Малолетник од Кочани силувал малолетничка од Скопје со која живеел во вонбрачна заедница.
– На 19.07.2024, постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од Полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката, информираат од МВР.
Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.