– Зошто кога се бара почитување од другата страна вие навлегувате во понижување? Вие бевте на власт и не побаравте ниту еднаш овој договор да се почитува и од другата страна. Дозволете да се работи како што треба. И случајот со Грција и со Бугарија се прашања на човекови права. Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори.Вашата влада функционираше како бизнис зделка, а овој договор го користевте како оправдување. Сега се обидувате да го сторите истото иако новата влада не е ни формирана. Заштитете ги граѓаните и побарајте ги нивните права, му се обрати Лефков на Оливер Спасовски од СДСМ.Лефков вели дека во Уставот нема ниеден член кој забранува да се користи името Македонија, а се што не е забрането е дозволено.
– Нам ни се потребни одговорни институции кои ќе се занимаваат со заштита на граѓаните, а не како досега власт која се занимаваше со бизнис интереси и поделба на граѓаните. План има, дозволете да се формира владата во која секој од министрите ќе се занимава со своите надлежности и ќе ги исполнува своите задачи, вели Лефков.