МАКТЕЛ

     

ЛЕНИ ФРЧКОСКА: Баналноста на В. Андоновски

      

Андоновистика (трет дел)
Некои текстови просто се излеваат од вас. Дотолку повеќе кога тезата и личноста на која некако спонтано ви доаѓа да изреагирате радо би ја прескокнале.
Или правите нешто фино – трчате на сонце.
Според Венко Андоновски „четири основни столба на човештвото се добро, зло, машко и женско“! Ликот на Венко Андоновски со кренати четири прста „благоглаголи“ против сексуално образование, родот, родовата еднаквост против сите ничеовски идентитети кои еве ги испревртеле и ги загрозиле неговите во-камен-вдлабено идентитетски поделби. Во нив секако и прастарата Македонија, папокот на светот, лулка на Европа која никој и никогаш не може да и соли памет за ништо оти таа знае однапред. А некои “од каде ли се измолкнале и од која дупка ли се појавиле” ги релативизирале поимите на доброто и злото, на машкото и женското“

Се ‘рвате со себе да го истерате од глава, да ја изигнорирате таа суштинска лага, осмислена фино и поетично залепена на свеста на публиката која авторот ја има предвид, онаа на која треба да и е благодарен што го прави автор чии дела се објавувани неколку пати во иста година. Која неговите тези ги голта „ко алва“ и бара уште. И која низ годините научил да ја процени и однапред знае како да и ја продадете својата приказна. А во неа е сокриената идеологија и хетеронормативна педагогија да смрди на сите страни. Да, тоа е вештина, по ѓаволите, дијаболична вештина.

   

Додека дополнително се форсирате трчањето да биде релаксирачки напорно (Ники Минаж на слушалки сепак не може да ви го надгласа умот) улетува третиот дел:
‚‚…Гледајте сега што ни направи таа постмодерна од Ниче. Таткото. Прадедо на таа постмодерна филозофија која говори дека идентитетите се нестабилни, дека нема чисти идентитети. А тоа знаете што значи, дека нема вистина. Ако нема вистина нема правда и се е дозволено. Ако се е дозволено знаете што се случува нели?!
Продолжив да трчам. Ми прелета дека Жижек има контратеза: Дека кога Бог е мртов, всушност се станува забрането. Тогаш текстов подолу почна да се создава во мојата глава, а трчањето се батали.

Ароганцијата и перфидноста кај професорот и неговата пресметано заводлива реторика е проблем кога сакате да открите дека тезите му се едноставно погрешни и дека манипулира (да не кажам лаже) кога своето „верување“ го обопштува и го прави наука што пак треба да биде водилка за образованието. Всушност ужасно ве нервира таа травестија, таа неетичност кога верувањата кои се плитки, јасни, конзервативни, хетеронормативни и насилни – се прекриваат со квази научна престилка.

Како тој всушност знае? Па не знае туку, како што сам вели, верува. И тоа го аргументира со фактот дека предавал антропологија, што едно со друго е каузално неповрзано (аrgumеntum ad-hominem) и не нуди никакво објаснување на што се заснова верувањето. Но, конечно, суштината на верувањето е во неможноста да се докаже. И во тоа е и суштината на верата во воскресението и безгрешното зачнување. Во чудата од другата страна на законите на физиката. И се е во ред додека е тоа лично, но во секуларна држава тоа не смее да се инфилтрира во образованието.
Сега малку подетално за светогледот на заводливиот јазик!

Теза број 1:
Основа на светот се четири столба: „Машко, женско, добро и зло“
Во суштината на оваа слика е идејата за опозитни парови. Доброто е на другата страна на Злото. Неговата суштинска спротивставеност. Потполна спротивставеност. Не-добро. Негово исклучување. Доброто и злото НЕ СЕ И НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЕДНАКВИ. По таа аналогија заклучокот од идејата за опозитни апрови кои се исклучуваат е дека мажот и жената се целосно спротивставени и тие не можат да бидат еднакви се исклучуваат, најмалку како нееднакви.
Заводливиот јазик би можел да се повика и на тоа дека во животот доброто и злото се во некаква јинг-јанговска комбинација за присуство на едното-во-Другото, за аниму-анима теза и сл. Но, тоа суптилно би го навело на слична аналогија за машкото и женското, а тоа е аналогијата од која бега „како ѓавол од темјан“. Сака чисти, јасни спротивставени идентитети.нЛични и колективни сеедно. Таа теза дополнително ја засилува со:

Теза број 2:
„Гледајте сега што ни направи таа постпомодерна. Ниче е таткото, прадедото на идејата која говори дека идентитетите се нестабилни, дека нема чисти идентитети и тн.”
Дали и со што се раѓаме, а што е социјално и идеолошки конструкт, кои искуства се битни во градење на нашиот идентитет, кој аспект од него е фиксен, а што флуидно? Веројатно да се обидете да стигнете до прецизен договор е влез во пеколот на безграничните толкувања. Но, идентитетите не се фиксирани и засекогаш исти, по ѓаволите. Дури и банално, да се погледнете ретроспективно самите себеси, какви сте биле пред пет години, можете да бидете изненадени од тоа колку далечен е тој човек. Некои цртани филмови успеаа поедноставно да ја претстават таа инаку прилично отимистична идеја дека имаме шанси да се промениме.

Мајкл Харт и Антони Хегри зборуваат за колективни (а со тоа неминовно и лични) идентитети кои се интеракција на сингуларитети во постојана соработка и здружување. Таквото „компонирањето на сингуларитетите не води кон единство или идентитет, туку кон сѐ полема автономија, за да биде секој од нив еднакво вклучен во мрежата на комуникација и соработка (Харт и Негри 2021:119). Таквата вклученост гради нова и заедничка субјективност. Односно гради идентитет кој е комбинација на различни сингуларитети, и е заснован на идејата за љубовта како филозофски и политички концепт кој во основа ја има „солидарноста, грижата за другите, градењето заедница и соработувањето на заеднички проекти за нив се клучни механизми на преживување (Харт и Негри 2021: 120).

На првиот прес за презентација на ССО беше кажано декаќе има фокус и на „превенција од сексуалното вознемирување и насилство „ќе се зборува за „прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе, создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции“ за да се намали бројот на млади кои „неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“.
Идејата на Харт и Негри за солидарност и грижа е далеку поблиска до концептот на дискусија за деликатни и табуизирани теми, отколку манипулацијата на Адноновски со љубовта кога предлага „љубовно образование“.

ССО ќе образува во насока на освестување за перфидните форми низ кои се манипулира со љубовта, на ранливоста и несигурноста и начините на кои идејата за љубов и потребата „да се биде сакан“ може да не направи ранлив пред манипулативните личности. Веројатно личноста освестена за перфидноста на манипулацијата ќе може утре да направи дистинкција меѓу љубовта се што личи на љубов, а не е.

Теза број 3:
…А тоа знаете што значи (идејата за нестабилни идентитети м.з.), дека нема вистина. Ако нема вистина нема правда и се е дозволено. Ако се е дозволено знаете што се случува, нели?!“
Значи Вистината. Тука влегуваме во неговата омилена тема – големите нарации. Ричард Рорти ја отфрла таа идеја за Големите вредности зад дејствувањето (како на пример, тука, дејствување во име на Вистината), но пишува за вредности како солидарност, еднаквост, недискриминација, а во дијалог со Другиот, односно „солидарност со страдањето на Другиот“. Емануел Левинас таа идејата ја носи на линија на ослободување, но слобода „во одговорноста кон другиот“. Не во наклон пред Бог и единствената Вистина, туку (според Левинас и буквално) гледајќи во лицето на Другиот и неговата ранливост и отвореност да биде повреден.

По Ниче и скандализираноста пред идејата дека идентитетот можеби не е стабилен, влетува во заклучок дека тоа значело дека „Нема вистина“ и следствено „Ако нема вистина нема правда“.
Пред да влезам во наредното филозофско објаснување каде оваа теза е неодржлива, нешто за правдата. Правдата во една демократска држава има се со „фактите“, но НЕ СО ВИСТИНАТА. Со предистражна, истражна постапка кога се откриваат фактите и се обезбедуваат докази. Тоа е важно за да се избегне манипулацијата со идејата дека сеопфатното сексуално образование ќе ја довело во прашање правдата. Ох Боже, која патетика!

Мојата вистина е дека авторот не се воздржува позицијата на привилегиран да ја искористи за уште еднаш да истури куп омраза и невистина врз лицата кон дел од заедниците кои се всушност ранливи. И тоа низ еден заводливо змиски јазик да го претстави како грижа за вистината и правдата. Кога зборува за идеологија која доаѓа од Западот и треба да се отврли, а всусност зборува за уште едно отфрлање на веќе отфрлените и ранливите.
Прашањето на идентитетите е едно од најкомплицираните прашања во психологијата, книжевноста, политичката филозофија и да се сведе на неколку реченици кои завршуваат со реторичко прашање формулирано на начин да се очекува потврда од аудиториумот со акламативен аплауз – е некако тажно.

Бидејќи, повторно, неговиот избор која теза околу идентитите ќе му биде блиска зборува многу повеќе за неговите лични вредности, од било што во врска со идентитиетите. Приказните во кои „веруваме“, кои ни значат, кои си го повторуваме и пречитуваме, зборуваат далеку повеќе за нас, отколку за светот надвор. Тие се идеолошките очила низ кои го гледаме светот, „столбовите на кои се заснова“. Кои ги аргументираат нашите избори, кои се утеха пред чувството на осамената исфрленост во светот. И нашата конечност. Но идејата дека нашите идеолошки-очила и нашите столбови се вистинските на кои образованието треба да биде засновано – е производ на авторитарен ум и својство на авторитарна личност . Сличен на оној на родителите на кои не им е доволна гаранција дека тие одлучуваат дали нивното дете ќе посетува ССО; па дополнително инсистираат да се забрани за да не може ничие дете да го слуша.

И конечно, што е со тие десeтици исклучителни андрогини ликови во книжевноста, со целата андрогина историја во литературата, митологијата, културата? Што е со фактот дека мажот има машки и женски хромозом, а жената два женски хромозома? Со тоа што е се така измешано? Што со она што прво паѓа на памет: Орландо на Вирџинија Вулф, сензибилитетот во творештвото на Оскар вајлд. Нивните претходници како Емили Бронте. Целата античка митологија, Космосот на Емпедокле (милениуми пред прадедото Ниче) со првичниот хаос во кој летаат различни делови од кои се создава светот. Потенцијалот за создавање никогаш не произлегува од чист и јасен идентиетит кој е ограничен и сведен на сопственото бескрајно повторување.

Конечно и во идејата дека Бог пред да ги создаде мажот и жената всушност тој дуален потенцијал го носи во самиот себе. Кога во првата книга Мојсеева ги создава мажот и жената според образот свој логички гледано двата ентитета се првично присутни во неговата целина.
Но, од непознатото на темнината и бескрајниот потенцијал на можности за создавање, се враќам со една прилично приземна теза: навистина е банален овој човек!

Андоновистика (втор дел)
30.01.2021 11:33 4,633 8 минути читање
Кога после долги дебати, убедувања и натегања конечно донесување на одлуката сеопфатното сексуално образование од наредната учебна година да почне ако пилот проект во четири училишта во Скопје и Тетово, онака искрено се израдував.

Денововиве повторно ни се укажа нужноста од правилно адресирање на комплексните прашања, од кои како посебно неопходен се јавува оној аспект од курсот фокусуран на насилството. Перфидните форми на нагова манифестација, потенцијалот да не биде забележано, да се толкува погрешно, да се гледа како изолирана појава а не како производ на традиција и социјална патологија која долго се толерира, создава индивидуи кои манифестираат претерана емотивна флексибилност, прифаќање на перфидна емотивна доминација, се со цел да ја задоволат сликата на човек кој е „вреден за љубов“. Почесто жена која е вредна за љубов.

На првиот прес за презентација на проектот беше кажано дека ССО ќе има фокус и на „превенција од сексуалното вознемирување и насилство „ќе се зборува за „прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе, создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции“ за да се намали бројот на млади кои „неинформирани влегуваат во одредени релации и односи, на погрешен начин, често повредувани, често злоупотребувани и често неприфатени од околината и од себе“.

Ок, се отвара простор за создавање на сигурен простор каде ќе се дискутират и далеку покомлексни прашања од контрацпецијта, заштитата од СПБ и тој технички дел кој образованието го покривало и до сега.

Случајот со сексуалните и злоупотреби и силувања од страна на српскиот „педагог“ Алексиќ многу јасно ги детектираше проблемите во системите на образованието во регионот, традиционално конзервативен кога е во прашање сексуалното боразование (сите промени се случуваат последните неколку години). Иако „лице“ и мотор на случувањата им даде првото сведоштво на Милена Радуловиќ лично сметам дека тајното лице на проблемот е повоочливо во деталите од сведоштвата на уште неколку девојки. Клучни моменти би биле:

„Го поништи авторитетот на родителите, многу интелигентно, поставувајќи се себеси како апсолутно доминантен. Тоа предизвикува не само страв и почит, туку и голема љубов. Кога има толку многу љубов, чувствувате дека му припаѓате, дека постојано му должите нешто и кога ќе се случат (м.з.патолошки поврди ги „оправдувате“ не ги препознавате како такви) размислувате дека тој ви посакува добро и дека сето тоа го прави за ваше добро“

Или

„Го преземав неговиот срам, се чувствував како соучесник. Бев мала, не сфаќав дека не сум соучесник, туку жртва на исклучително интелигентен човек кој постојано велеше дека ме познава во душата. И навистина ме познаваше“

Или

„Зборуваше еден час за самодовербата на жените и за фаталните жени. Велеше дека не постои самодоверба на жената што ветерот не може да ја однесе, треба само да пукнеш со прстите и жената ќе падне. Цело време ме гледаше во очи. Токму поради него самодовербата ми беше нула, но не бев ни свесна. Го гледав со воодушевување! (…) Знаев дека не е нормално некој на возраст од 66-67 години да ме допира, беше одвратно, но сепак не се ни посомневав дека има какви било намери што не беа педагошки и за мое добро. Тоа е тој болен страв, не можете да го разочарате, воопшто не“.

Таков тип на репетитивни слики укажуваат на тоа дека проблемот е системски и не смее да се остави на доменот „домашно воспитание“. Таквото игнорантно табуизирање е во позадина на ситуациите слични на горенаведените. Секој(а) од нас чула дека „се крие во влез“ или „ќе и стави дрога во пијачката“. Многу поретко дека може „да ја познава длабоко во душата“.

До тука, ССО е НЕОПХОДНО!!!

Деновиве се појавија неколку реакции, главно небитни, дека преку ССО се учеле младите на „разврат“ и „блуд“. Тоа е тој познат локален фолклор и тоа знае и да изнасмее и освежи. А и откако владиката Петар пред некоја година излезе со ексклузивни податоци за смртта на Мерилин Монро од таму е јасно дека може да се чуе сенешто и секаков апел на здравиот разум е лудило само по себе. Просто да му е човек жал ако ги снема.

Но, она што знае да изиритира и манипулирањето на оние кои не смее да не знаат. За човековите права, значењето на образованието во креирањето на информирани и одговорни индивидуи кои нема да бидат манипулирани од стари „строги педагози“, за опасноста од ригидната конзервативност и реките крв кои во историјата протекле по злоупотребата на идеите за Љубовта и Верата (тука ако ми е дозолено ќе го позајмам акронимот на Б. Тричковски за авторот на текстот, слојот и мислењето кои ги претставува).

Веројатно станувам исклучително чувствителна на злоупотреба на талентот и вештината со зборови кои ја заробуваат јавноста во традиционалистички догми, за злоупотреба на мета-нарации и големите теми Љубов, Секс, Вера, Бог, Духовност…за заробување на умот на сите оние кои ве прават „бестселер“ автор.

Колумната е насловена „По(а)рно сексуално образование“ во авторство на Венко Андоновски.

Има неколку нивоа на манипулација: Од една страна не е да е против туку нуди поарно сексуално образование (кое, со мирен, заводлив, змиски јазик го поништува проектот, наводно нудејќи нешто подобро). Од друга страна користи т.н. техника на импонирање, вградување на збор и значење кое е недвосмилени погано и лошо, кој збор со репетитивност има намера да се поврзе и во потсвеста на читателот да го обои поимот сексуално образование: тоа е зборот порнографија и порнографски (повторен пет пати во почетокот на текстот).

Самото реферирање на „порнографијата“ и користењето на терминот (иако во контрадикторни ставови) има тенденца да пробуди познати слики во свеста на читателите кои понатаму нужно се врзуваат со темата за која зборува а тоа е ССО. Перфидно ја протнува сликата за ССО во релација со порно. Иако понатаму наводно се сложува со тезата дека не треба „порно-сајтовите да бидат единствениот сексуален „даскал“ и „воспитувач“ на младите“ ете го веднаш повторно со „Таа (порнографијата м.з.), со она што се продава преку разни НВО кај нас како светски образовен хит, „сеопфатно сексуално образование“ (Comprehensive Sexuality Education), сигурно нема да биде непријател“.

Во главата на читателот уште во првиот пасус поставено е равенство.
И таа техника на создавање слики не е за потценување. Тоа е вештина и талент и често води до ефект подобар од долги и темелни контрааргументации. На слична линија е и ставот на Серван кога вели дека „во меките влакна на мозокот се создава несоборливиот темел на најцврстите империи“.

Градењето на слики во умовите на читателите е форма на создавање идеолошки очила низ кои потоа се перцепира реалноста ( поконкретно ССО). Односот кон реалноста е секогаш низ призма на идеолошките очила (партиски, религиозни, морални…).[1]. Порнографијата е слика, фантазам, низ кој треба да се анализираат сите либерални еманципатоски и современи западно-либерални пристапи во однос на сексуалното образование.

После одеднаш се случува еден скок: од „порнографија“ скокаме во потполно различен дискурс. За Љубовта и Верата.

„Ако до Бога се доаѓа само со срце, а не со разум, тогаш не може да има „наука за Бога“. Ако до љубениот/љубената се доаѓа само со срце (а не со разум), не може да има ни наука за љубовта.“ Да сублимираме, сексот бил „техне“ а неговите сфаќања за љубовта не подразбирале таа да се сведе на техника на сексуално комуницирање .(…) ПРИРОДНО е тие две нешта да се поврзани, а денес се НЕПРИРОДНО („општествено“) разделени. Телесната љубов треба да е продолжение на душата.

Лелееее! Венко, бре, не замарај!

Оваа патетика дека сексот е израз на душата ќе ја искоментираме низ ликот и пораката на Јорге од Името на розата. Сексот, може да биде одвоен, може да биде споен, може да биде некако полуспоен. Сите опции се возможни. На кутриот секс сите комбинации може да му се случат но она што е битно е дека мора да биде обострано прифатен.

А тука на сцена стапува согласноста, која е битна тема на силабусите од ССО и има врска со еднаквоста, еднаквото достоинство на партнерите во сексот и, зошто да не, еднакавиот пристап до задоволство од сексот.

Таа одбивна теза (католичка, ортодоксна, но секако религиозна) на носење ВИНА бидејќи задоволството не било можно ако не е израз на некој повисок морален повик, јасно ја идентификуваме кај лицево и уште појасно ја одбиваме. Кој знае што се може да му се случи на кутрото задоволство во рацете на лицето-автор кој слеп, става отров на листовите од книгите (за сексуално образование). Повторно Јорге од Името на розата за кој смеењето (задоволството како што сака да го пишува со големи букви) е недозволив грев само по себе („одделување на сексот од љубовта“…ССО ќе развива страсти: ќе се занимаваат со сексот издвоен од љубовта…. ќе се занимаваат со „задоволството“. Но такво задоволство издвоено од љубовта може да обезбеди и порнографијата, како и честото менување непознати партнери“)

И конечно ситуацијата во текстот на авторот кулминира:
Тој реферира на Арнолд Тоjнби според кој „19 од 24 важни цивилизации пропаднале морално и однатре, а не воено и однадвор, токму поради „издвоениот шлаг“ (одвојувањето на расцепувањето на еротското и извлекувањето на страста од љубовта).

По овој момент треба да ги тргнете очите од текстот и да се случи некаква тишина.
После која ќе прснеме во, со Вина оптеретен, но необуздан кикот.

ССО ќе образува во насока на освестување за перфидните форми низ кои се манипулира со љубовта, на ранливоста и несигурноста и начините на кои идејата за љубов и (понекогаш) целта „да се биде сакан“ може да не направи ранлив пред манипулативните личности. Веројатно личноста освестена за перфидноста на манипулацијата ќе може утре да направи дистинкција меѓу љубовта се што личи на љубов, а не е.
Или конечно, ќе најде самодоверба да излезе од љубовта кога некогаш е еднострана. Или кога боли.
Тука сега јас станувам патетична.

Наредниот параграф му е веројатно клучниот, поентата во текстот.
Фактот дека ССО ќе учи за различните сексуални ориентации. Кога се споменуваат „различни сексуални ориентации“ избива хомофобијата на авторот лоцирана и во неколку прехтодни колумни. Веднаш се појавува конекцијата со порнографијата, различните содржини таму, ужасното омраза спакувана во тнеденциозно прашање „Педофилијата уште не е легализирана, за сексот со животни не знам“

„Уште“ не е легализирана?
„Уште“ синтаксички и на ниво на значење редовно повлекува едно „но“, и тука суптилно се сугерира дека некој тоа некогаш понатаму би го легализирал. А ССО му го поплочува тој пат. И во овој момент веројатно избива најгрдата манипулација на текстот. За сексот со животни многу добро знае дека не е легализиран.
Текстот овде веќе престанува и да биде перфиден и станува јасно, тенденциозно и одбивно манипулирање.

Откако, очекувано, термините како „педофилија“, „секс со животни“ ги стави во рамка ја спреми сцената за да почне да ни зборува дека се ова се прави за да се прифати и општествено да се етаблира хомосексуалноста. Идејата повторно е создавање на фантазам низ кој ќе се гледа на хомосексуалноста, овој пат на ниво на говор на омраза како тој на анонимни коментари.

Потоа одеднаш БУМ.
Влегуваме во сосема различна дискусија во која тој предлага наслови како „Лолита“ и „Смрт во Венеција“. Одеднаш треба да ни се приопшти и ревоспостави сликата за „слободниот мислител“ оној кој би предложил да се предава „Уметност на Љубовта“ и кој предлага литературни примери „гранични“ ероси, а не порно-примери“ и одеднаш треба да создадеме слика за „отворениот ум на вештиот со речта академик“.
Не, таа слика ќе ја отфрлиме.
Ќе ја освестиме таа за перфидниот манипулатор кој, конечно, се изјасни со свој тескт долго откако одлуката за ССО како пилот проект е донесена. Човекот кој, во една прилика напиша „хвалоспев“ за фотографија на Оливер Спасовски со серија уметници и кој во таа врска уметник-политичар виде „фотографија на надеж, фотографија на иднината“ (В. Андоновски) се дистанцира од ризикот неговиот текст да има реални последици, па е напишан по (а не пред) донесувањето на одлуката.

И конечно, величањето на мета-нарациите. На „големите и вечни“ теми како Љубовта и Верата. Верата инаку беше ужасно злоупотребена од Мика Алексиќ кој инсистирал на „Оче наш“ пред секој час и секое „педагошко допирање“.

ССО е курс кој во својата варијанта во Холандија, доведе до резултати: најниска стапка на бременост кај малолетни лица и најнизок процент на сексуално преносливи болести. Слични позитивни резултати во регионов има во Албанија. И конечно однапред се радуваме на развојот на вештини со кои учениците ќе се заштитат од сексуални притисоци, заплашување и злоставување (АМИН).

И уште еднаш наспроти злоупотребата на Големите мета-нарации.

Ричарт Рорти ја отфрла таа идеја за Големите вредности зад дејствувањето, но пишува за вредности како солидарност, еднаквост, недискриминација, а во дијалог со Другиот, односно „солидарност со страдањето на Другиот“. Емануел Левинас таа идејата ја носи на линија на ослободување, но слобода „во одговорноста кон другиот“.
Она што ме натера да истурам куп енергија и да го напишам овој текст, е моја поддршка за она што го чувствувам како обид да се направи курс кој ќе се фокусира на „себеси и одговорноста кон Другиот“ на начин и во домен во кој е одамна насушно потребен.
Другиот чии приватни податоци не се злоупотребуваат.
Другиот чија слобода е и моја одговорност.
Другиот со чија болка сочувствувам и поради тоа ќе се обидам да не ја предизвикам (со перфидни манипулации, злоупотреба на слики и пораки и сл).

Тука некаде, низ солидарноста, грижата и одговорност, и во однос човек со човек (не во наклон пред Бог) се пројавува, што друго ако не, Љубовта.
Лени Фрчкоска
Zizek, Slavoj. The Sublime Object of Ideology, Verso Books, 1989
Levinas, Emmanuel. Time and the Other, Pittsburg, Duquesne University press, 1969
Рорти, Ричард. Консеквенце прагматизма, Нолит

   

Најново

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski
Вчитувам....