНА НА ДОМАТИТЕ ВО СТРУМИЧКО ДОГОВОРИЈА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ТРИПУНОВСКИ И ОТКУПУВАЧИТЕ

Sase Ivanovski

ЗАРАЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ГАБА ГИ ЈАДЕ РЕСЕНСКИТЕ ОВОШКИ Земјоделците отворија војна со прекупците, а на новата влада ѝ порачаа да ги сфати сериозно

Sase Ivanovski

БОМБА НА ПЛУСИНФО: И „РЕМЕДИКА“ ОТВОРА КАРДИОВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА Дали ќе ја води д-р Сашко Јовев?

Sase Ivanovski

Сарај остана без градоначалник, можни се предвремени избори за градоначалник и во Аеродром и Гостивар

Sase Ivanovski

Откриј го својот потенцијал: Студирај и работи во Словенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛИЛА СЕ ФАТИ ЗА ГЛАВА: НАТПРЕВАРУВАЧ ДОШОЛ НА КВИЗ ЗА ДА СОБЕРЕ ПАРИ ДА СИ КУПИ ГРОБНО МЕСТО

Sase Ivanovski

Каратистот Видевски го сменил исказот – негира вина за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВЛЕН: ДУИ да се реформира, а не да бојкотира

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ целата кампања ја темелеше против Албанците употребувајќи нацистички наратив

Sase Ivanovski

За еден час двајца пешаци прегазени од мотоцикли

Sase Ivanovski

Путин и се закани на Европа: Вашите територии не се големи и густо се населени

Sase Ivanovski

Кацарска: Трпам закани години наназад, имаше и физички напад

Sase Ivanovski

Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Тетово треба да бира нов градоначалник

Sase Ivanovski

Малолетници од Неготино силувале малолетничка, 19-годишник ја уценувал со видео материјалот, случајот пријавен во полиција

Sase Ivanovski

ENplus® предупредува: се продаваат пелети со лажно деклариран квалитет, потрошувачите да внимаваат!

Sase Ivanovski

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово ги информира граѓаните дека е УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

Sase Ivanovski

Притвор за 23-годишен битолчанец поради полова злоупотреба на немоќно лице

Sase Ivanovski

Ахмети: Албанската опозиција го прекрши договорот за уставните измени

Sase Ivanovski

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

Sase Ivanovski

Иџет Мемети не се појави на седница на Советот на јавни обвинители, размислува да се повлече од функцијата потпретседател

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАФ НА ВЕСТИТЕ НА СИТЕЛ, ПЦОВКА НА ВОДИТЕЛОТ ОТИДЕ ВО ЕТЕР

Sase Ivanovski

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Новата влада ќе треба да има 24 министри. Сегашната има 20

Sase Ivanovski

Со свој камен по своја глава!

Sase Ivanovski

ГЕНИЈАЛЕЦ, ПОСЕДУВА МОБИЛНИ ОПЕРАТОРИ, ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ, ФОРМУЛА 1 ТИМ, БРЕНДОВИ ЗА АЛКОХОЛ: НАМЕСТО ДА БРКА МАНЕКЕНКИ КАКО ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО, АКТЕРОТ РАЈАН РЕЈНОЛДС СЛАВАТА ЈА КОРИСТИ ЗА ПРАВЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СО КУПУВАЊЕ БИЗНИСИ И НИВНА ПРОМОЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија

Sase Ivanovski

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

Sase Ivanovski

НАЈУБАВИТЕ ПЛОШТАДИ ВО ЕВРОПА

Sase Ivanovski

Калиопи денес промовира албум по повод четири децении соработка со Ромео Грил!

Sase Ivanovski

Почина 68-годишна прилепчанка, во неа удрил малолетник со мотоцикл

Sase Ivanovski

Клековски: Не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија

Sase Ivanovski

Макрон: На ​​Украина треба да и се дозволи да уништува воени објекти на руска територија

Sase Ivanovski

Костадиновска Стојчевска: Претседател на Собрание може да биде етнички Македонец, Албанец – но прв официјален јазик во државата е македонскиот

Sase Ivanovski

Шокаровски: Незаконски сум разрешен

Sase Ivanovski

Ахмети: Ние сме легитимен преставник на албанците во државата,во наредните денови ќе знаете како ке се бориме против мајоризацијата

Sase Ivanovski

Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи на Грција и европратеничка парично казнети за проток на лични податоци на Грците од дијаспората

Sase Ivanovski

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан упати остри критики кон САД заради подршката на Израел во кризата во Газа

Sase Ivanovski

Триглав пензиско друштво најбрзо растечко на пазарот

Sase Ivanovski

Кацарска ќе даде осврт за мандатот, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник

Sase Ivanovski

Како лицата со попреченост да се заштитат при евентуални природни непогоди?

Sase Ivanovski

(Видео) Протести во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од градоначалникот, фрлаа молотови коктели кон полицијата

Sase Ivanovski

Две невообичаени пријави во изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112

Sase Ivanovski

УНРВА: Речиси еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели

Sase Ivanovski

Милановиќ: Хрватското правосудство влезе во мрачен период на еднопартиска контрола

Sase Ivanovski

Зеленски и Де Кро потпишаa билатерален договор за безбедност

Sase Ivanovski

Фијала: Украина има право да ја гаѓа Русија со западно оружје

Sase Ivanovski

Зеленски вели дека недоаѓањето на Бајден на миривниот самит за Украина е „аплауз за Путин“

Sase Ivanovski

Украинците загубија уште две села во регионите Доњецк и Харков

Sase Ivanovski
Вчитувам....