„Еве и по 20 дена од изборите кога на непосредни фер и деморатски избори народот си го кажа своето, а тоа е дека време е Али Ахмети и ДУИ да ја прифатат реалноста дека се во опозиција. Видовме на конститутивната седница како се премести и си ја зазема својата позиција во опозиција“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисија „24 Анализа“ на 24ТВ.
„После долги години конечно и Албанците во Македонија можеме да кажеме дека излегуваат до еднопартискиот систем во кој што живееја“, појасни Лефков.Лефков додаде дека здраво е да се отиде во опозиција и не му вредат аргументите на Али Ахмети и немаат доволна тежина.
„Али Ахмети треба да ја прифати реалноста и пораката од народот дека конечно ДУИ треба да се испрати во опозиција заедно со социјалдемократите. И тоа е пораката од овие избори и не треба многу аналитички способности да за да се дојде до пораката од народот која што ја испрати“, порача Лефков.Тој посочи дека е жално што по 20 дена СДС и ДУИ не ги сфатија пораките испратени од граѓаните.„ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не беше против Албанците туку против криминалот кој што го претставуваше и беше олицетворен во ДУИ и во неговата елита, неговото раководство“, укажа Лефков.