Поранешниот преговарач за Брегзит од ЕУ, Мишел Барние е избран за нов премиер на Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Барние за нов премиер. Пред тоа, конзервативниот политичар работеше во различни француски влади, а беше и еврокомесар.
Пред неговиот ангажман во Брисел, Барние беше пратеник во францускиот парламент каде првпат беше избран во 1978 година, а беше и министер во владите на премиерите Едуар Баладир, Ален Жипе, Жан-Пјер Рафарин и Франсоа Фијон. Тој беше избран за пратеник во Европскиот парламент во 2009 година.