Не е лесно да си небањат во земјава овие денови. Прво Трамп доби бокс у чело во САД, ништо од црвениот бран, ништо од најавите дека ќе се кандидира за претседател, најверојатно кандидат ќе биде републиканскиот гувернер на Флорида, анти ваксерот Рон Де Сантис, особено откако моќните медиуми на милијардерот Руперт Мурдок, а тоа се телевизијата Фокс Њуз и весниците и портали Волт Стрит Џурнал и Њујорк Пост застанаа на страната на гувернерот Рон Де Сантис и жестоко го нападнаа Трамп, нешто што е шок за сите во Америка ако се знае дека Трамп беше милениче на Фокс Њуз.
Но не завршува тука тагата и кошмарот на македонските небањати, денеска украинската војска влезе во Херсон и го ослободи од Русите кои беа вчера масакрирани околу градот од Украинците. Што ли е следно што може да ги изремети македонските десничари? Ќе дојде ли и до смена на Путин во Москва откако портпаролката на Лавров побара мировни преговори?! Дали е Русија пред тотален пораз?! Тоа ќе биде катаклизма за македонските десничари, ќе одат на апарати.