13.8 C
Скопје
24/04/2025 07:35
МАКТЕЛ

     

„МАГА“ Македонија?!

      

Се знае дека нулата е број без големина, освен ако не опишува лош политичар. Тогаш нулата може да биде вистинската големина. Во својата книга „Патот до слободата“, Џозеф Стиглиц, поранешен професор по економија на Универзитетот Колумбија, и добитник на Нобеловата награда за економија, нè потсетува дека во САД, и демократите и републиканците ја бранат доктрината на неолиберализмот. Двете големи политички партии се за дерегулација и приватизација, дури и таму кај што тоа не е пожелно поради јавен интерес. Оти тоа го бара интересот на најбогатиот слој на американското општество. Токму тој богат слој со ептен сиромашна душа.

Низ векови светот ги има изградено жилите на цивилизацијата: устави за ограничување на моќта, закони за еднаквост, меѓународно право и сојузи за зачувување на мирот, правни системи за мирно решавање спорови, вести за унапредување на толеранцијата и создавање здрава јавност, добротворни организации за олеснување на страдањата, бизниси за развој, елитни универзитети за градење просперитетно и здраво општество, институции за лекување болести итн. Ама некој сето тоа може да го превртува наопаку со што на мнозинството луѓе животот им станува гаден, брутален и краток! Тоа тогаш кога правите лекот да биде поопасен од болеста. Ова се случува кога некои одлучуваат луѓето да ги води по патиштата низ кои поминал Сизиф со својот огромен камен.

   

Трампизмот веќе стана именка за сето тоа, оти власта се претвори во моќ заради себе и енормно богатиот слој „богови“. За жал и во ерата на роботиката луѓето како во древниот Египет продолжуваат да создаваат лажни богови на кои им веруваат повеќе отколку на вистинскиот Бог! Енормното покачување царини, енормно збогатува мал слој луѓе, во сметка на брутално осиромашува голема маса луѓе. Занемарување на мирот. Америка се претвори во арена на безмилосни луѓе, и пример за слабеење на институциите кои би требале да ја ограничат моќта на тој назаситен слој на општеството. Трампизмот е токму тоа оти веќе почна да наликува на античка митологија, кога чудни суштества биле прогласени за богови!

И во однос на меѓународната политика многу е подриено. Никој во американскиот астаблишмент не се чука по главата дека Повелбата на Обединетите нации забранува каква било закана или употреба на сила против други држави. А слушаме секојдневни закани за Панамскиот канал, за Гренланд, за Канада, за Газа итн. Целиот демократски систем по Втората светска војна е под сериозна закана. Тоа го загрижува целиот свет, а и мнозинството американско општество внатре. Луѓето на сакаат враќање на времето на старите империи, кога силните правеа што сакаат, а слабите трпеа. Би требало да се надеваме на случајниот здрав разум, кој е како стакло, кое можете да го скршите, но не ќе можете повеќе да газите по парчињата.

Во моментот единствено навестување за некое помасовно контрадвижење – се митинзите предводени од Берни Сандерс и Александрија Окасио-Кортез, кои силно ја анимираат американската јавност со слоганот „Стоп на олигархијата“. Денот на тарифите што Трамп го нарече „Ден на ослободувањето“, тие го прогласија за „Ден на окупацијата“. Секако дека ова не е за Трамп, туку за отрезнување широки маси за спротиставувања на трампизмот кој создава хаос низ светот. Сега трампизмот се соочува со контранапад и пред домашни судови, кои на долг рок, може да бидат фатални за глупавиот глобален царински режим на Трамп.

Голем број европски популистички партии и радикални националисти, кои со еуфорија го дочекаа доаѓањето на Трамп во Белата куќа, со надеж дека лесно ќе дојдат на власт со крилата на идеологијата МАГА, сега се обидуваат да ја намалат штетата што може да им ја нанесе таквата јавна поддршка во очите на своите гласачи. “Не знам што сака тој. Тоа што го прави е сосема лудо. Кога рече дека не очекувал таква реакција од финансиските пазари, се плашам дека тој ништо не разбира. Дека тоа ќе предизвика инфлација, пад на берзи, не разбираме што сака“ – кажа поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, кој до пред неколку недели гордо се означуваше како голем „трампист“ и носеше црвена бејзбол капа МАГА на која пишувал „Силна Чешка“. Логиката на Додик и сличните будали кои се гордеат со она од што мудриот се срами.

Претседателот Трамп сега доби нето негативен рејтинг во осум од девет анкети направени во пресрет на неговото сеопфатно објавување тарифи на 2 април – иако повеќето Американци не мислат дека Трамп ќе може да се држи до новите давачки. Уделот на Американците кои мислат дека економијата е на погрешен пат се искачи на 54% во најновата анкета од 43% во анкетата од 24 до 26 јануари. Сега јавното одобрување на економското управување на Трамп е падната на 38 отсто од 44 отсто во претходната анкета. Тоа е голем пад за само три месеци! Таму висок рејтинг има само претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, за кого Трамп мака мачи како да го разреши оти законот не му дозволува. Дури размислува како да го смени законот!

„The Economist“ редовно ги следи промените во поддршката во претседателствувањето и наведува дека повеќето претседатели почетокот на мандатот го започнуваат со позитивно одобрување, па потоа следува благ пад. Но, и двата мандата на Трамп започнаа со нејасен став на јавноста за него и тој го помина речиси целиот свој прв мандат со негативен резултат. Неговиот втор мандат почна со масовна амнезија и хипмоза, ама со брзо отрезнување поради општата катастрофа на внатрешен и на надворешен план. Сега неговата поддршка рапидно паѓа, особено по објавувањето тарифи на почетокот на април што предизвика невидена паника по сите финансиски пазари.

Бунтовникот Сандерс ја води турнеја наречена „Борбена олигархија“, со серија политички митинзи во придружба со својата колешка, републиканката Александрија Окасио-Кортез. Двајцата тргнаа по преполната маршрута низ САД, со цел да ја галванизираат ептен разочаренатата и длабоко ранетата маса луѓе. Дури на еден сосема спонтан митинг успеале да соберат дури 35.000 луѓе, веројатно разочарани од ветувањата високо до небо, ама реализирањата длабоко во кал.

Реално, Трамп беше реизбран на голем бран економски песимизам, со инфлација, високи цени и губење работни места, но наместо да тргне кон заздравување тој избрал дополнителна „инфекција“ вели еден познат економист. “Сега има повеќе полиција, повеќе имиграција и многу повеќе страв од неизвесност” – вели Елизабет Витерспун, експерт по финансии. Затоа протестите пак се вратија низ САД, каде се изразува несогласување со политиките на власта, особено за царините, депортациите, отпуштањата во јавните служби, но и со војните во Украина и Газа. „Денешниот протест јасно покажува дека луѓето во Лос Анџелес се во доследна борба против Трамп и неговата милијардерска агенда која сака да ги уништи сите наши социјални услуги,, кажа еден од организаторите на протестите во Лос Анџелес.

Администрацијата на Трамп го блокираше финансирањето на климатските промени во вредност од 369 милијарди долари за следните десет години. Тоа ќе има огромни последици. Од друга страна тужбите на фармерите поднесени до Федералниот суд и бројните административни тужби покажуваат дека Трамп сериозно ја губи и поддршката и довербата Додека Америка се соочува со бран граѓански бунт против него, и кога толпата едногласно извикува „Не“ и „Рацете подалеку“, во Републиканската партија владее голема збунетост. Тие стотици митинзи се опасна енергија не само против Трампизмот, но и против Републиканската партија, што сериозно ќе може да се одрази на следните избори за Претставнички дом и Сенат (2026). Освен за економската, социјалната и финансиската политика, луѓето во САД многу се незадоволни и од трамповата антидемократска политика. „Тоа е патетично“, рече еден од водачите на протестите! „Мислам дека неопходно е да има сериозно рестартирање во Републиканската партија. Апсурдно е, силните богаташи да мислат дека и државата и луѓето во неа се во нивна приватна сопственост“.

А каде е „МАГА“ Македонија?!

Водството на Македонија евтино се фалеше за наводната „блискост со Трамп“, иако да ги собереш сите милитанти на МАГА, ниту еден од нив Македонија не можат да ја најде на мапата. Веднаш по пофалбите, Трамп како награда ни воспостави енормно високи царински стапки за Македонија, цели 33 отсто! Ни се случи победа на илузијата над интелигенцијата! Трамп го сака тоа или не, ќе мора пак да се сближи со ЕУ, меѓу другото и за Украина, која Трамп „ќе го решавал нели за 24 часа“?! Башка што разделбата меѓу Русија и Кина е потешка отколку да ги разделиш сијамските близначкињи.

Нам не ни требаат детски приказни за скршени јајца за „омлет“ за тие што бараат влакно во јајцето, туку „муда“ за систем и развој. Додека се бавиме со историски гробишта и се возиме во расипани возови со 50 км на час, светот стаса на 350, па и 600 км на час. А биле зад нас! Познавачи на развојот, велат дека нашата држава може да направи развоен бум ако со јавно-приватно партнерство се фокусира на три области: 1)Модерно земјоделство и сточарство; 2) Рурален и планински туризам; 3)Бањски туризам. Имаме голем број празни села кои со малку вложување и добра организација можат да се претворат во одличен целогодишен туризам со одличен профит. Австрија со „воздушна бања“ има речиси ист профит од туризмот како Италија, која е опкружена со море. Сето тоа пропратена со силна реклама, организирани ефтини транспорти, чартер летови итн. Со тоа и профитот ќе останеше дома за разлика од странските инвестиции. А ние создадовме пекол, а во пеколот ѓаволот е позитивен лик.

Тајван е колку Македонија со територија, а издржува 25 милиони луѓе со пет пати повисок стандард од нашиот! Израел исто така, иако е 60 отсто пустина! Значи нешто ептен сериозно фали кај нас. Ние мора да се запрашаме што впрочем се случува со нас и тоа години назад. Особено кога не надминаа и соседни држави кои биле 30 години зад нас (Бугарија, Романија, Албанија). Многу понапред отиде Црна Гора која стана држава во 2006 година, и Косово во 2008 година! Ние создадовме пекол, кај што ѓаволот е позитивна фигура. Станавме општество каде што едни едвај преживуваат со своите десет прсти, а други уживаат рајски живот со нивните два прста. Дури се гордееме со држава што секој нормален би се срамел. Барем докажуваме дека не постои таков човек во планетата што може да направо толкав криминал колку што ние знаеме да простиме!

Мерсел Биљали

  

Најново

Променливо облачно и нестабилно

Sase Ivanovski

Силниот земјотрес го „разбуди“ Мраморното Море

Sase Ivanovski

Песков за „Ле Поинт“: Мир е можен доколку Киев се повлече од териториите под руска контрола

Sase Ivanovski

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Sase Ivanovski

Карлос Сантана итно префрлен во болница

Sase Ivanovski

Бела куќа: Зеленски се движи во погрешна насока во однос на мировните преговори

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа на „Рекорд“, дошле екипи на Итната помош

Sase Ivanovski

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Sase Ivanovski

ММФ: Глобалниот јавен долг може да стане двојно поголем од вредноста на сите произведени стоки и услуги

Sase Ivanovski

Ивановиќ: Ако петтемина пратеници на Таравари ја напуштат власта, не би направиле потрес

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Моментот кога се обидоа да го апсат Додик во источно Сараево

Sase Ivanovski

Снопче: Кога Мицкоски ќе каже дека местото на Алијанса не е во Владата, ние веднаш ќе излеземе

Sase Ivanovski

На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот, директорот вели дека не доаѓале на работа

Sase Ivanovski

ЕУ не се откажува од партнерството со САД

Sase Ivanovski

Тензии во источно Сараево – тешко вооружени специјалци го чуваат Додик од апсење

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Проектираниот раст од 3,7 oтсто е реален

Sase Ivanovski

Норвешка туристка фрапирана од лошите услови во скопската Зоолошка градина

Sase Ivanovski

Ние ќе одлучиме кога ќе му ставиме крај на насилството, вели Вучиќ

Sase Ivanovski

Стотици македонски знамиња развиени во Тирана како дел од „Неделата на македонската култура“

Sase Ivanovski

Насилник од скопско ја нападнал сопругата со тврд предмет

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали се води хајка против градоначалникот на Карпош?

Sase Ivanovski

Филипините четири дена ќе жалат за смртта на папата Франциск

Sase Ivanovski

Над 6.200 вработени во МВР денеска добиле бонус-плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАМАВИЗИЈА EП07 – Камилоска: Сакаме трето дете, и јас и Павле сме од многудетни семејства

Sase Ivanovski

Германец ќе оди во затвор 32 месеци поради неонацистички текстови на рок-музика

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со Камп, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Sase Ivanovski

Од утре ќе биде затворена една лента од автопатот на влезот во Тетово

Sase Ivanovski

Трамп го нападна Зеленски за ставот околу Крим: „Заврши ја работата, ќе ја изгубиш цела држава“

Sase Ivanovski

Евролигата го урна рекордот по гледаност: Партизан на врвот, Црвена звезда на второто место

Sase Ivanovski

Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски би било кршење на меѓународното право

Sase Ivanovski

Курти: Дадовме оставка, но нема да дозволиме институционален вакуум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелската војска нападна училиште во Газа, над 10 луѓе загинаа

Sase Ivanovski

Германија и Европа преплавени со кокаин

Sase Ivanovski

Почина затвореник од штипскиот затвор

Sase Ivanovski

Грк пријавил украден автомобил, го оставил 20 дена паркиран во Мичурин

Sase Ivanovski

Тони Михаловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, ја распнавте културата

Sase Ivanovski

Обвинителството отвори предмет за неправилен третман на пепелта од РЕК Битола

Sase Ivanovski

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

Sase Ivanovski

Секој граѓанин лани создал по 438 килограми комунален отпад

Sase Ivanovski

Девет загинати и десетици повредени во руски напад врз автобус во Украина

Sase Ivanovski

Трамп најави можен пресврт при изјава дека царините за Кина „ќе се намалат значително“

Sase Ivanovski

Царината спречи обид за шверц на парфеми од Дубаи

Sase Ivanovski

Скопјанец ќе одговара за демнење, три месеци ја следел неговата поранешна сопруга и психички ја вознемирувал

Sase Ivanovski

Во тек е акција на Јавното обвинителство и МВР за кривични дела сторени на штета на ФЗО

Sase Ivanovski

Илон Маск сигнализира значително повлекување од одделот за ефикасност по падот на профитот на Тесла

Sase Ivanovski

Телото на папата Франциск пренесено во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Sase Ivanovski

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија ќе се одржи во петок

Sase Ivanovski

Панел-дискусија по повод 30 годишнината од пристапувањето на Австрија, Финска и Шведска во ЕУ

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Sase Ivanovski

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Денес остварив средба со министерот за економија и извоз на Велика Британија Герет Томас

Sase Ivanovski

СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВУЧИЌ Дали бил употребен звучен топ?

Sase Ivanovski

ЕВЕ ЗОШТО РУБИО ГО НЕМА ВО ЛОНДОН Го налутила изјавата на Зеленски за Крим

Sase Ivanovski

ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА СО КВАЛИТЕТЕН ЌОТЕК СЕ ИЗНУДЕНИ ИСКАЗИ ПРОТИВ НЕГО „Нарачаната пресуда се темели на едно фалсификат видео и на два трагично смешни искази“, вели Палевски

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА ОД ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ Е ДОЛГА ЕДНА СТРАНИЧКА Кој ќе се откаже од територии во мировните преговори?

Sase Ivanovski

Палевски-Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Sase Ivanovski

Фетаи: Алијанса за Албанците на Таравари останува во владиниот тим, работата во извршната власт продолжува нормално

Sase Ivanovski

Абас: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Sase Ivanovski

Од страв скокнале од височина – Над 150 луѓе повредени во земјотресот во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палевски тврди дека доказите на Обвинителството се фалсификат

Sase Ivanovski

Јакимовски: Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме денес, хајката се води долго време, ме измачија

Sase Ivanovski

Трендафилов: Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, не е време за пиво и скара, туку за борба за работнички права

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

Sase Ivanovski

Меџити: Владините институции континуирано преземаат мерки против загадување на воздухот

Sase Ivanovski

 Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум” – Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

Sase Ivanovski

Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС повикуваше да го смениме Уставот за да се гордееме, со објаснување дека нема да има нови блокади – ќе се извинат ли сега?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција, таа е инструмент за оздравување на нашата држава

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на капитални проекти, директни странски инвестиции и раст на економијата, на одржлив начин ќе продолжат да растат сите плати

Sase Ivanovski

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

Sase Ivanovski

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат – стандардот на граѓаните се влошува

Sase Ivanovski

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Sase Ivanovski

До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?

Sase Ivanovski

Министерката Димитриеска-Кочоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Sase Ivanovski

Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Кривична пријава за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski
Вчитувам....